Вината на „Тиквеш“ со 24 награди на три светски натпревари

Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 24 медали на три светски натпревари што неодамна се одржаа во Европа и Азија, а наградена е и тиквешката „Лозова ракија VS“.

Најголем број награди, од кои шест златни, два сребрени и три бронзени медали, се освоени на винскиот натпревар во Кина – China Wine & Spirits 2020 во конкуренција на вина од 55 земји. На летната сесија, пак, на винскиот натпревар Mundus Vini, во конкуренција од 11.000 вина од светот освоени се три златни и еден сребрен медал. На интернационалниот натпревар за вино и жестоки пијалаци  (International Wine and Spirit Competition – IWSC), што се одржа во Лондон, производите на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освоиле вкупно девет медали и тоа две сребрени и седум бронзени.

– Од почетокот на оваа година и покрај ограничувањата и предизвиците што ги донесе кризата со Ковид-19, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 50 медали на најпрестижните светски вински натпревари што се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Кина, со што винарската визба „Тиквеш“ одново го потврди успехот од минатите години, потврдувајќи и зацврстувајќи ја својата репутација на најуспешен производител на автентични вина со врвен квалитет, велат од компанијата.