УЈП: Можни се прекини на електронскиот систем за ГДП, но тоа не ги оштетува правата на корисниците
Краткотрајниот прекин на електронскиот систем за генерирање и доставување претпополнети даночни пријави (ГДП), како оној што се случи денеска од 09:30 часот до 10:30 часот, не нанесува штета на правото на корисниците, односно на граѓаните кои се регистрирани бидејќи тие ќе можат да ги потврдат или коригираат претпополнетите ГДП заклучно со крајниот рок 31.05.2019 година. …