„Мајкрософт“ купува речиси четири отсто од акциите на Лондонската берза


  Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ денеска објави 10-годишно партнерство со Лондонската берза и ќе купи приближно четири отсто од акциите на операторот на Лондонската берза, конзорциумот Блекстоун/Томсон Ројтерс. Како што јави ДПА, во рамки на зделката договорено е извршниот потпретседател на „Мајкрософт“ Скот Гатри да се приклучи на одборот на директори. Договорот е дел од …

„Мајкрософт“ купува речиси четири отсто од акциите на Лондонската берза Read More »

ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2.300 работни места од почетокот на годинава


Над 2.300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ. Позитивниот тренд на раст од почетокот …

ТИРЗ: Рекорден извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2.300 работни места од почетокот на годинава Read More »

До крајот на месецот сите работници мора да добијат К-15


На сите работници до крајот на месецот мора да им се исплати К-15 кој изнесува од 12.740 до 35.000 денари. Фирмите кои нема да исплатат ќе се соочат со високи казни. Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж …

До крајот на месецот сите работници мора да добијат К-15 Read More »

Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023, тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, вели Ковачевски


Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023 година и тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, консултациите ќе продолжат и во иднина, открива премиерот Димитар Ковачевски за МИА. Во интервјуто за МИА, премиерот појаснува дека одлуката за укинување на прогресивниот данок којшто требаше да стапи на сила од 1 јануари е …

Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023, тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, вели Ковачевски Read More »

ТИРЗ: Највисоко ниво на извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2 300 работни места од почетокот на годинава


Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) бележи зголемување на работните места во компаниите за 17 проценти, позитивен тренд на раст е забележан и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра, додека за оваа година регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра. – Над 2 300 нови …

ТИРЗ: Највисоко ниво на извоз од 3,5 милијарди евра и нови 2 300 работни места од почетокот на годинава Read More »

Изграден нов бетонски канал кон хидроцентралата Врбен на местото на стариот канал од ’50тите години, урнат во свлечиште


Воспоставен е протокот на водите низ новиот бетонскиот канал кон хидроелектраната Врбен, изграден по уривањето на стариот, предизвикано од лизгање земјиштето на тешко достапен терен кон крајот на септември. Како што соопшти АД ЕСМ, низ каналот веќе се пуштаат водите од трите најголеми зафати од доводот Горна Радика. Завршени се и земјените работи околу поставување …

Изграден нов бетонски канал кон хидроцентралата Врбен на местото на стариот канал од ’50тите години, урнат во свлечиште Read More »

Македонија меѓу земјите со најевтин бензин и дизел – Список на европските држави и цените на горивата


По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Можеби ова е и причината што голем број на граѓани од Албанија, Грција, Србија и Бугарија кои се во близина на граничните премини ги запоседнаа нашите бензински пумпи. Линк до целиот текст тука

Ковачевски: Од буџетот очекувам резултати и ќе инсистирам да ги има


Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, порачува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Ковачевски вели дека Предлог-буџетот не само што е реален, туку е и рационален и …

Ковачевски: Од буџетот очекувам резултати и ќе инсистирам да ги има Read More »

Владата на затворена седница ќе одлучува за цената на електрична енергија


Владата во следниот период на затворена седница ќе одлучува за цената на електрична енергија произведена од АД ЕСМ која е само една компонента што влегува во крајната цена на струјата што ќе ја плаќаат граѓаните следната година. Советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов денеска на прес-конференција рече дека според информациите со кои располага, АД ЕСМ …

Владата на затворена седница ќе одлучува за цената на електрична енергија Read More »

„Визер“ ги укинува летовите до Турку, Торино, Билунд и Фридрихсхафен


Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да лета на линии од Скопје и Охрид до четири европски града, објави exyuaviation.com. Нискобуџетната авиокомпанија ќе ги прекине операциите од својата база во Скопје до Турку, Торино и Билунд. Според тоа, Македонија повеќе нема да има редовна авиолинија до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека …

„Визер“ ги укинува летовите до Турку, Торино, Билунд и Фридрихсхафен Read More »

Бизнисот порачува: Не е време за нови даноци


 Посегнување по нови даноци не е решение, бидејќи ќе биде уште поголем притисок за стопанството во услови кога тоа е изложено на негативите последици предизвикани од енергетската криза и другите негативни економски случувања, истакна Михајло Евросимовски, член на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори на Македонија на регионалната конференција „Гледајќи кон утре“ организирана од …

Бизнисот порачува: Не е време за нови даноци Read More »

Унгарија шампион по инфлација во ЕУ, руската пропаганда остана „без заби“


Унгарија го презеде водството и веќе е земја со најголема инфлација во Европската унија – дури 23,1% на годишна основа во ноември. Ова стана јасно од официјалните податоци на унгарскиот Централен завод за статистика, објавени на 8 декември. Најмногу се зголемени цените на енергијата (вклучувајќи го природниот гас и електричната енергија) (66%), по што следат …

Унгарија шампион по инфлација во ЕУ, руската пропаганда остана „без заби“ Read More »

БРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена


За само два дена стручните лица во БРАКО подготвија и испорачаа вкупно 14 возила, од кои по 6 во Обединетото Кралство и САД и по едно во Полска и Хрватска. Клиентите во Англија, во Калифорнија во САД и во двете други европски држави го збогатија и обновија возниот парк за одржување хигиена на надворешни површини …

БРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена Read More »

Кога ќе дојде големиот бран намалувања на цените?


Околу 200 компании од прехранбената индустрија од први декември користат екстра-ефтина електрична енергија која е и до пет пати поевтина од берзанската, а субвенцијата ја дава Владата со цел да се намали цената на основните прехранбени продукти. Деновиве е забележано намалување на цените на голем број производи од познати брендови како на пример, лебот, маслото, …

Кога ќе дојде големиот бран намалувања на цените? Read More »

Бранко Азески заминал во странство поради здравствени причини


Стопанската комора на Северна Македонија информира дека претседателот на Комората Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години. – Поради шпекулациите кои се појавија во јавноста, Стопанската комора на Северна Македонија ве известува дека претседателот на СКСМ, Бранко Азески, моментално се наоѓа во …

Бранко Азески заминал во странство поради здравствени причини Read More »

В понеделник завршува амандманската расправа по Предлог-буџетот


  Собраниската комисија за финансирање и буџет вечерва ја прекина амадманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година и продолжението го закажа за понеделник. Денешниот, шести ден од амандманската расправа, помина во разгледување на амандмани од кои повеќето се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и на водоснабдителни системи. Министерството за финансии прифати неколку …

В понеделник завршува амандманската расправа по Предлог-буџетот Read More »

Американски „Ривиан“ отвори технолошки центар во Белград


  Американскиот производител на електрични автомобили „Ривиан“ отвори технолошки центар во Белград каде ќе бидат вработени 200 инженери. Васим Бенсаид, постар потпретседател за развој на софтвер на „Ривиан“, им се заблагодари за поддршката што ја добија кога пристигнаа во Србија и истакна дека софтверот е суштината на искуството што компанијата им го нуди на клиентите. …

Американски „Ривиан“ отвори технолошки центар во Белград Read More »

„Фолксваген“ ја одложи одлуката за локацијата на фабриката во Источна Европа


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (VW) ја одложи одлуката за локацијата на новата гигафабрика за батерии за електрични автомобили во Источна Европа поради енергетската криза и високата инфлација. Компанијата претходно објави дека планира да изгради шест фабрики за батерии низ Европа кои ќе започнат со работа до 2030 година со капацитет од дури 240 GWh …

„Фолксваген“ ја одложи одлуката за локацијата на фабриката во Источна Европа Read More »

Почнаа дебатите за воведување на данок за екстра профит


  Министерството за финансии почнува дебата за иницијативата за воведување данок на екстра профит. За таа цел, како што соопштија од МФ, денеска министерот Фатмир Бесими одржа средба со бизнис заедницата. На средбата присуствуваа претставници од најголемите стопански комори, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Македонската банкарска …

Почнаа дебатите за воведување на данок за екстра профит Read More »

Македонија ќе добие бесплатен пристап на пристаништето Порто Романо во Драч


Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете …

Македонија ќе добие бесплатен пристап на пристаништето Порто Романо во Драч Read More »