Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фискалниот совет потпишаа меморандум за соработка


Во ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу УГД-Штип и Фискалниот совет. Ректорот на УГД-Штип Дејан Мираковски вели целта на денешниот настан е да се доближат практичните и реални проблеми кон студентите, со што ќе се приближат кон ново ниво на знаење. Мираковски додаде и дека се отвора нова […]

Над 100 илјади луѓе се во сивата економија: Ќе се менуваат законите за работни односи, за вработување…


Сет на закони од трудовото право како Законот за работни односи, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за мирно решавање на работните спорови ќе претрпат измени следнава година. Надлежните најавуваат година на сеопфатна законска реформа во делот на трудовото право со што ќе се подобри делот на заштита на работничките […]

Димитриеска-Кочоска: Дигиталната трансформација и новите технологии се клучни за одржлив економски раст


Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“ насловена  „The Economist MeetUp – The World Ahead“, која се одржа во Скопје. Како што потенцираше министерката, во услови на глобални […]

Божиновска пред Енергетската заедница: Македонија ја забрзува интеграцијата во европскиот енергетски пазар


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на состанок на Енергетската заедница, каде што ја презентираше реалната и мерлива динамика на напредокот на Северна Македонија во усогласувањето со европското енергетско и климатско законодавство и во јакнењето на регионалната енергетска интеграција. Во своето обраќање, министерката истакна дека изминатата година била обележана со […]

Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот, ИТ напади… Што утврди ДЗР за Министерството за економија и труд за 2024 година


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за економија и труд за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на изразување на мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени […]

Центарот за обука на МВР во Идризово доби фотоволтаична централа, донација од ОКТА


Центарот за обука на МВР во Идризово доби фотоволтаична централа, донација на ОКТА во вредност од еден милион евра и капацитет за производство на 55 мегават часови електрична енергија годишно. Фотоволтаичната централа со капацитет од 39,6 kWp, која ќе обезбедува значаен дел од енергетските потреби на овој стратешки важен објект каде што се реализира основната […]

Зелени коридори: ЕУ, Западен Балкан и Молдавија ја унапредуваат размената на царински податоци


Во рамки на Самитот ЕУ–Западен Балкан, царинските органи од земјите од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ потпишаа серија билатерални Меморандуми за разбирање (MoUs) за електронски размена на царински податоци, во склоп на иницијативата „Зелени ленти“ предводена од Секретаријатот на Транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА. Церемонијата на потпишување се одржа во зградата Берлајмонт на […]

Волстрит: Индексот СиП 500 паѓа четврти ден по ред


Средата го одбележа четвртиот негативен ден по ред за СиП 500 и 30-члениот Дау Џонс. Акциите паднаа во средата, бидејќи инвеститорите продолжија да ги отфрлаат клучните имиња во областа на вештачката интелигенција, поттикнати од извештајот дека најголемиот инвеститор на Оракл се повлекол од еден од неговите проекти за центри за податоци. СиП 500 падна за […]

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет


Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование.  На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на […]

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција


Европската воздухопловна и одбранбена компанија „Ербас“ соопшти денеска дека добила договор вреден 30 милиони евра (35,25 милиони долари) од европска агенција. Станува збор за рамковен договор со Европската агенција за поморска безбедност (EMSA) за обезбедување услуги со далечински управувани воздухопловни системи (RPAS) за повеќенаменски поморски надзор, преку беспилотниот летален систем Flexrotor. Овие услуги ќе ги […]

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ промовиран Центар за циркуларна економија


Поврзување на бизнис секторот со Универзитетот „Гоце Делчев“( УГД)- Штип со поддршка на државата е целта на денешното промовирање на  Центар за циркуларна економија во објектот на факултетите на  Кампус 2. Марија Дуковска-Павловска, претседател на Центар за циркуларна економија, вели ова значи дека се отвораат можност да се користат сите расположливи ресурси, намалување на отпадот […]

Директорот на Царинска управа во Брисел потпиша Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија


Директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија Георги Димов, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, во присуство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци. Како што информира Царинската управа, целта е забрзување на легалната […]

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески


Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска при посетата на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на […]

Како да се намали социјалната нееднаквост и сивата економија: Идентификувани бројни системски слабости


Тим професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и студенти на мастер по финансово право работат на научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“. Целта на проектот е да понуди креативни решенија кои ќе бидат доставени до носителите на политиките, пред се Министерството […]

„Непријателско преземање“: Драма во Warner Bros., реагираше и Трамп


Компанијата „Ворнер брос“ (Warner Bros. Discovery) денес ги повика своите акционери да ја отфрлат понудата на „Парамаунт“ (Paramount) за „непријателско преземање“ бидејќи верува дека потенцијалната трансакција нема целосна гаранција од милијардерите Лари и Дејвид Елисон, кои го контролираат „Парамаунт“. Непријателското преземање е процес на стекнување контрола врз компанијата, спротивно на желбите и без одобрение од […]

Случувањата во Бугарија не би требало да влијаат врз изградбата на пругата од Коридорот 8, вели Николоски


Актуелните случувања во Бугарија не би требало да влијаат врз текот на процесот за изградба на пругата од Коридорот 8, смета вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Работиме и ние и Бугарија. Мислам дека веќе сме во фаза каде што политиката нема влијание на целиот овој проект, вели Николоски. Тој денеска во изјава […]

Доделено признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година


Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по КОВИД-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна […]

Измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација го минаа комисискиот филтер


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ги изгласа и ги даде на натамошна постапка измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација, и давата по скратена постапка. Членовите на Комисијата позитивно се изјаснија и по Предлогот на закон за гаранција по однос обврските по Договорот за заем за финансирање […]

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје


Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, соопштија од банката. Народната банка даде одобрение за назначување на новиот директор, кој Банката ќе ја води во следниот период. Шахбаз e искусен професионалец кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор. Д-р Шахбаз својата кариера […]

Маск тужи старт-ап поради старото име и лого на Твитер


Компанијата „X Corp“ на Илон Маск вчера поднесе тужба против еден старт-ап поради неговиот обид да го присвои повлеченото име „Твитер“ и неговото лого со сина птица. Компанијата „Operation Bluebird“ (Операција Сина птица), во поднесок до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, тврди дека социјалната платформа X на Маск се откажала од брендот […]