Народната банка не ја следеше ЕЦБ: Основната камата останува 6,30 отсто, инфлацијата во мај забрза


Народната банка на Македонија не го следеше чекорот на Европската централна банка со намалување на основната каматана стапка, и ја остави референтната стапка на постојнот ниво од 6,30 отсто. На вчерашната седница на Извршниот одбор за монетарна политика на НБ, било оценето дека поставеноста на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. „Со тоа, […]

(Во живо) Прес конференција за новиот план за раст за Западен Балкан – можности за економскиот потенцијал на регионот


Проследете ја прес конференцијата во Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Новиот план за раст за Западен Балкан – можности за активирање на економскиот потенцијал на регионот“:   

Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи


Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво. Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување […]

Ова се десетте држави во кои работниците постигнуваат најголем напредок


Повеќето од нас го поминуваат поголемиот дел од својот буден живот на работа, па не е изненадување што работните места може да имаат големо влијание врз целокупното ментално здравје и благосостојба. Додека работата може да биде извор на стрес, тага и гнев во нашите животи, некои во неа наоѓаат исполнување, цел и среќа. Според извештајот […]

Акциите на „Епл“ скокнаа на рекордно високо ниво


Вчера на Волстрит се тргуваше претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат премногу ризик пред пораките на ФЕД и извештаите за инфлацијата во САД, при што С&П 500 и Насдак пораснаа благодарение на скокот на цената на акциите на „Епл“. Индексот Дау Џонс загуби 0,31 отсто, на 38.747 поени, додека С&П 500 зајакна 0,27 отсто, […]

Светска банка ја подобри прогнозата за овогодишниот раст на глобалниот БДП


Светска банка ја подобри прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година за 0,2 процентни поени на 2,6 отсто. Зголемувањето главно се должи на еластичната приватна потрошувачка во САД. Очекувањата за следната година за светот останаа на раст од 2,7 отсто, што инаку е под просечната стапка од 3,1 отсто во периодот пред пандемијата. Според […]

Десетте најпосетувани земји во 2023 година (инфографика)


Развојот на комерцијалната авијација во последните неколку децении направи голем дел од светот достапен за многумина. Само во 2023 година, глобалните пристигнувања на туристи ќе достигнат 1,3 милијарди. Графиката ги прикажува најпосетуваните земји во 2023 година, врз основа на вкупниот број на странци кои влегуваат во секоја земја. Податоците се земени од Светската туристичка организација […]

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“


Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на конференцијата „Чувари на мудроста“, која по втор пат се одржува во организација на „Халк банка“ АД Скопје, под мотото „Инспирација за новата генерација“. Во рамките на вториот конференциски панел, насловен „Успешна бизнис приказна – посветеност, дисциплина, интуиција“, модериран од Сашко Коцев, а […]

Цената на парите ќе остане висока: ФЕД нема да ги намали каматните стапки ниту во јуни


Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) нема да ја промени основната каматна стапка ниту по јунскиот дводневен состанок што почнува денеска. Ова е мислењето на огромното мнозинство американски финансиски аналитичари, со оглед на актуелните трендови на инфлација и условите на пазарот на трудот. Судејќи според сите изјави на претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел […]

„Лидл“ го купи објектот на „Скопски пазар“ во Гази Баба за 9,5 милиони евра


„Лидл Северна Македонија“ купи објект во скопската општина Гази Баба од компанијата „Скопски пазар“ за 9,5 милиони евра. Станува збор за објектот каде што до неодамна беше сместен продажниот салон на „Бриколаж“, и за кој подолго време се зборува дека ќе биде еден од маркетите на „Лидл“ во Скопје.  За зделката денеска преку Македонската берза […]

Норвешка го откри најголемото наоѓалиште на ретки минерали во Европа


Рударската компанија „Ретки Земји“  (Rare Earths) Норвешка вели дека го открила најголемото докажано наоѓалиште во Европа на високо ценети елементи, што потенцијално претставува пресвртница и за нордиската земја и за поширокиот регион. Едно од ретките наоѓалишта кои не се во сопственост или контролирани од Кина, откривањето на најголемото наоѓалиште на ретки елементи во континентална Европа […]

Образованието да форсира креативно размислување за развој на претприемачкиот дух


Сметам дека образовниот систем треба многу повеќе да го форсира креативното размислување, во насока на развој на претприемачкиот дух кај младите, од една страна. Од друга страна, компаниите да бидат многу поотворени кон младите и да ги примаат на пракса, за да учат во реалниот сектор. Ова попладнево го нагласи професорот на Машинскиот факултет во […]

Идната влада не се откажува од когенеративни централи за гас, ќе се градат две


  Во програмата на новата влада и новото министерство за енергетика, ќе биде изградбата на две когенеративни централи за гас со кои во исто време земјата ќе се снабдува и со топлинска и со електрична енергија, а енергијата добиена од овие централи ќе овозможи балансирање на системот кога ќе е потребно. Ова денеска на Македонскиот […]

Почна бербата на тутунот во Пелагонија, берачи нема ни за „лек“


  БИТОЛА – Почна бербата на тутунот во Пелагонија, ама берачи нема ни за „лек“, се жалат тутунарите кои го години наназад произведуваат поголеми количини на тутун. Тутунот годинава е со одличен квалитет оти и расадот беше добар, а се погодија и временските услови за расадувањето. Она што во континуитет години назад ги загрижува производителите […]

Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти, најбројни од Турција


Во државава во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2  проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика.  Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 […]

Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на струја


  Мандатарот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на  7. Македонски енергетски форум (МЕФ), најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции на новата влада. Се работи, нагласи, за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават […]

Завршија ли годините на благосостојба: Работниците во Германија може да очекуваат драстичен пад на платите


Платите во Германија се очекува драстично да се намалат во иднина бидејќи даноците веројатно ќе се зголемат енормно, пишуваат германските медиуми. Бројките покажуваат јасен тренд – и тоа не е позитивно за сите работници. Експертите гледаат јасен тренд дека вработените наскоро ќе имаат уште помалку нето пари на нивните сметки. Платите треба драстично да се […]

Текстилниот сектор има неколку барања до новата Влада


Падот на побарувачака на текстилните производи во европските земји, а особено во Германија се рефлектира и врз работата на македонските текстилни конфекции, изјави денеска Ангел Димитров од  Организација на работодавачи. Посочува дека бизнис секторот во моментов чека да се формира новата Влада, па да седнат и да разговараат за состојбата во текстилниот сектор. -Што од […]

Мицкоски: Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот


  Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар, порача денеска мандатарот Христијан Мицкоски од 7. Македонски енергетски форум (МЕФ). Мицкоски напомена дека енергетската ефикасност ќе биде […]

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритите што треба да ги надминат партиските политики


Енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои ќе треба да ги надминат партиските политики, порача денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Обраќајќи се на седмото издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје, Агелер истакна дека Северна Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат […]