Таксистите лани извозеле 75 милиони километри и превезле 39 милиони патници


Фото: Б. Грданоски

Со такси лани се превезени 39.072.000 патници, од кои 33.970.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот се превезени 5.102.000 патници.
Податоците ги објави денеска Државниот завод за статистика и се однесуваат за 2.296 патнички автомобили од 207 извештајни единици. Тие оствариле вкупно 75.306.000 километри, од кои 65.715.000 во градскиот превоз, во меѓуградскиот 9.591.000 километри.
Потрошени се 218 тони бензин, 6.279 тони дизел и 2.599 плин.