Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација на компанијата


На простор од близу 700 м2 се спроведуваат активности како што се мониторинг на просториите и површините, мониторинг на системите за производство и дистрибуција на прочистена фармацевтска вода, мониторинг на компримираниот воздух, верификација на чистењето на процесната опрема, тестови за стерилност, идентификација на микроорганизми, тестирање на антимикробната ефикасност, потврда за ефикасноста на дезинфициенсите, како и […]

Мицкоски: Турска и германска компанија потврдија влез во Македонија, ќе инвестираат 80 милиони евра и ќе отворат 1 000 вработувања


Една турска и една германска компанија потврдиле дека ќе инвестираат во Македонија, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Се работи за компании од областа на високата технологија кои вкупно ќе инвестираат околу 80 милиони евра и ќе отворат околу 1 000 работни места. Како што рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Алкалоид“, до […]

Реакција на ТИТАН Усје: Сите мерења покажуваат дека нема отстапувања од законски дозволените лимити


  Компанијата ТИТАН Усје реагираше на информациите во медиумите околу степенот на загадувањето, при што нагласува дека таквите твдења се целосно неосновани и невистинити. Изјавата на ТИТАН Усје ја пренесуваме интегрално: „Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на измерени научни податоци и факти. За жал, и […]

(Видео) Над 20.000 анализи годишно ќе се прават во новата микробиолошка лабораторија во „Алкалоид“


Нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20.000 анализи годишно, отвори денеска фабриката „Алкалоид“ АД Скопје. Како што соопшти генералниот директор Живко Мукаетов, станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион евра. Според Мукаетов, новата инвестиција значи многу за проширување на портфолиото на лекови што ќе овозможи „Алкалоид“ да биде уште поконкурентна, не само во […]

Еуродизелот поевтинува за два денара


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот […]

Граѓаните бараат спас во банките за девизните приливи по поканите од УЈП


  Граѓаните кои добија од УЈП информација да платат данок за девизен прилив од странство пред пет години, почнаа да „копаат“ по банкарските сметки за да проверат дали износот кој го презентира УЈП соодветствува на нивните реални приходи од тој период. Проблемот е во тоа што записите кои што банките ги имаат на платформите за […]

УЈП ги сардиса граѓаните, бара да платат данок за приливи од странство пред пет години


  Стотици граѓани деновиве ги „окупираа“ шалтерите и канцелариите на Управата за јавни приходи во Скопје и во подружниците низ целата земја, откако на нивна адреса стигнаа решенија за плаќање данок за приливите што ги имале од странство пред пет години, колку што е и законскиот рок пред да застарат побарувањата. Некои обврската ја прифаќаат […]

Во ноември годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 12,7 отсто на кредитите 


Во ноември годинава годишниот раст на вкупните депозити изнесуваше 11 отсто, а на вкупната кредитна подршка 12,7 отсто, соопшти Народната банка. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 11,0%, што во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна […]

Конститутивна седница на Бизнис клубот Европа при Стопанската комора


Во Стопанската комора на Северна Македонија на 18 декември 2025 година се одржа конститутивната седница на Бизнис клуб Европа, новоформирано советодавно тело за прашања од значење за бизнис-заедницата кои имаат директно влијание врз стратешката цел на државата – интеграција во Европската унија и напредување во процесот на пристапните преговори. Бизнис клуб Европа е формиран на […]

Се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите


Во Народната банка (НБ) се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 12 години. На оваа сесија, како што информираат од НБ, беше претставен научниот труд „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на […]

Најбарани професии лани во ЕУ биле во продажба, маркетинг и производство


Највисока стапка на слободни работни места во ЕУ лани е регистрирана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, со 8,4%. Ова значи дека оваа професија имала најголема незадоволена побарувачка за работна сила, што укажува на можни тешкотии при регрутирање персонал. Овие бројки се делумно составени со користење на нов извор на податоци за онлајн огласи […]

Американски инвеститори преземаат мнозински удел во ТикТок


Кинескиот сопственик на ТикТок (TikTok), компанијата БајтДенс (ByteDance), потпиша обврзувачки договори со американски и светски инвеститори за преземање мнозински удел во неговиот бизнис во САД, им потврди на вработените извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чу. Овој договор, кој беше финализиран на 22 јануари оваа година, стави крај на повеќегодишните напори на Вашингтон да го […]

На јавна аукција одат 558 сопствени акции од Комерцијална банка – ќе има наддавање за цената


Пред Нова година ќе биде познато кога ќе се продаваат 558 сопствени акции од Комерцијална банка по пат на јавна аукција, што пак ќе повлече наддавање за цената од страна на пријавените потенцијални купувачи. Комерцијална банка вчера извести дека на 29 декември ќе ги објави сите детали поврзани со јавното наддавање, што значи тогаш ќе […]

Мицкоски во посета на фабриката „Алкалоид“


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети фабриката „Алкалоид“ АД Скопје во населено место Автокоманда, Општина Гази Баба. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, официјално ќе биде пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје. 

Трамп влегува во бизнисот со нуклеарна фузија


Компанијата зад социјалната мрежа на Доналд Трамп, Трут соушл (Truth Social), се спојува со енергетска компанија поддржана од Гугл во договор вреден повеќе од 6 милијарди долари. Трамп Медиа (Trump Media & Technology Group – TMTG) и „ТАЕ Технолоџис“ (TAE Technologies) ги објавија плановите денес, велејќи дека овој потег ќе „создаде една од првите јавно […]

Бундесверот потпиша договор со Рајнметал за сателити во износ од 1,7 милијарди евра


Големиот германски изведувач на одбрана Рајнметал обезбеди договор од 1,7 милијарди евра (2 милијарди долари) со германските вооружени сили, или Бундесвер, за својот нов бизнис со вселенски сателити, објави компанијата во четврток. Повеќегодишниот договор со канцеларијата за набавки на Бундесверот вклучува опција за продолжување. Договорот се однесува на пристап до податоци за вселенско извидување обезбедени […]

Основната каматна стапка на ЕЦБ останува на два проценти


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска донесе одлука да ја задржи основната каматна стапка на непроменето ниво на два проценти, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на Еврозоната по една година нестабилност. Денешната одлука следи откако, Банката пред три месеци ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Еврозоната за оваа година […]

Беџети: Потребна е фискална консолидација


Оценување на макроекономските состојби и ризици, сочинување на фискалните политики и надгледување и надзор над фискалните правила се трите главни столба на Фискалниот совет во државата. Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети кој по потпишувањето на меморандумот за соработка со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски одговараше на новинарски прашања рече дека […]

Бензините поевтинуваат за два денара


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна […]

Следната недела седница на Економско-социјалниот совет, тема и минималната плата


Следната недела треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која се очекува да стане збор и за минималната плата. Од Владата остануваат на ставот дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, а бизнис секторот се надева дека ќе биде прифатен нивниот предлог за олеснувања во делот на […]