Македонија на дното во Европа според помошта на економијата


Македонија и понатаму останува на дното на листата на земји во Европа по издвоени пари за економска помош на стопанството поради корона-кризата. Ова го покажува анализата на Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Србија. Меѓу земјите во регионот најмногу тежи подршката од Србија и таа изнесува високи 11 проценти од бруто-домашниот производ, по […]

Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска: Народната банка е гарант за стабилноста на цените и на денарот


Клучно е што шокот со којшто економиите се соочуваат заради пандемијата на Ковид-19 не е од економски карактер, односно не се должи на порозност на економските фундаменти. Оттука, тој не би требало да се одрази позначајно врз долгорочниот потенцијал за раст   Мирче Јовановски Народната банка е една од институциите од кои зависи како Македонија […]

Холдингот на Ворен Бафет со загуба од 50 милијарди долари


„Беркшир Хатавеј“, холдингот на Ворен Бафет објави нето загуба од 49,75 милијарди американски долари во првиот квартал по намалувањето на инвестициското портфолио, по потресите на глобалните берзи предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Во текот на истиот период минатата година, компанијата објави профит од 21,7 милијарди американски долари. Беркшир Хатавеј досега не објавил толку голема загуба, […]

„Алкалоид“ со раст на инвестициите од 42% и со 56 нови вработувања


  Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-март 2020 година, продажбите достигнуваат 2.509.772.821 денари, што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3.367.918.093 денари, што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Повисокиот раст на продажбите во првиот квартал […]

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката


Вкупно   356  барања  за финансиска подршка за исплата на плати се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на  вчерашниот ден. Врз основа на Уредбата за финансиска подршка за работодавачите за исплата на плати за април и мај, која беше изменета и дополнета вчера, Управата за јавни приходи го постави образецот БФП-ИП согласно измените и го овозможи […]

До 1 април на фирмите им биле вратени 145 милиони евра за ДДВ


Од почетокот на годинава, заклучно со април, фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7 проценти повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопштија од Министерството за […]

Владата објави повик за стратешки инвестиции


Владата денеска соопшти дека е објавен јавниот повик за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект, согласно Законот за стратешки инвестиции. -Од Законот за стратешки инвестиции произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициски проекти од највисок стратешки приоритет за државата и има за цел […]

Атанасов: Најмногу се контролираат кетерингот, малопродажбата и маркетите


Граѓаните може да бидат спокојни. Инспекторите се постојано на терен. Покрај редовните, интензивно вршат и засилени, вонредни контроли. КОВИД-19 не може да се пренесе преку храната, со нејзина консумација, но може при механичко манипулирање – преку пакувањата на производите во маркетите. Затоа сите, како потрошувачи, мора да се придржуваме до препораките, заедно да придонесеме во […]

Прилепските стопанственици бараат да им се плати сработеното и да се реализираат ИПАРД програмите


Клима за работа, наплата за сработеното, пристап до европските средства и обуките за работењето во новите услови се пресудни за дел стопанственици од Прилеп, за да заживее стопанството. Тоа, според нив, ги гарантира и работните места. Владината помош не е пресудна, особено за градежната индустрија. Најбитно е да се наплати сработеното и да профункционира ИПАРД […]

ЕЦБ предвидува криза во економијата до крајот на 2022 година


Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио во кое на економијата во еврозоната може да и биде потребно време до крајот на 2022 година за да го достигне нивото пред пандемијата. Ова се наведува во извештајот објавен од финансискиот регулатор. При песимистичко сценарио, бруто домашниот производ во еврозоната може да се намали за 12 отсто […]

ССМ тврди: Ги враќаме назад отпуштените работници


Социјалниот дијалог што го води ССМ со Владата и аргументираните барања даваат резултати, истакнува Сојузот на синдикати во соопштението кое уследи по објавата на Владата дека се изменети двете уредби кои во изминатите денови наидоа на жестоки реакции од страна на синдикалните организации. – Првомајска победа на ССМ. Стоп за можноста за отпуштање на работници. […]

Најбогатиот Индиец се откажува од платата до закрепнување на компанијата


Најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани најави дека нема да ја зема својата месечна плата се додека неговата компанија „Ријаланс индастриз“ – конгломерат кој се занимава со преработка на нафта, производна дејност и телекомуникациски услуги – не се избори со финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на новиот коронавирус. Амбани ја објави таквата одлука откако компанијата соопшти дека, […]

„Трета среќа“ за мерката 14.500 денари или повторно ќе се бара нејзина промена?


Денес, на Меѓународниот Ден на трудот, 1 Мај, Владата им удоволи на барањата на синдикатите и направи уште една промена на Уредбата со која се условува помошта за исплата на плати од 14.500 денари. Така, на оваа владина мерка може да сметаат работодавачите кои нема да отпуштаат вработени, освен во строго определни случаи. Ова е […]

Влада: Се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос


Работодавачите кои ќе користат финансиска поддршка за исплата на плати не смеат да го намалат бројот на вработени во април, како и два месеца по завршување на мерката, односно заклучно со јули. Ова е измената на Уредбата за финансиска поддршка за плати што Владата ја усвои денеска  на продолжението на 48-та седница. Покрај ова, донесено […]

Народна банка: Финансиската стабилност ќе биде одржана  


Комитетот за финансиска стабилност одржа седница со учество на сите финансиски регулатори   Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона-кризата. Прудентната регулатива на финансиските регулатори, во голем дел е усогласена со европските регулативи, придонесе системот да е во кондиција со што може да се справи со шокот предизвикан од пандемијата на ковид-19. Ова […]

Италија отвора два аеродрома по два месеца


Италија најави дека следната седмица го отвора аеродромот „Чампино“ во Рим и „Перетола“ во Фиренца, кои беа затоврени поради пандемијата со корона вирус. Двата аеродрома беа затворени од 13 март, а повторно ќе се отворат на 4 мај за патнички сообраќај, соопшти италијанското министерство за сообраќај. „Чампино“ главно го користат нискотарифни авиокомпании, посебно „Рајанер“, додека […]

Приватните кредитори и Парискиот клуб намалуваат долгови на најсиромашните


Кредиторите од Парискиот клуб и приватниот сектор се согласија на вонреден он-лајн состанок за соработка во иницијативата за намалување на долгот на најсиромашните држави почнувајќи од денеска. Парискиот клуб и Меѓународниот институт за финансии (ИМФ), во кои се повеќе од 450 банки, хеџ фондови и други финансиски институции, објавија дека пандемијата на корона вирус создаде […]

Светска банка ги одобри 90-те милиони евра за Македонија


Канцеларијата на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90-те милиони евра за поддршка на земјава за спречување на корона вирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата. – Со Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19 ќе се обезбеди директна поддршка за ограничување на локалното пренесување […]

Вухан покажува дека крајот на ограничувањата е само почеток на кризата од Ковид-19


Малите бизниси страдаат и покрај укинувањето на ограничувањата во Вухан   Во целиот свет луѓето ја чекаат најавата дека пандемијата на коронавирус е под контрола и дека можат да се вратат кон нормалниот живот. Но, кинескиот град кој беше центар на пандемијата покажува дека нормалното сепак може да биде далеку. Откако официјалните претставници на 8 […]

САД ги полнат до максимум стратегиските резерви со евтина нафта


САД разгледуваат можност за полнење на стратегиските резерви со евтина нафта од уште неколку стотина милиони барели, изјави министерот за финансии Стивен Мнучин. На состанок во Белата куќа синоќа по повод состојбата со нафтената индустрија на САД и помошта за нафтените компании, Мнучин изјави дека властите разгледуваат дополнување на стратегиските резерви за нафта (СПР) со […]