Маск најави дека ќе му одобрат рекордна исплата, акциите на „Тесла“ скокнаа за 7 отсто
Акциите на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ скокнаа за седум отсто откако неговиот извршен директор Илон Маск на платформата Х (Твитер) објави дека акционерите се подготвени да одобрат рекордна исплата од 56 милијарди долари. Тој додаде дека акционерите се согласуваат и со неговиот план за пререгистрација на компанијата од американската сојузна држава Делавер во […]