Над 50 проценти од Американците се против воведување на повисоки царини за Канада
Вашингтон – Мнозинството граѓани на САД се изјасниле против воведувањето на повисоки царини за Канада и преименување на езерото Онтарио во Америка, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата на Ројтерс и Ипсос.
Само 20 проценти од испитаниците изјавиле дека поддржуваат воведување на повисоки царини за Канада, додека 57 биле против.
Додека само 14 отсто од Американците ја поддржуваат промената на името на езерото Онтарио. Што се наоѓа на американско-канадската граница. Дури 63 проценти од испитаниците навеле дека се против промената на името на езерото.
Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела ги зголеми царините за Канада и донесе одлука за преименување на езерото Онтарио во Америка. „Гугл“ пред два дена соопшти дека „Гугл мапс“ го смени името на езерото Онтарио во езеро Америка за корисниците во САД за да се усогласи со извршната наредба на Трамп.
Со анкетата биле испитани 1.023 луѓе во САД.