Германскиот Бош ќе укине 3.500 работни места до крајот на 2027 година


Германската индустриска компанија Бош планира да укине 3.500 работни места ширум светот до крајот на 2027 година, што ќе влијае на вработените во администрацијата на нејзината подружница BSH специјализирана за апарати за домаќинство, соопштено е денеска. – За да ја зачува својата конкурентност и да ги финансира потребните инвестиции, БСХ мора во голема мера да […]

Ја прислушувал сопругата, заработил милиони преку инсајдерско тргување, но сега го тужи американски регулатор


Тајлер Лаудон, сопруг на вработена во британската нафтена компанија БП, е обвинет за тргување со инсајдери во САД поради користење инсајдерски детали што ги слушнал за време на телефонските повици на неговата сопруга додека таа работела од дома. Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) тврди дека Тајлер Лаудон заработил 1,76 милиони долари во незаконски […]

Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат дивиденда од 910 денари бруто по акција


Акционерите на Комерцијална банка можат да бидат задоволни – според предлогот кој официјално е ставен на дневен ред на претстојното акционерско собрание на 27 март годинава, дивидендата ќе изнесува 910 денари бруто по акција. За оваа цел вкупно се наменети да се распределат вкупно 2.073.950.970 денари. Одлуката за распределбата на нераспределената добивка до 31.12.2023 година, […]

Гасот го плаќаме двојно повеќе од цената која ја плаќа Митилинеос на холандската берза, вели Деспотовски


Енергетската транзиција на земјата, која вклучува и изградба на гасна централа треба неминовно да се спроведе најмногу поради тоа што ќе придонесе кон намалување на загадувањето, особено во Скопје. „Секој ден дишеме загаден воздух. Вашите и моите деца дишат загаден воздух. Гасната централа на Митилинеос не само што ќе придонесе кон намалување на сметките за […]

Дизелот поевтинува за два денара


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и еден литар ќе чини 78,50 данари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Бочварски најави брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи


На сите транспортери и превозници кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува по брза лента да можат да ги заменат своите патни документи, соопштија од Министерството за транспорт и врски. Оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите […]

Финска: Казна од 200 евра за работниците доколку учествуваат во штрајкови


Финската влада планира да го ограничи правото на штрајк со нови закони. Има намера да воведе и глоба од 200 евра за вработените доколку учествуваат во вакви дејствија, кои судот ги прогласи за незаконски, соопшти денеска финската национална радиодифузна компанија ILE (YLE). Министерот за вработување Арто Сатонен денеска го објави новиот закон и рече дека […]

Германската економија во четвртиот квартал од 2023 година забележа квартален пад од 0,3 отсто


Во четвртиот квартал од 2023 година, германската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал и за 0,2 отсто во однос на четвртиот квартал од 2022 година, во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави денеска германскиот Завод за статистика Дестатис. Откако германската економија главно стагнираше во првите три квартали од минатата година, економските […]

Извршниот директор на „Џеј Пи Морган Чејс“ ги продаде акциите на банката во вредност од 150 милиони долари


Извршниот директор на најголемата американска банка, „Џеј Пи Морган Чејс“, Џејми Дајмон, ги продаде акциите на банката во вредност од 150 милиони долари, се вели во пријавата до американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Ова е првпат Дajмон да продаде акции на „Џеј Пи Морган Чејс“ откако ја презеде функцијата извршен директор во 2005 […]

Отворен нов Тинекс маркет во Тетово


Од денес, 23 февруари 2024 год., е отворен нов „Тинекс“ маркет во Teтово. Новиот модерен маркет се наоѓа на ул.: „Јна“ бр.1 (Dervish Cara). Жителите на Тетово отсега ќе имаат одлично снабден маркет каде што ќе можат да пазаруваат во пријатна атмосфера и да ги купуваат бараните производи, по супер цени. Во маркетот е интегрирана […]

ИСОС препорача усогласување на цените на услугите и платите на сметководителите со инфлацијата и растот на останатите плати


Разгледувајќи ги барањата од членовите и тековните економски движења во земјата и во секторот, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и на платите на своите вработени, со […]

Ангеловска-Бежоска: Инфлациските трендови во регионот и во земјата се позитивни, но потребна е претпазливост


Инфлациските трендови се позитивни. Инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, се намали на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи. Исто така, инфлациските очекувања и натаму се релативно закотвени, како значаен фактор којшто влијае […]

Економиите во развој мора да растат многу побрзо за да ги платат своите долгови


Светска банка ги предупреди земјите во развој дека високите трошоци за задолжување може драматично да влијаат на нивната способност да го поттикнат моментално слабиот економски раст. Последното предупредување на финансиската институција доаѓа откако продажбата на меѓународни државни обврзници на пазарите во развој достигна рекордни 47 милијарди долари во јануари, објави Ројтерс. Заменик-директорот на Светска банка, […]

Во Велика Британија работната недела се скрати, платата остана иста. Ова се резултатите


Година по завршувањето на најголемиот светски експеримент со четиридневната работна недела, огромното мнозинство компании кои учествуваа сè уште им дозволуваат на своите вработени да работат со скусена работна недела, а повеќе од половина од нив целосно се префрлија на новиот начин на работа. Од јуни до декември 2022 година, работниците во 61 компанија во Обединетото […]

„Нвидиа“ го собори рекордот на „Мета“: За еден ден додаде 277 милијарди долари пазарна вредност


Подемот на „Нвидиа“ (Nvidia Corp.) до рекорд на сите времиња, најголемото еднодневно зголемување на пазарната вредност во историјата, надминувајќи ја досегашната добивка на „Мета“ (Meta Platforms Inc.) беше постигнато пред само три недели. Акциите на производителот на чипови скокнаа за 16% во четвртокот, додавајќи околу 277 милијарди долари на нејзината пазарна капитализација и доведувајќи ја […]

УНКТАД: Транзитот низ Суецкиот канал е речиси преполовен


Бродскиот сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 42 отсто во јануари во споредба со најпрометниот месец во 2023 година поради честите напади на бродови во Црвеното Море, објави УНКТАД. Според УНКТАД, 1.338 бродови поминале низ Суец во јануари, 42 отсто помалку отколку во мај. Ист процентуален пад е забележан и во сообраќајот низ Панамскиот […]

ММФ и Украина постигнаа начелен договор за исплата на 880 милиони долари


Вашингтон -Официјални лица од Меѓународниот монетарен фонд и украинската влада вчера постигнаа договор на ниво на персонал за ажурирани економски политики, отворајќи го патот за ослободување на околу 880 милиони долари штом ќе биде одобрено од извршниот одбор на ММФ, соопшти Фондот.  Договорот дојде по шестдневни состаноци меѓу украинските официјални претставници и персоналот на ММФ во […]

Седиштето на агенцијата за спречување на перење пари на ЕУ ќе биде во Франкфурт


Брисел  –   Претставниците на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент синоќа одлучија седиштето на новата агенција на ЕУ за борба против перење пари да биде во Франкфурт, соопшти белгиското претседателство. Одлуката за формирање на Агенција за спречување перење пари (АМЛА) беше донесена во 2021 година како дел од поголем пакет за борба против перење […]

Конститутивна седница на Националниот совет за развој


Во Владата денеска се одржала конститутивна седница на Националниот совет за развој,  како дел  од управувачката структура за Националната развојна стратегија која опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на нашата држава во следните две децении.   Во рамки на стратегијата се утврдени шест стратешки области со стратешки цели и приоритети за секоја од […]

Скопје се најде на листата „Градови на иднината“ на „Фајненшел тајмс“. Еве во која категорија


Главниот град на нашата држава, Скопје се најде на листата „Градови на иднината“ на ФДИ интелиџенс што ја објави „Фајненшел тајмс“, во групата градови со средна големина според критериумот за исплатливост на живеењето, односно ефикасноста на трошоците (Cost effectiveness), кој покажува можноста да се постигне посакуваниот исход со најниска можна цена. Според овој критериум, Скопје […]