Приливите од дознаки во Србија во март помали за 28 милиони евра


Во Србија во март врз основа на дознаки се слеале 214,6 милиони евра, што е за 28 милиони евра или 11,5 отсто помалку од истиот месец минатата година, јавија српските медиуми. Од Народна Банка на Србија објаснувааат дека намалувањето е последица на пандемијата на корона вирус во светот. Речиси една третина од сите приливи по […]

Милиони Американци пријавиле невработеност


Изминатата недела повеќе од два милиони Американци се пријавиле за исплата на бенефиции поради невработеност, откако кризата со пандемијата ја затвори економската активност во САД. Бројот на пријавите за исплата, се поднесуваат во сојузните држави, во неделата што измина заклучно 16 мај, изнесувал 2,44 милиони, се дознава од податоци објавени денеска од Министерството за труд. […]

Народна банка: Вкупните депозити непроменети, кредитирањето продолжува да расте


Вкупните депозити се непроменети во споредба со март, а годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата, покажуваат податоците на Народната банка. Според објавените податоци вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, а на годишниот раст на вкупните кредити од 5,5 отсто се што должи на зголеменото кредитирање […]

Потписот на Димитриевска Кочовска го закочи кредитот од 90 милиони евра од Светска банка


Министерот Филипче вели дека Димитриевска-Кочовска неколку пати испраќала барање до Министерството за здравство за објаснување за што ќе се употребат средствата и исто толку пати и било одговорено   Дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, Гордана Димитриевска-Кочовска речиси еден месец не го потпишува документот со кој ќе се одблокираат 90 милиони евра кредит од Светска […]

Мартовската нето плата 26.422 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто. Бруто платата, пак, била 39.437 денари што е раст од 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна […]

Корона дијалози за туризмот и угостителството


Третата тема од серијалот Корона дијалози „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз туризмот и угостителството“ се одржа во услови кога пандемијата затвори многу економски активности, а први на удар беа секторите во угостителството и туризмот. Во отворена дискусија покрај главните говорници, во Дијалогот се вклучија професори, туристички работници и студенти од ФТУ кои изразија […]

Решението за екстра лесната нафта вклучува и подобрување на нејзиниот квалитет


Анализата за акцизата на екстра лесното гориво е изработена од Царинската управа и очекуваме во текот на следната недела да имаме заеднички состанок и да ги погледнеме резултатите и од таму да преземеме соодветни чекори за системски решенија, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Ангеловска нагласи дека се работи за проблем, односно нешто што […]

Платежните картички и средствата граѓаните ќе ги добијат во периодот јуни-јули


Платежните картички и средствата граѓаните очекуваме да ги добијат во периодот јуни-јули, како што стои во пакетот, додека ваучерите за туризам граѓаните би ги добиле јуни, најдоцна јули, а предвидено е да се користат до крајот на 2020 година, соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, нагласувајќи дека уредбите за користење на овие […]

Со платежните картички нема да може да се подигнува готовина


Со платежните картички кои ќе ги добијат околу 100 илјади граѓани како мерка за справување со последиците од корона кризата нема да може да се подигнува готовина од банкоматите, туку тие ќе служаат исклучиво за безготовинско плаќање, рече денес министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција, одговарајќи на прашање на новинарите. Таа објасни дека […]

Светска банка: Имаме нулта толеранција за корупција, ќе го следиме секој потрошен денар


Партиските препукувања, според кои помошта што че се дели со економските мерки ќе се искористи за поткуп на гласачите и корупција ја испровоцираа Светска банка да излезе со реакција и порака дека сериозно ја зема во предвид загриженоста околу тоа како ќе се трошат парите што и ги даде на Македонија и ќе спроведе силен […]

Мартенс: Конкурентноста станува се поголем предизвик


Туризмот во февруари и март претрпе штета од 80 отсто, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство   Зголемувањето на платите треба да биде во кореалција со пораст на продуктивноста, укажува Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство, во неговата дневна телеграма. Тој исто така се осврнува и на проблемите во туризмот предизвикани од […]

Потврдете ја Годишната даночна пријава – рокот истекува на 31 мај


На 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или коригирање на Годишната даночна пријава. По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, соопштија од УЈП. На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни […]

УНДП: Поради Ковид-19, стапката на човековиот развој ќе почне да опаѓа за првпат од 1990 година


Стапката на глобалниот човеков развој – која може да се измери како комбинација од стандардите на образование, здравство и живеење низ светот – годинава може за првпат да опадне откако беше воведен концептот во 1990 година, предупреди денеска Програмата за развој на обединетите нации (УНДП). – Светот се има соочено со многу кризи во изминатите […]

„Рено“ планира да затвори неколку фабрики во Франција


Францускиот производител на автомобили „Рено“, размислува да затвори неколку фабрики во Франција, како фабриката во Флин, која го склопува електричниот градски автомобил „Зое“ и „Нисан Микра“, како дел од огромниот економски план, што ќе биде објавен следната недела, јави дописникот на МИА. Според пишувањето на денешното издание на „Ле Канард Аншене“, а преземно од сите […]

Совет од Исак Адижес: Меѓусебна доверба и почит е клучот за надминување на кризата


М6 Едукативниот Центар организираше бесплатно предавање за македонската јавност со д-р Исак Адижес, еден од најценетите консултанти на држави и компании во светски рамки. Онлајн предавањето на реномираниот бизнис и организациски консултант, д-р Исак Адижес на тема „Менаџирање во време на криза и што потоа“ предизвика огромен интерес во јавноста, особено кај претприемачите и носителите […]

Угостителските објекти ќе бидат отворени најрано во вторник


Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека тие ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок. -Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од […]

Одобрен пакетот помош за Македонија и другите соседни земји на ЕУ


Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина. Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем […]

Коморите бараат „туристички балон“ за Западен Балкан, а од ЕУ да ги укине заштитните мерки за увоз на челик


Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во кои се вклучени стопанските комори од земјите на Западен Балкан, покрена иницијатива земјите од регионот да бидат изземени од примената на заштитните мерки за увоз на челик во ЕУ, соопшти денес во видео обраќање Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Коморскиот инвестициски форум исто така го […]

Угостителите бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенефициран стаж


Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи. – Бараме да се изнајде начин сите работници од нашите сектори да […]