Масовни отпуштања во „Амазон“, „Гугл“, „Дуолинго“, Дискорд“…


„Амазон“  ги објави плановите за отпуштање на „неколку стотини“ вработени во своите оддели Prime Video и MGM Studios, откако ги разгледа „речиси секој аспект“ од работењето на компанијата, според меморандумот што го доби „Форбс“ од постариот потпретседател на Prime Video, Мајк Хопкинс. Според „Форбс“, акциите на „Амазон“ пораснаа за 2 отсто на годишно ниво, до […]

Тутунарите бараат најдобриот тутун да се плаќа поскапо


  БИТОЛА – Отпорот на тутунарите да не го предаваат тутунот по цена пониска од 600 денари за килограм, не успева, па дел од нив веќе го однеле родот на ценење. Откупот тече за просечна цена од околу 330 денари за килограм. Некои компании прва класа од тутунот ја откупуваат најмногу до 335 денари за […]

ТИРЗ и ИФЦ ќе им помагаат на домашните компании да станат добавувачи кај странските фирми


Домашни средни и големи компании имаат можност да ги засилат своите извозни капацитети, да станат поконкурентни, но и значително да ги подобрат перформансите за да бидат ангажирани како добавувачи од странските инвеститори во зоните. За тоа ќе добијат помош во вид на советодавни услуги од реномирани експерти, како и од меѓународни и локални консултанти, доколку […]

ЕУ: Европските компании губат милијарди на фалсификувани производи


Европските производители на облека, козметика и играчки годишно губат околу 16 милијарди евра приход поради фалсификување, а околу 200.000 работни места се изгубени, утврди Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (EUIPO). „Фалсификуваните производи имаат реални трошоци – за потрошувачите, за брендовите и за нашите економии. Најновото истражување ги покажува многу реалните трошоци, изразени во падот […]

Со грант од Шпанија ќе се прави студија за пловечки фотоволтаици – да не поскапи водата за наводнување


Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе изготувува студија за поставување пловечки фотоволтаици. Целта е да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици и да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците. Договорот за грантот го потпишаа денеска министерот за […]

Цените на гасот во Европа на најниско ниво во повеќе од две години


Цените на природниот гас во Европа во вторникот се стабилизираа на најниско ниво за повеќе од две години благодарение на обилните резерви и благата зима Во вторникот наутро, мегават час гас со рок на испорака од еден месец изнесуваше 29,7 евра на референтната холандска дигитална платформа. Во понеделникот падна под нивото од 30 евра за […]

Народна банка: Постојано ги зајакнуваме капацитетите за откривање фалсификувани пари


Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари. – Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои вршејќи […]

Дигитализацијата создава нови работни места во технологијата, потребата за овие вештини се зголемува


Речиси половина (45 проценти) од индустриските компании веруваат дека дигитализацијата ќе биде главниот двигател за создавање работни места во оперативната технологија (ОТ) во следните три години, според новото истражување на Schneider Electric, еден од лидерите во дигиталната трансформација на управувањето со енергијата. и автоматизација. Главното откритие од истражувањето е степенот на глобалната криза на вештини […]

Потпишување договор за техничка студија за пловечки фотоволтаични постројки (во живо)


Изјава за медиуми на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по потпишување на договорот за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување.  

ЕУ предупредува на зголемување на инфлацијата поради нападите во Црвено Море


Брисел – Комесарот за економија на Европска Унија, Паоло Џентилони денеска предупреди дека насилството во Црвено Море, предизвикано од нападите на Хутите, може да ги зголеми цените на енергијата и да ја зголеми инфлацијата во ЕУ. – Знаеме дека ја започнуваме оваа година со слаб раст, со некои добри вести на пазарот на трудот, но […]

Бројот на несреќи при работа останува висок, се работи на зголемување на свеста кај работниците и работодавците


Минатата година, на работно место загинале 17 лица, информираше денеска Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа. Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога […]

Бугарија ќе распредели 70 милиони лева од приходите на „Лукоил“ на ранливите групи


Руската компаниија „Лукоил“ наскоро треба да уплати близу 70 милиони лева во бугарскиот државен буџет. Тие пари ќе значат старт на државните програми за компензирање на транспортните трошоци на населението, односно овие пари ќе се распределат меѓу семејства со деца од ранливите групи, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Всушност, станува збор за разликата во цената меѓу руската […]

Полска ќе престане да произведува електрична енергија од јаглен


Полска планира да одреди краен датум за исклучување на јагленот од производството на енергија, изјави денеска државниот секретар за клима Уршула Зиелинска, сигнализирајќи пресврт во енергетската политика. Изборите во октомври ставија крај на осумгодишното владеење на полската партија Право и правда (ПиС), а новата влада на премиерот Доналд Туск се повеќе се залага за заштита […]

Малите фирми недоволно видливи, Комората формира Центар за нивна поддршка


Малите фирми кои вработуваат скоро 70 отсто од работната сила во земјава се несериозно артикулирани во домашната економија и недоволно гласни. Ако сакаат да станат конкурентни и да играт позначајна улога, мора постојано да се надградуваат, да растат, да го зголемуваат бројот на услугите и да оставруваат поголем профит. Тие се поттикнувачи на воведување иновативни […]

Нема законски утврден минимален износ за регресот за годишен одмор


Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска на денешниот брифинг со новинарите рече дека досега од медиумите не примила поплака во врска со исплатата на регресот за годишен одмор, а првата пријава според која постапиле е од националниот сервис. Томовска посочи дека во делот на претставките кои ги добиваат за годишен регрес, веќе има намалување […]

Стопанска комора: Изборите најмалку пет месеци ќе ја блокираат економијата


Претстојните избори ќе ја блокираат домашната економска активност најмалку пет месеци. И оние малку пари што доаѓаа од државниот буџет кон стопанството, ќе бидат ставени под знак прашање. Фондовите ќе бидат практично нефункционални барем до јуни 2024. Притоа, најзагрозени ќе бидат микро, малите и средните претпријатија (ММСП). Кај нив ваквата ситуација се одразува драматично. Тие […]

Во Велика Британија се затвораат илјадници угостителски објекти


Во Велика Британија се затвораат илјадници гостилници и кафулиња, поради зголемените сметки за комунални услуги и наем, пишува „Индипендент“ (Independent). „Угостителската индустрија попушта под тежината на зголемените сметки за струја… Илјадници барови, ресторани и пабови ширум Велика Британија се затвораат трајно, поради превисокиот наем и тековни трошоци“, се наведува во написот, врз основа на податоци […]

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот поскап за еден денар по литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши големување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто. Новата малопродажна […]

Средба Бочварски – Дрекслер: Ја зголемуваме економската соработка меѓу двете земји


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Н.Е. Петра Дрекслер. Министерот Бочварски информираше за силниот инвестициски циклус во инфрастурктурата со посебен осврт на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата. Тој на средбата истакна дека и Северна Македонија го либерализираше железничкиот пазар, […]

Данок на солидарност треба да плати само уште една компанија


Уште една од вкупно осум компании, кај кои Управата за јавни приходи (УЈП) спроведува присилна наплата на данок на солидарност, треба да ги подмири обврските од главниот долг и преостануваат за исплата уште шест милиони денари. -Компанијата е од дејноста трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема. Ги платила каматата и еднократната такса за […]