Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија


Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години. Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ беше усвоена на вчерашната владина седница. […]

Марко Бислимоски предложен за претседател на Регулаторна комисија за енергетика


Марко Бислимоски е предложен за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика, информираше Владата по денешната седница. Предлозите се доставени до Собранието. Изминативе 9 години претседател на Регулаторната комисија за енергетика беше Димитар Петров. На почетокот на месецов Владата објави јавен оглас за именување претседател и […]

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во Македонија


Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во земјава во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години. Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ министрите ја  усвоија  на денешната 75-та […]

На ФинХакатон ќе се изработуваат иновативни софтвери и видеоигри


Министерството за финансии ќе организира ФинХакатон, натпревар на со траење од 48 часа, на кој млади, креативни и иновативни луѓе ќе изработуваат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тие ќе креираат веб-апликација, видео и видеоигра, како алатки кои ќе треба да ги доближат јавните финансии до граѓаните. Самиот процес е замислено, покрај креативноста, да го […]

За газдите од Белизе треба политичка волја, не само закон


Управата за финансиско разузнавање лани од 27 држави побарала податоци за 52 сомнителни случаи од аспект на перење пари и финансирање тероризам. Најмногу барања, шест, доставила до Кипар, а пет до САД. На листата земји од каде што Управата за финансиско разузнавање побарала информации за да ги потврди или отфрли сомневањата за извршено перење пари, […]

Светска банка-Во 19 земји жените не можат да работат како возачи


Околу 9 милиони жени, почнувајќи од овој месец, можат да застанат зад волан во Саудиска Арабија по историското соопштение во септември лани, со кое се укина забраната за возење на жените. Додека меѓународното внимание често се фокусираше на забраната за возење на жените во Саудиска Арабија, честопати се пропушташе фактот дека и на жените во […]

Евтината енергија, услов за инвестиции


Домашните компании бараат евтина електрична енергија за да можат да реализираат нови инвестиции со економски исплатливи тековни трошоци. Таков е заклучокот од енергетската трибина што Стопанската комора за енергетика ја организираше во Виница со претставници на компаниите од регионот и експерти од ИПАРД програмата, а чија тема беше аплицирањето за финансиска поддршка од европските фондови […]

Анѓушев: Решавањето на спорот за името има и економски бенефит


Нашите идни генерации треба да ги видат економските бенефити од договорот со Грција. Без разлика на трошоците што можеби ќе настанат од имплементацијата на овој договор, придобивките се многу големи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Според него, прашањето за името е од сферата на надворешната политика, но е и економско зашто сите […]

Македонија е неистражена винска дестинација


Македонија има вина со одличен квалитет, особено оние што се произведуваат од автохтоните сорти, како што е вранецот, вели винскиот критичар и автор, Дарел Џозеф. Тој смета дека земјата е извонредна дестинација за љубопитните луѓе, кои секогаш го почитуваат виното со висок квалитет и сакаат да слушнат нова винска приказна. „Шансата на Македонија, заедно со […]

Протестен марш на Струмичани против рудникот за злато


„Струмица и Струмичко против рудникот на смртта“ беше мотото на протестниот марш што се одржа денеска во Струмица против отворањето на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Учесниците на маршот го изразија несогласувањето со отворање рудник кој ќе ја наруши еко рамнотежата во Струмичкиот регион. Костадин Ристоманов од Здружението „Здрава Котлина“, организатор на протестниот марш, […]

Стандард енд пурс: Договорот нема да предизцика негативни ефекти врз македонската економија


Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија. Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни. – Оценката е отсликување на балансот помеѓу ризикот што го носи брзото […]

Штипските земјоделци бараат на терен да излезат осигурителните компании


Земјоделците од штипското село Врсаково имаат големи штети на посевите од невремето што се случи пред два дена. Најголеми штети, како што велат имаат на лозовите и овошните насади, потоа на житните култури, гравот и детелината. Дел од земјоделците ги осигурале посевите, но како што велат претставниците на осигурителните компании се уште не излегле на […]

ФЕНИ им донесе голема добивка на банките


Влегувањето на швајцарскиот инвеститор Г-СОЛ во „ФЕНИ индустри“ и рестартирањето на капацитетот за производство на фероникел, во февруари годинава, им донесе голема добивка на македонските банки. Според податоците на Македонската берза, за првиот квартал од годинава забележан е раст на прометот, а најмногу добивка оствариле Стопанска банка – Скопје, НЛБ банка и Комерцијална банка. Нето-добивката […]

Нов веб портал за бизнис регулатива


Веб порталот www.biznisregulativa.mk е нов агрегат на кој сите компании во земјава ќе може да се информираат за бизнис регулативата во Македонија и да го усогласат своето работење со законските прописи. Според Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, бизнис регулативата понекогаш е комплексна и може да содржи нејаснотии што претставува […]

Прилепскиот тутунски комбинат им нуди на 250 работници да заминат со отпремнина


Тутунскиот комбинат Прилеп бара втора тура работници кои доброволно ќе си заминат од компанијата. Цел на постапката е постигнување на поголема ефикасност, и ова е последна фаза на реорганизацијата што почна во 2016 година, соопшти компанијата. Доброволното заминување ќе се спроведе во координација со синдикатот, кој што дал позитивно мислење. Во 2015 Прилепскиот комбинат речиси […]

Модернизирање и реорганизација на ТКП за поголема ефикасност


ТКП влегува во последната фаза на реорганизација за да се постигне поголема ефикасност на Комбинатот. Започнува последниот круг на процесот на реорганизација започнат во 2016 година каде работниците доброволно аплицираат за отпремнина што доаѓа со доброволното заминување од компанијата. Овој процес е последниот чекор напред за подобра ефикасност на ТКП и продолжување на процесот на […]

Анѓушев и Тевдовски веруваат во раст од 3,2 отсто


Падот на градежништвото од 40 отсто во првиот квартал од годинава и вкупниот раст на БДП од 0,1 отсто во истиот период не ги обесхрабрува вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тие вчера изразија оптимизам дека македонската економија до крајот на годината ќе расте, и покрај обесхрабрувачките резултати од првиот квартал. Вицепремиерот […]

Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите


Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите. Тие изминативе денови се откупуваат од 10-15 денари за килограм. Минатата недела откупната цена изнесуваше 20-25 денари за килограм. Производителите причината за падот на цената ја бараат во намалената побарувачка и зголеменото производство. – Иако полека навлегуваме во шпицот на производството на доматите, сепак овие […]

Горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,35, односно 2,27 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е […]

Искористеното масло не е отпад туку суровина за биодизел


Примарната дејност на компанијата „Суниленс“ е увоз и трговија со масло за јадење и други прехранбени производи, но во последните девет години го развива и концептот за еколошко постапување со отпадното масло за јадење. Андреј Ѓокиќ, менаџер за развој на компанијата го објаснува системот за собирање, транспорт, третман и складирање на отпадното масло од угостителските […]