„Дизни“ склучи договор со „ТикТок“ што ќе им овозможи на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии


Американската компанија „Дизни“ склучи договор со платформата „ТикТок“, овозможувајќи им на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии на „Дизни“ во своите кратки видеоснимки. Овој новитет ќе биде спроведен најпрво во САД, а подоцна и во други држави. Во договорот ќе бидат опфатени стотици наслови и франшизи, како „Марвел, „Војна на ѕвездите“, Пиксар […]

Потпишани договорите за железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, неопходни откако отпадна ИПА грантот


Со потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Денешниот […]

Бродосопственици предупредуваат дека патарини во Ормуз би ја загрозиле глобалната трговија


 Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска […]

Не размислуваме за поскапување на струјата, туку за поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа, вели Мицкоски


Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија, туку се обидува да најде формула со која цената на струјата евентуално ќе се намали или барем да се зголеми периодот на евтина тарифа. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски на настан во Владата на кој се потпишаа договори за реализација на третата фаза […]

Серафимовски: Недоволно е да кажеме колку субвенции сме исплатиле, туку колку повеќе храна сме произвеле


Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија – поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е […]

Русите ја „мелат“ енергетската мрежа: Украина наоѓа неочекуван начин да ги спаси фабриките


Некои украински фабрики купуваат обновени ветерни турбини отстранети од холандските ветерни фарми. Машините не се истрошени, туку таму се заменуваат со помоќни модели, а по ремонтот можат да работат уште 15 до 20 години. Украинските компании се свртуваат кон обновени холандски ветерни турбини за да ја намалат својата зависност од електричната мрежа сериозно оштетена од […]

Кратките летови со електрични авиони би можеле да пристигнат во Европа за помалку од 4 години


Брзиот технолошки напредок би можел да им овозможи на европските патници да летаат со електрични авиони на некои од најпопуларните рути на континентот уште во 2030-тите, објавува Euronews. „Многумина сè уште мислат дека авионите на батерии се далечна иднина. Но, електричните и хибридните летови се клучен дел од решението за да се направи патувањето на […]

Вештачката интелигенција го прави животот поскап. Еве како


Вештачката интелигенција ги зголемува цените за Американците – и тоа не само сметките за електрична енергија. Големите технолошки иновации носат потенцијал да ги трансформираат економиите со создавање можности, работни места, па дури и нови индустрии, додека ја зголемуваат продуктивноста и растот. Сепак, на тоа ветување за долгорочни добивки честопати му претходат краткорочни и среднорочни болки. […]

Џеф Безос продава акции на Амазон вредни повеќе од 4 милијарди долари


Основачот на Амазон, Џеф Безос, поднесе извештај до регулаторите за планираната продажба на околу 15 милиони акции на компанијата, чија пазарна вредност е приближно 4,1 милијарди долари, јави Си-Ен-Би-Си. Веста дојде само еден ден откако акциите на Амазон достигнаа рекордно високо ниво, благодарение на подобрите од очекуваните квартални резултати што ја зголемија пазарната вредност на […]

По поништените царини на Трамп, САД вратија 100 милијарди долари


Царинската управа на САД врати околу 100 милијарди долари на компаниите кои платиле увозни даноци откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги поништи царините на претседателот Доналд Трамп за „Денот на ослободувањето“. Вратениот износ претставува 60 проценти од вкупно 165 милијарди долари што администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги собра преку овие царини, објавија […]

Македонска берза изготви Водич за трансформација и раст преку пазарот на капитал


Македонска берза АД Скопје ја реализира иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“ (Capital Market Readiness Month), насочена кон домашните компании кои сакаат подобро да ги разберат можностите што ги нуди пазарот на капитал како извор на финансирање за нивниот иден раст и развој. Во рамки на иницијативата подготви „Водич за трансформација […]

Бугарија ги засили контролите при увоз на свежо овошје и зеленчук, мерката се однесува и на Македонија


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки […]

Се користат ушни маркички од угинати грла за да се добие финансиска поддршка, вели министерот Серафимовски


 Имаме класична злоупотреба на субвенциите. Педесетина апликанти претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Имаме класична злоупотреба на ушните маркички со кои е обележано секое грло. Грлото угинува, а сопствениците едноставно […]

За седум месеци, во Буџетот прибрани 53,9 отсто од планираните приходи


Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година, соопшти Министерството за финансии. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во […]

Азески: За одржлив локален економски развој потребно е активно партнерство меѓу државата, локалната самоуправа и приватниот сектор


Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и искористување на туристичкиот и економскиот потенцијал на општина Чучер Сандево беа во фокусот на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски. На состанокот присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во Дирекцијата […]

Треба ли Македонија да стравува од енергетската криза во Европа


Невообичаено долгиот период на многу топло време во Европа и намалените водостои на некои од најголемите реки како Рајна и Дунав, од една страна ја зголемија потрошувачката на електрилчна енергија, а од друга, доведоа до намалување на производството кај хидроелектраните и до најави за можно исклучување на некои од нуклеарните централи. Нуклеарката Пакш, која обезбедува […]

Резултатите на Ново Нордиск не ја намалија загриженоста на Вол Стрит, акциите паѓаат


Ново Нордиск ги подобри своите квартални резултати и ги зголеми насоките, но направи малку за да се справи со најголемата загриженост на Вол Стрит: дали производителот на Оземпик има кредибилен пат назад кон одржлив раст, бидејќи конкуренцијата од Ели Лили се интензивира. Аналитичарите велат дека подобриот од очекуваниот квартал имал корист од прилагодувањата на попустите […]

Вол Стрит: Ерупција на оптимизам, берзанските индекси на рекордни нивоа


Акциите остварија импресивен раст во вторникот, додека СиП 500 и Дау Џонс индастријал авериџ  (Dow Jones Industrial Average) достигнаа нови рекордни максимуми, благодарение на силните корпоративни приходи и новиот пад на цените на нафтата, поттикнат од надежите дека Ормускиот теснец би можел повторно да се отвори. Широкиот пазарен индекс порасна за 1,9%, достигнувајќи нов максимум […]

„Спејс Икс“ прв пат објави резултати, ги надмина очекувањата, но сепак губи милијарди


Во својот прв квартален извештај откако излезе на берза, компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) објави резултати што ги надминаа прогнозите на аналитичарите. Компанијата бележи силен раст на приходите, но исто така троши милијарди за да ја унапреди визијата на Елон Маск за колонизација на Марс и развој на вештачка интелигенција, објави Си-Ен-Ен. Приходите на компанијата за […]

„Македонија има свои пет минути“ – професорот Начевски повика да се искористи потенцијалот на критичните минерали


Во време кога Европа бара сигурни извори на критични минерали, Македонија не смее да ја пропушти можноста да ги валоризира сопствените природни ресурси, оцени професорот Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија. Во интервју за Сител ТВ тој нагласи дека современото рударство подразбира високи еколошки стандарди и континуирана контрола на влијанието врз животната […]