Огромна инвестиција на Мајкрософт за развој на центар за вештачка интелигенција во Германија


Мајкрософт планира да инвестира речиси 3,5 милијарди долари во Германија во следните две години за да го прошири капацитетот на центрите за податоци за апликации за вештачка интелигенција (ВИ) и компјутери во облак, објави извршниот директор на Мајкрософт, Бред Смит.

Најголемата поединечна инвестиција во 40-годишната историја на Мајкрософт во Германија вклучува и програма за обука за вештачка интелигенција која има за цел да достигне 1,2 милиони луѓе, рече Смит вчера за време на разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Средствата првенствено ќе бидат насочени кон западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде што Мајкрософт планира да изгради нов регион за облак компјутери, дознава ДПА.

Компанијата се стреми да биде блиску до водечките потрошувачи како што се фармацевтската компанија Баер и енергетскиот гигант РВЕ со цел да се минимизира латентноста на податоците помеѓу центрите за податоци и апликациите.