Катар во мега шопинг – нарача 100 танкери за 19 милијарди долари

Компанијата „Катар Петролеум“ потпиша договори за изградба на бродови со јужнокорејската „голема тројка“ меѓу бродоградилиштата, од кои ќе обезбеди повеќе од 100 танкери по цена од 70 милијарди катарски риали (19,23 милијарди американски долари), објави денеска катарскиот нафтен гигант.

Потпишани се договори со компаниите „Даеву бродоизградба и бродски инженеринг“, „Хјундаи тешка индустрија“ и „Самсунг тешка индустрија“.

Договорите на бродоградителите од Јужна Кореја за изградба на танкери за транспорт на течен природен гас (LNG) за „Катар Петролеум“ ќе обезбедат значителна искористеност на производствени капацитети до 2027 година.