Нацрт буџетот на ЕУ за идните седум години предвидува 12,6 милијарди евра за проширувањето
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, ја презентираше последната верзија на неговиот предлог буџет за периодот 2021-2027, повеќето ставки се намалени, но за претпристапниот инструмент сликата е малку покомплексна, јавува дописничката на МИА од Брисел. Во пресрет на самитот на ЕУ идната недела на кој лидерите треба да постигнат значаен напредок во преговорите за седумгодишниот …