Битиќи не поднел анкетен лист за имотната состојба


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се уште не поднел Анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа што поседуваат неговите најблиски во Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.  Битиќи не поднел ниту изјава за интереси во која треба да наведе колку и какви бизниси евентуално поседува, дали и колку има свои блиски што се вработени во јавниот сектор, дали има судир на интереси и слично.

Битиќи пред два месеци за прв пат е избран како државен функционер, а претходно извршуваше само партиска функција во СДСМ како претседател на комисијата за финансии, а беше и советник за економија во премиерскиот кабинет на Зоран Заев.

Премиерот Заев за Битиќи рече дека во Владата доаѓа од бизнисот, како поранешен извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.