Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре


Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре. На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари. Од Управата за јавни приходи за МИА информираат дека […]

Азески: Бизнисот бара брзи и одлучни решенија, а не дискусии


Не дискусии, туку брзи и одлучни решенија базирани на реални проценки, му се потребни на бизнисот во овој момент. Да ги оставиме настрана сите расправии „истресени од ракав“, да заборавиме на неплодните дискусии за историјата и да ги промениме уништувачките изрази „јас знам сé“, „кој е тој да ми кажува“, „јас одамна реков“, кои само […]

Што значи победата на Бајден за даноците, недвижностите, долговите?


Џо Бајден е подготвен да биде следниот претседател на државата, а неговата агенда ги буди надежите дека ќе ги подобри финансиите на гласачите и ќе ја зајакне економијата која е нагризена од корона вирусот. Зголемување на даноците за богатите, проширено здравствено осигурување и простување на студентските заеми беа дел од проектите на списокот на обврски […]

М-НАВ: 24 години од комплетното преземање на воздушниот простор


Во раните утрински часови на 07 ноември пред 24 години тогашната Обласна контрола на летање Скопје ја превзема надлежноста на целиот воздушен простор на Република Македонија, кој до тогаш беше контролиран од Белград согласно поделбата помеѓу контролите на летање во Загреб и Белград уште од времето на СФРЈ, соопшти М-НАВ, по повод годишнината. Од таму […]

Ќе има трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ, најавува Џонсон


Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска изјави дека по Брегзит ќе се воспостави трговски договор со Европската унија. – Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери, рече Џонсон. Британскиот премиер истакна дека договорот е близу. – Само треба да се фатиме за […]

Убер регистрира загуба од 5,8 милијарди долари


Компанијата Убер во првите три квартали од годинава забележа загуба од 5,8 милијарди долари поради негативното влијание на пандемијата на коронавирусот. Сепак, компанијата се надева дека ќе може да оствари профит следната година. Во третиот квартал, приходите на Убер беа 3,1 милијарди долари или 18 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. Еден ден по претседателските […]

Нацевска: Новини во платежните услуги и системи со  усогласување со директивите и регулативата на ЕУ  


Во рамките на можностите да се користат новите начини на плаќање, со тоа се заштедуваат ресурси и време и се постигнува ефикасност, а во актуелните околности се штити и сопственото и јавното здравје, апелира вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска. Според неа, транспонирањето на директивите и регулативите на ЕУ, коешто тековно се одвива засилено, ќе […]

Финска планира „безбеден туризам“ за странци во текот на зимата


Финска е држава со најмала стапка на заразени со Ковид-19 во Европска Унија, а владата на скандинавската земја планира да не изгуби голем број туристии оваа зима. Финската влада подготвува закон со која ќе ја отвори земјата за туристи околу Божиќ, 25 декември, но не и порано. Владата во Хелсинки следната недела ќе соопшти што […]

Оптимизмот се враќа на берзите – акциите скокнаа по претседателските избори во САД


Цените на акциите на светските берзи минатата недела нагло пораснаа, надоместувајќи ги сите загуби од претходната седмица, бидејќи инвеститорите очекуваат нови економски стимулации по претседателските избори во САД, пишува порталот SEEbiz. На Вол Стрит, индексот Дау Џонс минатата недела порасна за 6,9 проценти, на 28.323 поени, додека С & П 500 скокна за 7,3 проценти […]

Почнува враќањето на пари од „Викенд без ДДВ“, над 200 илјади граѓани ќе добијат околу 1 милион евра


Исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат од следната недела, најави вчера на прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, откако во Собранието беа донесени ребалансот на Буџетот и законите кои овозможуваат реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата. Бесими не прецизира колку вкупно […]

Италија одобри нов пакет помош во вредност од 2,9 милијарди евра


Италија денеска одобри нов пакет финансиска помош во вредност од 2,9 милијарди евра, со цел да се олесни економската стагнација на земјата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Мерките ги договор Владата во текот на ноќта, изјави извор упатен во одлуката. Ограничувањата поврзани со коронавирусот, кои вчера стапија во сила, ја делат земјата во три зони […]

ФАО: Цените на храната растат петти месец по ред


Цените на храната растат петти месец по ред, што укажува на постепено закрепнување од шокот предизвикан од пандемијата, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на цените на основните прехранбени производи во октомври се искачи во просек на 100,9 поени, најмногу од јануари. Тоа е за 3,1 поени повеќе од ревидираната вредност во септември. […]

Блокирани сметките на фирмите што ја злоупотребија државната помош


Управата за јавни приходи ги блокирала сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки, а на дел од нив им биле повлечени средствата кои ги добиле. Ова го исткана денес на прес конференција директоркаата на УЈП, Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање. „Имињата на сите компании […]

Стартува финансиската поддршка од Четвртиот пакет – изготвени закони и дизајнирани 22 мерки


Законските измени за 22 мерки од вкупно 31 мерка од Четвртиот пакет, кои се во надлежност на Министерството за финансии, се веќе донесени или пак се во собраниска процедура, или се изготвени и се ставени на јавна консултација на ЕНЕР. Ова го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на заедничката прес-конференција со директорката на Управата […]

Наместо со картички помошта на ранливите категории граѓани ќе оди преку транскациски сметки


Ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно. Целта на ваквата одлука, како што информираа на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни […]

Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото? – нов текст од серијалот „Економија за секого“ на НБ


Oбјавен е нов текст од серијалот текстови ЕКОНОМИЈА ЗА СЕКОГО: Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?, соопшти Народната банка.   Текстот е достапен на следнава врска: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-zosto-imame-rezim-na-stabilen-devizen-kurs-na-denarot-vo-odnos-na-evroto.nspx Серијалот „Економија за секого“ содржи текстови коишто накратко обработуваат значајни прашања од доменот на работењето на централната банка, работењето на деловните банки и макроекономијата. […]

ЕУ ќе воведе такси за САД поради субвенционирање на Боинг


Европска унија следната недела ќе воведе такси на увозот на артикли од САД во вредност од четири милијарди долари поради американските субвениции за производителот на авиони Боинг, најавија неименувани дипломати на ЕУ. Одлуката за воведување на такси на увозот од САД треба да биде соопштена в понеделник на состанокот на министрите за трговија на ЕУ. […]

Пошта треба да го промени фокусот на работењето и акцентот да го стави на пазарот на пакети, смета регулаторот


Евентуалната приватизација или јавно-приватно партнерство на националната Пошта за што во наредниот период ќе се изработува физибилити студија првично нема да влијае на намалување на цената на универзалната услуга. Но овој процес, според надлежните, треба да го унапреди квалитетот на работата и зголемување на портфолиото на услугите на националниот оператор и тој да настапува по […]

И Франција бара странски инвеститори за да закрепне економијата од корона кризата


Поддршка за инвестиции за францускиот план за закрепнување од пандемијата, насочен кон заштеда на работни места и започнување на „позелена“ поконкурентна економија бара меѓу меѓународните компании, францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон на видео конференција синоќа разговараше со извршните директори на осум големи меѓународни групи, обидувајќи се да ги убеди дека Франција е добро место додека […]

Катастарот ги демантира наводите на КСС


Агенцијата за катастар на недвижности ги демантира „лагите и дезинформациите“ на Конфедерацијата на слободни синдикати дека не презела мерки и не спроведува мерки за заштита и превенција на вработените од корона вирусот и тврди дека целосно ги спроведува сите мерки и протоколи за заштита на здравјето на вработените и на граѓаните. Ктастарот пишува дека согласно […]