Туризам со пет ѕвездички: Зошто Анталија е светска топ дестинација, омилена и на Македонците (фоторепортажа)
Рај за очи, празник за стомак, домаќини за мерак
Глобтротерите тврдат дека одмор со пет ѕвездички, ултра ол инклузив, каков што има Турција, нема никаде во светот. Рај за очи, празник за стомак, домаќини за мерак. Особено Анталија која може да се пофали дури со 300 сончеви денови во годината, сезона која трае 11 месеци, 400 километри долг морски брег и преку 3.000 хотели. Луксузот тука навистина е луксуз, не само празна клише изјава на хартија за привлекување туристи и продавање на аранжмани.

Се разликува во нијанси. Дали сакате модерен или традиционален хотел, со низа активности или мирен, семеен, со повеќе градини или базени, море веднаш до хотелот или подалеку, со автобуски превоз на секои десет минути. Дали сакате базени со обична или со морска вода, ситен или покрупен песок на плажите, да влезете во плитко или веднаш во длабоко море. Дали сакате тепсија море или море со бранови. Ултра ол инклузив тука навистина значи ултра ол инклузив. Од моментот кога влегуваш во хотелот немаш потреба и нема да потрошиш дополнителни средства. Нема скриени трошоци.

Дури и за најголемите љубители на храната и пијалоците и гастрономските уживања, како и за најтврдокорните кои се желни за ноќна забава и жедни за пијалоци, сѐ е вклучено и неограничено. Нема импровизации и сѐ функцонира совршено. Доколку најдете маана или нешто не ви е по ќеф, веднаш ќе се потрудат да го елиминираат вашето незадоволство и да го претворат во врвно задоволство и уживање. Значи, има сѐ за сечиј вкус, естетика и тип на одмор.

Има што да видите доколку не сте тип кој сака целиот одмор да го помине во еден хотел. Од историски знаменитости, археолошки остатоци (како во Сиде), екскурзии и авантури со рафтинг, сафари, офф-роуд, до модерни тематски забавни паркови, како на пример, Land of Legends , во кој поминaвме еден ден и имавме можност да се возиме на 65-метарскиот хиперкостер , тобогани, базени, бескрајна забава за деца и за возрасни, мали плоштади со аниматори, шопинг улица со познати брендови, ресторани и пабови со келнери кои служат на ролерки- цел еден наменски изграден град.

Легендарен „изум“ во легендарна област , а се протега на огромно пространство и невозможно е да видите и доживеете се за еден ден.
Во повеќето хотели, ѕидовите ги красат плочи со ликот и мудрите мисли на Кемал Ататурк.

За време на својот живот, таткото на модерна Турција и нејзин прв претседател, три пати ја посетил Анталија. Првиот пат во 1930 година и тогаш изјавил „Без сомнение, Анталија е најубавото место на земјата“. Во сеќавање на големиот вљубеник во Анталија големата куќа во која престојувал за време на неговите посети од 1986 година е претворена во спомен – куќа. Во двокатната куќа лоцирана близу стариот град, на работ од паркот Каралиоглу, може да се видат фотографии од неговите посети на градот, соба со лични предмети на Ататурк, како и спомен монети и банкноти.

Тоа се само дел од причините зошто Анталија е топ туристичка дестинација меѓу домашните туристи и светска топ дестинација во глобални рамки. Со години популарна кај Русите, годинава, омилена меѓу Германците и гостите од Скандинавија, Англија, земјите од поранешна Југославија. Минатата година, Анталија ја посетиле 13,8 милиони туристи, а годинава се очекува таа бројка да биде во пораст, и тоа двојно.

Домаќини како Турците речиси и да нема, тие на најубав начин знаат да ги пречекаат своите гости/туристи. „Независен“ беше дел од седумдневната инфо тура на туристичката агенција „Фибула“ во Анталија, составена од колегите од други медиуми, и најубавите инфлуенсерки и блогерки.

Токму, во мај, кога температурата се движи меѓу 24 до триесет степени, со 40 отсто влажност, наспроти топлотниот африкански бран кој знае да ја зафати Анталија во јули и во август па температурата може да достигне и до 50 степени, а има еден и ден во годината кога температурата на морето оди и до 42 степени. Затоа на плажите нема чадори туку тенди, а сите хотелски барови нудат дебели сенки во кои туристите уживаат со студен пијалок. Летната сезона започнува во април и трае до крајот на ноември.

„Фибула“ нуди повеќе од 400 хотели низ целата област, а ние посетивме 25 хотели (Кемер, Белек, Сиде), престојувавме во три, и покрај луксузниот „замор“ и пречек со цвеќе за дамите, шампањско и јагоди, со пијано, виолина или поп-денс, сега имаме милион впечатоци, доживувања, на тони смеење, спомени, анегдоти и еден светски снимен клип за хотел, објавен на Инстаграм профилот на „Фибула“.

Од авион, на плажа
Нашата група леташе со чартер лет на „Фибула“ до Анталија на 10 мај, по полноќ. Чартер летовите почнаа од 23 април, а од јуни ќе летаат речиси секој ден. Како што ни објасни еден од водичите од „Фибула“, Виктор, кој не придружуваше од Скопје, покрај Фатмир, кој не пречека во Анталија, по короната, туризмот е во експанзија, и не е проблем да најдете слободен хотел во Анталија, туку место на чартер летот од Скопје, кој е полн уште од ноември, за следната година.
По само два часа лет, во раните утрински часови, ни беше јасно дека нè чекаат убави седум дена во Анталија. Сонце, топло време, наместо студено и дождливо време, кои ги оставивме во Скопје, професионалност, врвна услуга, ентузијазам, позитивна енергија на домаќините и меѓу групата.

Посетата на луксузните хотели во Анталија ја почнавме од Кемер, сместен во подножјето на планината Таурус, 40 километри западно од Анталија, комбинација од планини, борова шума, кристално чисто море и камчести плажи. Посетивме осум хотели, a бевме сместени две ноќи во Mirage Park. Тоа беа: Queens Park Goynuk, Sevenseas Otium Life, Amarapremier Palace, Grand Ring, Dosinia Luxury, Gypsophilla Marine, Akka Antedon, Sealife Family Resort, Delphin Be Grand Resort, Miracle Resort и Royal Seginus.

Во Белек, кој се наоѓа на 36 километри од аеродромот во Анталија, по плажата Лара во Кунду, се сместени над 30 луксузни хотели со пет ѕвездички. Се одликува со густи борови шуми, со долги песочни плажи, тиркизно море. Посетивме осум хотели, а три вечери, бевме сместени во хотелот Pine Beach, нашиот фаворит за вистински одмор- непретенциозен луксуз. Toa беа: Megasaray Club Belek, Kaya Palazzo Resort, Susesi Luxury Resort, Siam Elegance Hotels, Crystal Waterworld и Kirman Belazur , како и забавниот парк Land od Legend.

На крај од инфо турата, го посетивме Сиде, спој на модерно и древно време, еден од најпознатите антички градови во Турција, и културно наследство кое датира од 2.000 години пред нашата ера, оддалечен 75 километри од аеродромот во Анталија. Потсетуваше на наш Охрид, само на море. Многу посетуван од семејствата со деца, поради плиткото море и најситниот песок на плажите. Посетивме шест хотели, а една вечер бевме сместени во Terrace Elite, препознатлив по топлината и органската храна. Тоа беа: Terrace Beach, Bosphorus Sorgun, Narcia Resort, Tui Blue Xanthe и Well Palace.

Таква е целата Анталија. Полна со топлина, што од сонцето, што од гостопримливоста. А најсладок е предизвикот самите да ги откриете убавините и совршениот одмор, се разбира, заедно со туристичката агенција „Фибула“.