Најголемиот комерцијален патнички авион „Ербас А380“ заминува во историјата


Последниот конвој со делови на А380 на пат кон погонот за склопување во југозападна Франција го означува крајот на една ера во авијацијата

 

Последниот конвој со делови од најголемиот авион во светот се движеше кон фабриката за склопување во југозападна Франција доцна во средата, проследен со аплаузи од жителите и производителите, додека „Ербас“ во Европа се подготвува да го произведе последниот суперџамбо А380.

Камионите кои ги носеа трите делови за трупот на воздухопловот се протегаа низ руралното село Левињак на патот кон Тулуз, каде ќе се состави последниот суперџамбо пред да заврши производството на овој модел во 2021 година, само 14 години по неговото влегување во сообраќај.

Соочен со слаба продажба на четири-моторниот воздухопловен џин, поразен од поефикасните помали авиони како „Ербас А350“ и „Боинг 787“, „Ербас“ го најави почетокот на прекинот на производство минатата година.

Воздухопловот овозможи регионот да живее, заедно со сите села во околината и луѓето што го изградија. Прекрасно е“, вели Кристијан Инард, која проследи речиси 300 конвои како лазат покрај нејзината дневна соба од првиот во 2004 година.

„Ербас сè уште има рекордни нарачки за помали авиони, но А380 се приземјува исто како што капиталот од оваа индустрија во Европа се соочува со големи притисоци врз работните места како резултат на кризата со коронавирус.

Еден камион го носеше знакот „Збогум Сен-Назаир“, називот на француската фабрика во која се монтирани некои од деловите.

„Беше тешко“, вели Пеги Јуниер, кој го постави црвениот нос на последниот преден дел во Сен-Назаир.

„Ербас“ заработи милијарди на својата визија за авиони со 555 седишта. Без А380, тврдеа директорите, „Ербас“ не би можел да го спои конзорциумот на Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија во еден европски субјект.

Индустриските проблеми со А380 го принудија Ербас да научи тешки лекции, што ѝ помогна на компанијата да го изгради А350 на време, со неколку удари.

„Ова е авион што ги собра сите четири европски партнери и беше забрзувач на ‘Ербас’“, вели шефот на програмите, Филип Мон. „Сите сме убедени дека ‘Ербас’ не би бил тоа што е денес без А380“. (Ројтерс)