Европската централна банка со прва годишна загуба во последните две децении


  Европската централна банка во четвртокот ја објави својата прва годишна загуба од 2004 година, по големите исплати поради повисоките каматни стапки. Таа објави загуби од 1,3 милијарди евра (1,4 милијарди долари), што ќе беше повеќе доколку банката не ослободи 6,6 милијарди евра – целата резерва за финансиски ризици, акумулирана во текот на неколку години. […]

Поскапува мазутот


Од полноќ се зголемува цената на мазутот, а цените на бензините остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛОТ и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети

Најголеми земјопоседници во Србија се месната индустрија „Матијевиќ“ и „Ал Дахра“ од ОАЕ


  Најголеми земјопоседници во Србија се Индустрија меса „Матијевиќ“, компанијата „Ал Дахра“ од Обединетите Арапски Емирати, Делта холдинг, „Алмекс“, „Логин еко“, „Ќориќ аграр“, компанијата „Миле Благојевиќ“, „Елит аграр“ и Ал Равафед и компанијата „Нико“, објави денеска Форбс. Месната индустрија „Матијевиќ“, во чиј состав е „Матијевиќ аграр“, обработува 36.000 хектари земја низ Војводина и 2.000 хектари […]

Просечната плата во декември 39.998 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување […]

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови


Земјоделците од земјите од Вишеградската група и балтичките републики денеска со трактори тргнаа кон големите градови и кон границите, кои ќе ги блокираат два часа поради зелената политика на Европската унија и неконтролираниот увоз од Украина. Земјоделците од тие региони протестираат со намера да извршат притисок врз ЕУ да ги исполни барањата што претставниците на […]

Од 24 февруари ќе бидат обновени летовите од Белгија за Израел


Белгискиот национален авиопревозник „Браселс Ерлајнс“ соопшти дека од 24 февруари ќе ги обнови летовите за Тел Авив, укинати по настаните од 7 октомври минатата година. Одлуката е донесена по темелно разгледување и предвидува дополнителни безбедносни мерки, се наведува во соопштението. До крајот на април ќе има три лета неделно, по што ќе се процени дали […]

Одложена седницата на собраниската Комисија за економски прашања за законите за стратешки проекти во енергетиката


Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена. На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите […]

Трите најголеми кинески банки престанале да примаат плаќања од Русија


Три од четирите најголеми кинески банки, Индустриска и комерцијална банка на Кина (ИЦБЦ), Кинеската градежна банка (ЦЦБ) и Банката на Кина, престанаа да примаат плаќања од санкционирани руски кредитни институции. Оваа одлука е донесена поради зголемената контрола на американските власти по воведувањето на 12-от пакет санкции против Русија, пишува „Москва тајмс“. Кинеските банки почнаа да […]

Прилепска регионална стопанска комора: Извозот многу ќе трпи ако брзо не се разреши ситуацијата со патните исправи


Незавидната ситуација со новите патни исправи ако продолжи, ќе трпи извозот во сите дејности и ќе се ја затвориме вратата за пласман. Политичарите мора што побрзо да си ја исправат грешката,  велат стопанствениците од Регионалната стопанска комора од Прилеп. Комората денеска го избираше новото раководство и членовите на Управниот одбор. Стопанствениците бараат и очекуваат тоа […]

Народната банка и ЕИБ ќе соработуваат за поддршка на зелените финансии


  Народната банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ), денеска, потпишаа Договор за соработка, со кој се обезбедува поддршка на напорите на Народната банка во сферата на зелените финансии. Договорот беше потпишан од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕИБ во земјава, Бјорн Габриел, додека на средбата присуствуваше амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, амбасадорката […]

Нови 20 стипендии од Групацијата Лимак за иницијативата Global Engineer Girls


Во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG), Групацијата Лимак продолжува со поддршката за младите жени и девојки од земјава кои сакаат да стекнат знаења, практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата и инженерството – позната како СТЕМ област. И оваа година, втора по ред, Групацијата Лимак, преку GEG North Macedonia, […]

„Величествените 7“ би биле втора највредна берза во светот


Колкава е застрашувачката моќ на седумте американски технолошки компании, колоквијално наречени „Величествените 7“ (Magnificent 7), покажува најновата пресметка на аналитичарите на Дојче банк. Како што објави Си-Ен-Би-Си (CNBC), пазарната вредност на Епл, Амазон, Алфабет, Мета, Мајкрософт, Нвидија и Тесла е повисока од речиси сите берзи во светот денес. Според нивната анализа, пазарната капитализација на тие […]

Централна и Источна Европа ја губи конкурентноста поради зголемените плати и слабиот раст на продуктивноста


Растот на платите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) помогна да дојде до загуба од 14 отсто во севкупната конкурентност во однос на главните трговски партнери во регионот од 2020 година, се вели во извештајот на економската консултантска компанија Капитал Економикс (Capital Economics). Се предвидува дека продолжениот период на високиот раст на трошоците за работна […]

Нашите поскапувања се оправдани, тие на Катастарот – не: Реакција на Комората за геодетски работи


  Апсолутно реални се цените со новиот тарифник за геодетски работи што стапи во сила на 15 февруари и се врз основа на трошоците кои секоја геодетска компанија ги има во рамки на еден месец, но со него Катастарот ги маскира неоснованите поскапувања на своите сервиси, оцени денеска Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски […]

Народна банка: Во јануари годишен раст од 10 проценти на вкупните депозити и од 5,7 проценти на вкупните кредити


Вкупните депозити на годишно ниво се зголемени за 10 проценти, а вкупните кредити за 5,7 проценти, соопшти денеска Народната банка. -Вкупните депозити , во јануари, се непроменети на месечна основа. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 10 проценти, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на […]

Владата именуваше членови на Националниот совет за развој


Влaдата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата со Предлог – решение за именување членови на Националниот совет за развој, на предлог на Генералниот секретаријат на Владата и донесе Решение за именување членови на Националниот совет за развој. Од страна на Владата, претходно, беше донесeна Одлука за формирање на Национален совет за развој, […]

Словенечките банки лани со над една милијарда евра добивка


Банките во Словенија лани оствариле речиси 1,14 милијарди евра добивка пред оданочување, што е за 109 отсто повеќе од претходната година. Со нешто помалку од 1,10 милијарди евра, нето добивката е поголема за 119 отсто, објави денеска Банката на Словенија. Приходите од нето каматата минатата година речиси двојно се зголеми на 1,44 милијарди евра, што […]

Преполовени приходите од Суецкиот канал


  Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството. Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични триења што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „Суецкиот канал, кој му носеше на […]

За подобро позиционирање на македонското вино потребни се вложувања во знаење, нови технологии и дигитализација


  Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари заради подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето на географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само дел од прашањата за кои се дискутираше на регионалната конференција […]

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари


Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.  Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари. Со изнајмен стан од 60 […]