Признанија за членките на Стопанската комора со децениски јубилеи за нивната лојалност


Стопанската комора годинава доделува Признанија за осумнаесет (18) свои членки, компании, кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј. Традиционално, како и секоја година и оваа, Комората доделува признанија на своите членки кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј од своето постоење, а признанијата се доделуваат на денот на одбележување на јубилеите за секоја компанија поединечно.

Осумнаесетте фирми добитници годинава се:

1. АЛКАЛОИД АД Скопје – 90 години;

2. МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп – 80 години;

3. ЖИТО ЛУКС АД Скопје 80 години;

4. ВИТАМИНКА АД Прилеп 70 години;

5. СКРИН ПРИНТ ДОО Скопје – 30 години;

6. РАДЕ КОЧАР – ТЕП ДООЕЛ Скопје – 20 години;

7. ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје – 20 години;

8. АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје – 20 години;

9. ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ – 20 години;

10. ЕЛВИЕТ ТРИУМИНГС ДООЕЛ Штип 20 години;

11. АРС ЛАМИНА ДОО Скопје – 20 години;

12. ДМЦ БАЛКАНС ДОО Охрид – 10 години;

13. ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп 10 години;

14. АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица – 10 години;

15. ПАРКЛЕНД ХОСПИТАЛИТИ ГРУП (PARKLAND HOSPITALITY GROUP) Скопје – (МАЛИКИ ГРУП) – 10 години;

16. ЏОКЕР ИНС БРОКЕР АД Гевгелија 10 години;

17. ФД МИНТ СН ДОО Битола 10 години;

18. РЕСТОРАН ВОДЕНИЦА ОНЕ ТП, Скопје 10 години;

Одлуката за доделување признанија се темели на фактот дека повеќе децении, од почетокот на транзицијата, македонската економија постојано е изложена на влијанијата на кризите низ кои минуваше, а Комората во континуирана, директна комуникација со компаниите и согласно јавно приватниот дијалог со институциите во Владата успеа да помогне да се одржат здрави компании. Паралелно, компаниите ја препознаваат поддршката и во најтешките кризи (светска, економска, здравствена, финансиска, енергетска итн.), остануваат лојални кон нашата институција, куќа на бизнисот, се вели во соопштението на Стопанската комора.