Напуштањето на ЕУ би ја чинело Германија 10 отсто од БДП


Алтернатива за Германија (AfD), десничарска партија во подем, сака да ја извади земјата од Европската унија. Институтот за германска економија (IfW) предупредува дека цената на таквиот чекор е огромна.

Ако Германија ја напушти ЕУ, „може да изгуби околу 10 отсто“ од својот бруто домашен производ, изјави во вторникот за Рајнише пост, Кнут Бергман, шеф на берлинскиот огранок на Ифв.

„Зборуваме за загуба од 400-500 милијарди евра годишно, што го покажа и студијата за реалните последици од Брегзит“, додаде Бергман. Германија е извозно ориентирана земја и напуштањето на ЕУ би ја погодило тешко, но „би биле загрозени и 2,2 милиони работни места“.

Претседателката на АфД , Алис Вајдел неодамна изјави дека нејзината партија, доколку дојде на власт, ќе предложи реформи во ЕУ и враќање на дел од нејзиниот суверенитет на нејзините членки.

Ако тоа не успее, рече таа во интервју за Фајненшл тајмс, АфД ќе започне дебата за референдум за излез на Германија од ЕУ, по моделот Брегзит од 2016 година.