Барањата за смена на Јаневски се упатени на погрешна адреса, велат од Стопанската комора за туризам


Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) изразува чудење за наведените причини со кои се бара оставка на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и смета дека се упатени на погрешна адреса. Порачува дека наведените аргументи не навлегуваат во ингеренциите на агенцијата, туку се во надлежност на Секторот за угостителство при […]

СОНК бара да им се плати прекувремената работа на наставниците, а хроничните болни да работат од дома


Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ги повика директорите од основните училишта, на вработените во настава со физичко присуство кои имаат зголемен обем на работа, во октомвриската плата да им биде пресметан дополнителниот број часови наметнати поради пандемијата. Од МОН бара да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство на хронично болните наставници […]

Индустријата и натаму во минус – 3,9 отсто во септември, од почетокот на годината 12,1 отсто


Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, бележи пад од 12,1 отсто. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство […]

Битиќи не поднел анкетен лист за имотната состојба


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се уште не поднел Анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа што поседуваат неговите најблиски во Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.  Битиќи не поднел ниту изјава за интереси во која треба да наведе колку и какви бизниси евентуално поседува, дали и колку […]

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 8 отсто и со двојно зголемени инвестиции во периодот јануари-септември 2020 г.


Фармацевтската компанија „Алкалоид“ во првите девет месеци годинава оствари раст на консолидираните продажи од 8 отсто и двојно зголемени инвестиции, покажуваат резултатите од работењето во периодот јануари-септември 2020 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2020 година, продажбите достигнуваат 6.900.199.436 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот […]

Бектеши на средба со менаџментот на СКСЗМ


Зајакнување на соработката помеѓу Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) и Министерството за економија, во делот на креирање на мерки и политики за подобрување на условите за работа на компаниите, беше целта на денешната работна средба на министерот за економија Крешник Бектеши со претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, потпретседателите Арсим Папранику, Ејуп Абдулаи и членот […]

Предлог Законот за буџетите е општ и треба да се доработи, смета Фајнанс тинк


Економскиот институт Фајнанс тинк (Finance Think) оценува дека предлог Законот за буџетите е значаен чекор напред во подобрување на управувањето со јавните финансии, но со исклучок на постапките за планирање и извршување на буџетот, е општ, без специфични чекори и потребно е да претрпи доработка. Најмногу забелешки има околу Фискалниот совет. Во најновиот коментар овој […]

И Независната угостителска комора бара смена на директорот на Агенцијата за промоција на туризмот


Независната угостителска комора (НУК) се приклучува кон барањето за смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и за избор на нов директор на предлог на реалниот сектор. Од НУК предлагаат да се изврши и промена на името на институцијата во Агенција за поддршка и промоција на туризмот и угостителството со што […]

Во банките се чуваат над 418 милијарди денари, депозитите растат и во време на криза


Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418.644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор. Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278.469 милиони денари, од нив денарски се 145.806 милиони денари, а во странска валута 132.663 милиони денари. […]

Ребалансот во Собрание, се чекаат парите за мерките за олеснување на влијанието од ковид-кризата


Ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, поради корона-кризата, веќе е на пленарна седница од вчера. Неговото носење ја чека реализацијата на мерките од четвртиот пакет, кој значи поддршка за граѓаните и стопанството, а дополнително со амандманска интервенција е обезбедена и финансиска поддршка за децата без родители. Расправата треба да продолжи и […]

За занаетчиите 15 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на состанок со претставници од Секцијата на фризери при Занаетчиската комора на Скопје  ги претставил  мерките за поддршка на занаетчиите и самостојните вршители на дејност преку Министерството за економија, како и финансиската поддршка од четвртиот сет на мерки кои што ги донесе Владата.  –По донесувањето на ребалансот на Буџетот, Министерството за економија […]

Битиќи и Павлески ветуваат подобри услови за инвестирање


Контакти и привлекување странски компании кои имаат знаења и искуство во работата со високо развиени технологии и кои создаваат производи со додадена вредност, како и поттикнување домашни компании да реализираат инвестиции со кои ќе ги прошируваат производните капацитети и ќе бидат атрактивни партнери на високо развиени компании со што им се отвораат можности да станат […]

РКЕ: Компаниите не доставија анализи зошто бараат зголемување на маржите за нафтените деривати


Пред да биде донесена одлуката за густини и маржи на нафтените деривати во текот на август од страна на поголемите трговци беа доставени одделни барања за промена за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. Единствена причина поради која беа поднесени барањата за зголемување на маржата е за да им се врати ликвидноста која им […]

Бесими: Стотици илјади граѓани и илјадници фирми го очекуваат ребалансот и четвриот пакет мерки


Финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во село Липково и водоснабдување во Мала Речица, довршување на филтер станицата во Штип и Карбинци, реставрација на мост во село Уланци, дополнителни средства за одржување археолошки локалитети и средства за организација […]

Во Собранието почна расправата за ребалансот на Буџетот


Собранието ја почна распоравата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој ги содржи и амандманите  од комисиската расправа. Согласно Деловникот расправата трае пет работни дена. Предлогот пред пратениците го образложува министерот за финансии Фатмир Бесими. -Денеска пред вас се наоѓа документ, на кој чекаат многу […]

Македонија и Косово ќе имаат заеднички железнички премин


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  по средбата со неговијот косовски колега Арбан Абраши порача дека унапредувањето на регионалната поврзаност е од огромно значење за двете земји преку изградбa на автопатот од Скопје до Блаце, поврзување со гасоводот и изградба на зедничка железничка станицa. На средбата во Приштина се разговараше за патното поврзување и […]

Исплатени 77 отсто од заштедите во Еуростандард банка покриени од Фондот за депозити


До денеска се исплатени вкупно 3,2 милјарди денари за обештетување на депонентите од „Еуростандард банка“ која е во стечај. Од Фондот за осигурување на депозити информираа дека тоа е близу 77 проценти од вкупните средства упатени до четирите банки преку кои се врши исплатата на обештетувањето. До денес се исплатени и близу 10 милиони денари […]

Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција


Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не […]

ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобрување на бизнис условите


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска и претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији потпишаа Договор за соработка чија цел е вложување заеднички напори за реализација на политиките неопходни за унапредување на занаетчиската дејност и креирање поволно деловно опкружување за целото стопанство. – Сојузот се залага за обезбедување услови за работа […]

Во вториот квартал имало 120.214 помалку претплатници во мобилната телефонија


Заклучно со вториот квартал годинава во државава имало 1.777.194 активни претплатници во мобилната телефонија. Од нив 259.463 се деловни постпејд линии, додека кај резиденцијалните 851.325 претплатници се постпејд, а 666.406 припејд. Во однос на првиот квартал годинава бројот на претплатници во мобилната телефонија е намален за 120.214, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации […]