„Мајкрософт“ купува речиси четири отсто од акциите на Лондонската берза


 

Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ денеска објави 10-годишно партнерство со Лондонската берза и ќе купи приближно четири отсто од акциите на операторот на Лондонската берза, конзорциумот Блекстоун/Томсон Ројтерс.

Како што јави ДПА, во рамки на зделката договорено е извршниот потпретседател на „Мајкрософт“ Скот Гатри да се приклучи на одборот на директори.

Договорот е дел од 10-годишното партнерство фокусирано на аналитика на податоци и облак инфраструктура што може да му донесе на „Мајкрософт“ дури 2,8 милијарди долари.

Од Лондонската берза посочија дека планот ќе ги поткрепи програмите за развој на производи и ќе му овозможи да развие апликации за да постигне поголема брзина на пазарот и поширока база на клиенти. Аквизицијата е предмет на регулаторно одобрување и се очекува да биде затворена во првиот квартал на 2023 година.