Шефот на „Рајанер“ на прагот на еден од најголемите бонуси во историјата


Директорот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири се приближува до потенцијалниот бонус од 100 милиони евра, кој би бил меѓу најголемите во историјата на европската компанија, откако акциите на авиокомпанијата достигнаа рекордно високо ниво. Цената на акцијата на „Рајанер“ се искачи на 18,99 евра на крајот на минатата недела, со што О’Лири се приближи […]

Бочварски го чека извештајот за автопатот Кичево – Охрид: Сѐ уште не може да зборуваме за раскинување на договорот


Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски денеска изјави дека следните чекори во врска со реализација на автопатот Кичево – Охрид ќе зависат од експертскиот извештај кој го очекува неделава. Според него, сѐ уште не може да се зборува за раскинување на договорот со „Синохидр“. „Извештајот е во изработка, очекувам во текот на оваа недела […]

Објавена листа: Знаете ли кој е најевтиниот град на светот?


Листата е направена споредувајќи ја со Њујорк, референтниот индекс на градовите. Дамаск, опустошениот главен град на Сирија, е прогласен за најевтин град во светот според листата на EIU, која ги истражува глобалните трошоци за живот. Листата е направена споредувајќи ја со Њујорк, референтниот индекс на градовите. EIU составува цени за повеќе од 200 производи и […]

Пет инвестициски совети за 2024 година


  Во свет полн со несигурност, тешко е да се дадат какви било значајни инвестициски препораки. Единствената вистина е дека се може да се случи. Сепак, Блумберг побара помош од неколку експерти за да ги добие нивните најдобри совети како да се подготвите за следната година без да се обложувате премногу на некој исход, пренесе […]

Со платежната сметка за основни функции за минимален надоместок се добива поголем пакет платежни услуги


  Со новата регулатива во сферата на платежните услуги се воведуваат одредени ограничувања за надоместоците коишто ги наплаќаат банките, заради заштита на потрошувачите. За месечен надоместок од 34 денари, или 0,1% од просекот во изминатите 12 месеци од просечната исплатена нето-плата во земјата, граѓаните коишто ќе отворат платежна сметка со основни функции можат да користат […]

Осигуренци за еден месец наплатија 9 милиони евра од штети покриени со осигурување


Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари (9 милиони евра) за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 отсто, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за […]

Презентација на анализа за трансформативниот потенцијал на дигиталните технологии за микро, мали и средни претпријатија


Бизнис Конфедерација на Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија“. Организаторите најавија дека на настанот обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Азир Али, Јулија Друмеа експерт за работодавачи од Меѓународната организација на трудот, Сана Фрковик од […]

Загреб полн со туристи


  Очекувањата на туристите во главниот град се големи. Тоа го потврдува и фактот дека сместувањето во Загреб е се потешко да се најде. Во Загреб очекуваат уште една рекордна туристичка година. Градот и овој декември е преплавен од туристи. – Сезоната е токму онаква каква што очекувавме. Сегашната пополнетост ни е околу 60, 70 […]

Во Германија 22 години по воведувањето на еврото, се уште има 12,2 милијарди марки во оптек


Германија – Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек се уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евра, објави денеска Централната банка на Германија. „На крајот на ноември во оптек се уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската […]

Дали, колку и како македонските компании се дигитално трансформирани


Дигиталната трансформација стана честа тема во глобалната деловна заедница. Предностите што оваа трансформација ги носи, пред се зголемена ефикасност, заштеда на трошоци и раст на приходите ја наметнува како неопходна промена посебно за малите и средните компании. Сепак, темпото на дигитална трансформација меѓу македонските компании варира, при што микро, малите и средните претпријатија (ММСП) често […]

Иако хрватската куна веќе не е во употреба, 620 милиони евра во монетите не се заменети


Хрватските граѓани и една година по воведувањето на еврото, дома имаат уште 4,66 милијарди куни, што значи дека пропуштаат да земат речиси 620 милиони евра. Според податоците на Хрватската народна банка, 12 отсто од банкнотите и дури 75 отсто од монетите се уште се во системот. Процесот на конверзија беше најинтензивен кон крајот на минатата […]

Ковачевски: Евтината дневна тарифа за домаќинствата е резултат на зголеменото производството


Производството и снабдувањето со електрична и топлинска енергија е сигурно и континуирано и во оваа грејна сезона, уште на 15 октомври кога започна грејната сезона, АД ЕСМ подготвено ја дочека, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Како што соопшти Владата, во интервју за „Фокус“ премиерот Ковачевски, вели дека во текот на летниот период од страна на АД […]

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Северна Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра


Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Северна Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција. Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Северна Македонија, одобрена […]

Шукова: Продолжен е рокот за изградба на хидроцентралата Чебрен


Продолжен е рокот на грчката компанија „Архиродон“ за изградба на хидроцентралата Чебрен, информираше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по завршувањето на состанокот со компанијата во просториите на Министерството. Најави дека до крајот на годинава ќе има конкретни информации дали ќе продолжи постапката за изградба на Чебрен или не. -Жалбената постапка е […]

Руските компании масовно бегаат од Кипар поради истрагата на ФБИ


  Руските компании масовно го напуштаат Кипар, некогаш најпопуларната офшор јурисдикција, откако островските власти започнаа истрага за кршење на санкциите против Руската Федерација, а американското ФБИ се заинтересира за активностите на руските олигарси на Кипар. Во четврток, 14 декември, ТЦС Груп Холдинг, матичната компанија на Тинкоф банка, чиј контролен удел беше купен од милијардерот Владимир […]

Данска од 2025 година воведува зелен данок за патниците во авионите


Данска воведува данок на патниците во авионите за да помогне во финансирањето на транзицијата на воздухопловната индустрија кон позелени практики, што ќе биде постепено воведено од 2025 година, соопшти данската влада. Во ноември, владата предложи да се воведе просечен данок од 100 дански круни или 13,14 евра за воздушниот сообраќај за да помогне во финансирањето […]

Ќе нема авионски летови од Скопје и Охрид за Нова година, ако останат огласите за вработување


Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НА, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава. -Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и […]

Презентиран нацрт Инвестицискиот план за забрзана транзиција од јаглен


Министерството за економија одржа јавна презентација и расправа за нацрт Инвестицискиот план за праведна транзиција изработен во согласност со правилата и насоките од Климатскиот инвестициски фонд. Јавните презентации беа одржани на три локации. Во Битола и Кичево, како најзасегнати региони, јавната презентација се одржа на 12.12.2023, а во Скопје се одржа на 13.12.2023. Учеството на […]

Зошто пропадна електричната трансформација на „Фолксваген“?


Кога „Фолксваген“ ја мапираше својата електрична иднина во 2019 година, тој беше најголемиот светски производител на автомобили, со сите шанси да ја престигне „Тесла“ како производител број еден на возила на батерии до средината на оваа деценија. „’Фолксваген’ од корен ќе се промени. Можеби некои од вас чудно ги тријат очите. Но, не правете грешка […]

Ако МЖСПП оцени дека не е возможно спроведување на Чебрен, нема да се спроведе, вели Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека одлуката за поволен понудувач за Чебрен е донесена од Владата врз основа на извештај од Комисија и ако има одредени жалби тие се доставуваат до таа Комисија и до Министерството за животна средина и просторно планирање како задолжено за Чебрен. На новинарско прашање дали ќе оди на […]