НЛБ Нов пензиски фонд преименуван во Сава пензиско друштво


НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Друштвото и во иднина ќе продолжи да управува со задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и со доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус. Промените следуваат откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100% од акциите на пензиското друштво. Словенечката Групација Сава Ре во моментов поседува седум друштва за осигурување и две пензиски друштва, што ја прави една од поголемите групации во осигурителниот сектор во Југоисточна Европа.

„Една од нашите примарни цели во наредниот период ќе биде создавањето на услови за проширување на продажната мрежа и заедно со постојната продажна мрежа, што продолжува да функционира преку експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, да обезбедиме натамошно подобрување на кавалитетот на услугите“, соопшти менаџментот на „Сава пензиско друштво”.