Српски ковчези за наши мртовци


Домашните производители на ковчези за закоп негодуваат поради нееднаквата положба со увозниците на погребна опрема. Нивното производство е поскапо затоа што е оптоварено со данок на додадена вредност, но за увозот на сандаци законодавецот предвидел ослободување од ДДВ. „Во Македонија се увезуваат голем дел од ковчезите. Српскиот пазар е многу евтин, зашто има евтино дрво. […]

„Сингапур ерлајнс“ е најдобра авиокомпанија на светот


САД–  20 милиони патници од 335 авиокомпании во светот го избраа „Сингапур ерлајнс“ за најдобра авиокомпанија во светот.  Анкетата е резултат на едногодишно истражување во периодот од август лани до мај година.   Резултатите ги објави  „Скитракс“ кој го доделува Оскарот во авио индустријата. На второто место е Катар ервејс, а меѓу десетте најдобри е […]

Од договорените 27 милиони килограми тутун, неизвесно дали ќе се испорачаат 20


Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите. – Не верувам дека ќе има пониска откупна цена […]

Косово ни става рампа за зеленчукот


Се чека реакција на македонската страна по најавата од Косово дека ќе воведе заштитна мерка за земјоделските производи. Викендот и НАТО-прославите ги затекнаа властите, па вчера не можеше да се добие официјална изјава ниту од надлежните министерства ниту од институциите што ќе прават ако Косово ја реализира заканата за 30 отсто зголемени давачки за увоз […]

Стопанската комора очекува пониски откупни цени на тутунот


Пониски откупни цени и проценка во пониски класи поради намален квалитет на тутунот, очекува Стопанската комора на Македонија од годинашната реколта. Како што беше речено денеска на прес-конференција, површините под тутун се за десет отсто поголеми од лани, но врнежите кон крајот на јуни и почетокот на јули, како и невремето минатата недела, предизвикаа појава […]

Доделени првите грантови за домашни компании


Фондот за иновации и технолошки развој ги додели првите грантови за 80 микро, мали и средни компании преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. Чековите со добиените средства вчера им ги врачија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Фондот, Јован Деспотовски. Со повикот на Фондот […]

Американски „Теламон“ влегува во Македонија


Мултинационалната компанија „Теламон“ од САД денеска го потпиша договорот за реализација на својата инвестиција во Македонија која ќе достигне до 11 милиони евра. Ќе вработи 600 лица, а ќе произведува електрични кабли за автомобилската индусрија. Планира долгорочна соработка, а Македонија ја избрале помеѓу повеќе земји од Централна и Источан Европа за да го прошири своето […]

И Македонија има пештерски нуркачи ама не ги вреднува


Ризично е да си пештерски нуркач. Уште потешко е ако државата не те препознава како важна алка во системот за заштита и спасување. „Ние вадиме давеници од вештачки езера, каде што нуркачите на отворени води не влегуваат, оти по 9-10 метри длабочина е сосема темно и ништо не се гледа. Имаме искуство, нè викаат. Имаше […]

Вработените во Фиат ќе штрајкуваат поради исплатата за трансферот на Роналдо


Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра. Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите. – Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата […]

УЈП и ССК се координираат против нерегистрираните бизниси


Штетите од работата на нерегистрираните фирми за државниот Буџет се огромни, а само по продукт од ИТ индустријата изнесуваат шест милиони евра. Оштетени се и компанииите кои работат легално во секторот затоа што увезуваат производи и мора да ги сертифицираат, а на ризик се изложени и граѓаните кои  ги купуваат. Тоа го истакна денеска Данела […]

Анѓушев: Не може „Еко Герила“ да кажува дали Југохром ќе работи или не


Не може „Еко Герила“ или која било друга организација да кажува дали некоја компанија ќе работи или не. Никој не може да биде над институциите на дражвата. Јасен е ставот на Владата, Југохром неможе да проработи ако не ги задоволи еколошките стандарди, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето […]

Ќе се набавува нов авион за гаснење пожари?


Неопходна е набавка на уште еден авион за поефикасно гаснење пожари, смета Дирекцијата за заштита и спасување. Во анализата што ја доставиле до Владата укажале дека тоа треба да биде уште еден ер-трактор, но двосед, за да служи и за обука на пилоти. Во моментов, Дирекцијата располага со 3 ер- трактори, за кои се грижат […]

Писмата, наместо еден, патуваат по 15 дена


Писмо што Македонска пошта треба да го достави за ден или два, до адресата патува и по 10-15 дена. Нередовната достава на пратки, особено оние за кои Пошта има монопол, е постојан проблем на кој се жалат граѓаните години наназад. Испуштени рокови за плаќање и казнени пенали, незапазени термини на различни конкурси и губење работа […]

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да не ги замајува земјоделците


Министерот Љупчо Николовски во две реченици се демантира самиот себе. Прво вели дека штетите не се големи, а веќе понатаму дека комисиите се уште не ја утврдиле штетата. Тоа значи  дека комисиите нема да работат според теренскиот увид и реална проценка туку по негов налог, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Повторно Николовски лицемерно вели […]

Над милион патници преку аеродромите во Скопје и Охрид за половина година


Преку Меѓународниот аеродром Скопје и охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, во првите шест месеци од годинава, се превезле 1.041.583 патници, што претставува годишен пораст од 21 процент, во споредба со првата половина од минатата година, објави денеска ТАВ Македонија, концесионерот на аеродормите во Скопје и Охрид. Во истиот период, од јануари до јуни годинава бројот […]

Колкави се штетите во Струмичко ќе се знае по проценките на терен


Не се алармантни штетите од невремето што го зафатија викендов струмичкиот регион зашто поголемиот дел од производството е под фолии и заштитено, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот саем „Агра“ во Словенија, Николовски нагласи дека за да се прецизираат штетите, мора да се почекаат проценките и […]

Повторно може да се приватизира државна земја


Со измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост граѓаните повторно добија можност да бараат приватизирање на замја во државна сопственост. Барањата се доставуваат во Управата за имотно правни работи. Предходниот законски рок измина на 15 декември 2014. Документите што треба да се приложат кон барањето се: фотокопија од лична […]

Лозарите бараат 15 денари за килограм „вранец“


Лозарите бараат откупната цена за килограм грозје од сортата „вранец” да биде 15 денари и 13 денари за килограм од сортата„смедеревка”.  Тоа според нив се реалните цени за најзастапените вински сорти кои тие ги пресметале за годинешнава гроздоберска реколта. Претседател на здружението „Напредни лозари” Трајче Кулев, вели дека тие бараат откупувачите на грозје да покажат […]

НЛБ Нов пензиски фонд преименуван во Сава пензиско друштво


НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Друштвото и во иднина ќе продолжи да управува со задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и со доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус. Промените следуваат откако словенечката компанија Сава […]

Невремето го уништи пиперот во Струмичко


„За 20 минути останавме без речиси целиот род на пиперот. Од никаде, без предупредување заврна дожд, со град и силен ветер и уништи сè што беше засадено на отворено“, вели струмичкиот градинар Данаил Паланков. Тој вели дека не помни во својот животот град да заврне во овој дел од југоистокот. Токму поради тоа неговите насади […]