„Германија не е болниот човек на Европа; туку уморен човек, кому му треба кафе“


  Германскиот министер за финансии ги отфрли сугестиите дека неговата земја повторно стана „болен човек“ на Европа. Само е малку уморен и има потреба од „шолја кафе“, рече тој во петокот. Долго време како мотор на растот во Европа, германската економија се намали минатата година за 0,3%, веројатно најслабото остварување меѓу големите земји во регионот. […]

Договорот меѓу „Ериксон ен-те“ и Телеком Косово е вреден 15 милиони евра


Со потпишување на рамковен повеќегодишен договор вреден 15 милиони евра, Телеком Косово и „Ериксон Никола Тесла“ ја продолжуваат соработката за модернизација и одржување на радио мрежата на косовскиот оператор, објави во петокот „Ериксон ен-те“. Договорот вклучува воведување на најнапредната Ericsson 5G опрема во радио делот на мрежата Телеком Косово. Претседателката на „Ериксон ен-те“ Гордана Ковачевиќ […]

Реџепи: Регионот ја преживеа енергетската криза, пливаме во многу помирни и постабилни води


 Енергетскиот сектор е во многу постабилна состојба, регионот ја преживеа енергетската криза и сега веќе пловиме во помирни води со стабилизирани цени, истакнува за МИА извршниот директор на „Номагас“ Бајрам Реџепи, по неговото учество на министерскиот состанок на Групата на високо ниво за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), што денеска и утре […]

Отпуштени се 1.500 луѓе поради слабо познавање на германскиот јазик


Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно добро германски. Имено, на почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист. Ова го потврди и […]

Лагард: Економијата е на пат кон нормализирање


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, на Светскиот економски форум во Давос, во рамки на дебатата „Глобални економски перспективи“, изјави дека светската економија ќе биде на пат кон нормализација до крајот на 2023 година.  Таа нагласи дека глобалната потрошувачка повеќе не е силен двигател на економскиот раст како порано. „Периодот пред 2023 година […]

Минатата година преку криптовалути биле испрани над 24 милијарди долари 


Криптовалутите во вредност од над 24 милијарди долари беа испратени на нелегални адреси во 2023 година, што претставува 0,34 отсто од вкупниот обем на трансакции, процени компанијата за блокчејн Chainalysis во својот годишен извештај за трендовите на крипто криминалот. Бројката е речиси 40 отсто помала од онаа од 2022 година, но е само привремена. Вкупниот […]

Се создава нова светска асоцијација на бродари


Германски „Хапаг-Лојд“ (Hapag-Lloyd)и дански „Маерск“ најавија формирање на нов логистички сојуз на почетокот на 2025 година. Алијансата „Џемини кооперејшн“ (Gemini Cooperation) ќе вклучува 290 бродови со вкупен капацитет од 3,4 милиони контејнери (TEU), при што „Маерск“ ќе обезбеди 60 отсто, а „Хапаг-Лојд“ остатокот. Според договорот, „Хапаг-Лојд“ ќе ја напушти бродската алијанса „THE Alliance“ на крајот […]

Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех ̶ ценовна и финансиска стабилност


Централните банки успеаја да надминат еден од најголемите стрес-тестови и успешно да влијаат кон намалување на инфлациските стапки и одржување на финансиската стабилност. Изминативе две години, централните банки ширум светот го спроведоа најусогласеното и најагресивното затегнување на монетарната политика во изминатиот половина век. Промените во монетарната  политика беа соодветно поставени и комбинирани со макропрудентни мерки, […]

ЕУ забранува плаќање во готовина на повеќе од 10.000 евра


Во ЕУ во иднина ќе бидат забранети готовинските плаќања од над 10.000 евра – ова е мерка договорена од Европскиот парламент и земјите членки со цел да се спротивстави на перењето пари, пренесува онлајн изданието на германски „Шпигел“. Трговците на мало на луксузни стоки, исто така, ќе треба да го потврдат идентитетот на клиентите и […]

Директорот на најголемата банка во САД доби бонус од 36 милиони долари


ЏП Морган Чејс, (JPMorgan Chase) ја зголеми компензацијата на извршниот директор Џејми Дајмон откако заемодавачот заработи повеќе пари во 2023 година од која било американска банка досега. Надоместокот на Димон за 2023 година се зголеми на 36 милиони долари од 34,5 милиони долари во 2022 година, соопшти банката во регулаторното поднесување во четвртокот. Износот за […]

Дали е можно намалување на каматните стапки. Еве од што ќе зависи


Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески. Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, […]

Во Европската Унија во 2022 година, во просек по 560 автомобили на 1.000 жители


Во Европската Унија во 2022 година во просек имало 560 автомобили на 1.000 жители, а просечниот број на автомобили по жител се зголемил за 14,3 отсто од 2012 до 2022 година, објави Евростат на својата веб-страница. На листата предничи Италија со 684 автомобили на 1.000 граѓани, потоа Луксембург со 678 возила, Финска со 661 возило […]

„Тесла“ повеќе се судира од автомобилите на класичен погон. Еве зошто


  „Херц“ неодамна објави дека продава 20.000 електрични автомобили од својот возен парк и ги заменува со возила на бензин. Една од причините што компанијата ја наведе е тоа што возачите постојано ги удираат автомобилите, објави Си-Ен-Ен. Извршниот директор на „Херц“, Стивен Шер, истакна дека трошоците за поправка на електрично возило се исто така многу […]

СТО: Транспортот на пченица преку Суецкиот канал е намален за речиси 40 отсто


Во првата половина на јануари преку Суецкиот канал е транспортирана само половина тон пченица, што е за 40 отсто помалку од претходно, објави Светската трговска организација. Причина за намалувањето на количината на жито што се транспортира по оваа рута се честите напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот залив. Податоците се засноваат […]

Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш


Директорот на Царина Стефан Богоев во емисијана МРТ1 посочи дека со Меморандумот за признавање на белешките од мерење на царинските терминали, т.н. кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија, од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, а со тоа ќе заштедат и […]

Повеќе од 60 водечки економисти песимисти : Годината ќе биде неизвесна, економиите ќе ослабат


Оваа 2024 година веројатно ќе биде бурна година за глобалната економија бидејќи економскиот раст забавува и геополитичките тензии растат ширум светот, покажа анкетата на Светскиот економски форум (СЕФ), како што објави Бизнис инсајдер. СЕФ анкетираше повеќе од 60 водечки економисти пред годишниот состанок во швајцарскиот ски-центар Давос оваа недела. Повеќе од половина од испитаниците рекоа […]

Во Владата ќе биде потпишан договор за изградба на четири системи за наводнување


Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за избор на консултант за изградба на четири системи за наводнување. Договорот ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставник на консултантската компанија. На настанот ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Нов пад на Волстрит. Меѓу губитниците се „Амазон“, „Алфабет“, „Тесла“…


Вчера на Волстрит берзанските индекси паднаа втор ден по ред, бидејќи по новите економски показатели, надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки уште во март дополнително ослабна. Дау Џонс загуби 0,25 отсто, на 37.266 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,56 отсто, на 4.739 поени, а индексот […]

Се затвора швајцарска фабрика за соларни панели во Германија – ѝ пресудија кинеските


Швајцарскиот производител на соларни панели Мејер Бургер планира да ја затвори својата фабрика во Фрајберг во германската покраина Саксонија.500 работни места се погодени од затворањето.Мејер Бургер ги објави плановите во средата. Следствено, најголемото европско производство на соларни панели би можело да биде затворено веќе во април 2024 година. Според германските медиуми, 500 работници сега мора […]

Ова се најдобрите земји за пензионери: За малку пари нудат речиси сè


Посреќните македонски пензионери, чии пензии се малку повисоки, би можеле да го зголемат својот животен стандард со преселба во една од земјите кои се познати како пензионерски рај. Веќе многу години, списанието International Living создава меѓународен индекс за пензионирање и ги промовира најдобрите земји за пензионирање. При пресметувањето на индексот не се запазени само трошоците […]