Нашето економско чудо не е можно без ЕУ


Поставени се структурно и системски решенија за нашата земја да чекори кон ЕУ. Важно е граѓаните да знаат што значи да се за ЕУ и што значи да се двоумат за таа опција, бидејќи, членството во ЕУ е клучно за раст на земјата како мала и отворена економија. Нашето економско чудо е можно само кога […]

Годинава ќе бидеме независни во снабдувањето со енергија од источните земји


Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна […]

ММФ: Македонската економија се опоравува – мора да се намали емиграцијата


Македонската економија бележи опоравување по зголемувањето на цените на храната и енергенсите предизвикани од руската војна во Украина. Економската активност во 2023 година беше придвижувана од значителниот извоз како и од намалениот увоз на енергија и таа се движи во насока на зајакнување во 2024 година, оценуваат од Меѓународниот монетарен фонд во соопштение откако Извршниот […]

Австралија ја укина „златната виза“ за богатите инвеститори од странство


Австралија ја укина „златната виза“ која им овозможуваше на богатите инвеститори од странство да живеат во земјата, а главната причина е што таа била злоупотребена од корумпирани функционери. Оваа програма беше осмислена за да привлече странски инвестиции, а е отфрлена откако австралиската влада, по повеќекратни контроли, утврди дека не постигнува задоволителни економски резултати, јави Би-Би-Си. […]

До 29 февруари продолжени замрзнатите цени


Владата одлучи ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи да го продолжи до крајот на февруари. Според последната одлука, тоа требаше да заврши на крајот на овој месец.  Повеќе мерки донесе Владата синоќа на 222-та владина седница: Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари; Утврдени […]

Од март се отвора пазарот за трудот во земјите од Отворен Балкан


Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за […]

Американскиот регулатор бара проверка на резервните врати на старите модели на „Боинг“


Американски регулатор побара од авиокомпаниите темелно да ги проверат резервните врати на постарите верзии на авионите „Боинг 737“ откако авион „Боинг 737 MAX 9“ беше принуден да слета и беше повлечен од сервис поради проблеми со резервните врати. Федералната управа за авијација (FAA) препорача синоќа превозниците да ги проверат резервните врати за итна евакуација на […]

Синдикалната минимална кошница поскапе 641 денар, за јануари е 57.163 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56.522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72.538 денари што е 566 денари повеќе […]

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ повисоки за еден и пол денар


Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден и пол денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 78 […]

ЕОС Матрикс: ЕСГ стандардите ќе помогнат за развој и на компаниите и на заедницата


Преку инвестиции во иновации, континуирана едукација и креирање на проекти од интерес на компанијата и на заедницата се создаваат услови за одржлив развој според ЕСГ стандардите. ЕОС Матрикс Македонија постојано работи на имплементација и надоградување на ЕСГ стандардите во чии рамки се одвиваат сите активности во компанијата. Унапредување на бизнисот со побарувања, создавањето на одржливи […]

Аеродромите во Скопје и во Охрид лани опслужиле 3,15 милиони патници, за 33 отсто повеќе од 2022 година


Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, бележат 33 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година, додека споредено со истиот период во 2019 година, порастот е 18 проценти. Од ТАВ Аеродроми денеска соопштија дека Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот […]

Софија и Атина ќе бараат помош од ЕУ и НАТО за инфраструктурни проекти, меѓу кои и за Коридорот 8


Бугарија и Грција најавија дека ќе бараат финансиска помош „од сите можни меѓународни извори“, вклучително и од ЕУ и НАТО, за зајакнување и подобрување на меѓусебните транспортните врски.   Проектите, меѓу другите, вклучуваат изградба на Паневропскиот транспортен коридор 8, кој ги поврзува албанското пристаниште Драч со бугарското Варна и минува и низ земјава, како и […]

Вработени во ,,Еуроникел” ќе поднесат барање за стечај во фабриката


Вработени во ,,Еуроникел индустри” денеска ќе поднесат барање за стечај во фабриката, барајќи обесштетување,  да им бидат исплатени три неисплатени плати.  Оваа информација ја потврдија за МИА претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов и претседателот на оваа синдикална организација во ,,Еуроникел индустри”, Миле Ѓорѓиев.  – Барањето ќе биде поднесено во судот […]

Испораките на нафта од Саудиска Арабија и Ирак за Европа доцнат поради тензиите во Црвеното Море


Испораките на нафта од Саудиска Арабија и Ирак до Европа, во вкупна вредност од речиси девет милиони барели, се соочуваат со одложувања бидејќи танкерите се принудени да ја пренасочат рутата поради ескалацијата на тензиите во Црвеното Море, објави Блумберг, цитирајќи податоци за следење на бродови, пренесува СЕЕбиз. Според извештајот, седум бродови, кои претходно овој месец […]

Германските машиновозачи најавија нов штрајк, кој ќе трае со денови


Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ денеска соопшти дека ги повикал вработените во државната компанија Дојче Бан (ДБ) на нов повеќедневен штрајк. Штрајкот ќе започне во 2 часот наутро во среда и ќе продолжи до 18 часот во понеделник следната недела, се вели во соопштението на ГДЛ објавено во понеделникот во раните утрински часови. Во вторник […]

Спас за вашите финансии: Дали го знаете правилото 50/30/20?


Добар начин да управувате со вашите финансии е правилото 50/30/20. Идејата е да го поделите вашиот приход во три категории, трошејќи 50% на потреби, 30% на желби и 20% на заштеди. 50% за потребите Вашите потреби обично се ваши трошоци за живот и треба да сочинуваат 50% од вашиот приход по оданочување. Потребите се работи […]

Потврда од ММФ за фискалните политики, одобрен прегледот на ПЛЛ програмата


РС Македонија  со силна посветеност на остварувањето на амбициозната реформска агенда ја задржа макроекономската и финансиската стабилност, ги оствари сите поставени цели и според Мисијата на ММФ, продолжува да ги исполнува критериумите за пристап до ПЛЛ програмата (Линија за претпазливост и ликвидност) на Меѓународниот монетарен фонд, која се доделува само на економии кои имаат здрави […]

Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари


Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2024 година е 1 февруари 2024 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, согласно условите и критериумите на јавниот повик.  Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 […]

Мајкрософт нападнат од руска хакерска група


Вашингтон – Mајкрософт вчера објави дека група спонзорирана од Русија на 12 јануари упаднала во нејзините корпоративни системи и украла некои мејлови и документи од сметките на нејзините вработени.  Американската компанија соопшти дека руската хакерска група можела да пристапи само до „многу мал процент“ од корпоративните сметки за е-пошта на Мајкрософт, вклучувајќи ги членовите на […]

Волстрит: Индексот СиП 500 се искачи на највисокото ниво во историјата


  Индексот СиП 500 (S&P 500) во петокот се искачи на највисокото ниво на сите времиња, бидејќи инвеститорите се вратија на купување акции што беа во последниве денови по краткиот пад на пазарот на почетокот на новата година. СиП 500 порасна за 1,1 отсто, надминувајќи го претходниот дневен рекорд од 4.818,62 поени, кој беше поставен […]