Бектеши: Падот на БДП во третиот квартал е очекуван, годинава нема да надмине 4,5 отсто


Во третиот квартал од годинава имаме намалување на БДП од 3,3 отсто што е согласно очекувањата одстрана на Владата и проекциите од Министерството за финансии, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Имајќи го во предвид трендот што се движи во нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движи од 4,2 до 4,5 отсто, рече Бектеши во одговор нановинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека сде покажува оти економските мерки на Владата даваат резултати.

-Ивештаите за туризмот, индустриското производство  и извоот и увозот за октомври годинава покажуваат дека бројките одат само во нагорна линија.Очеркуваме со завршувањето на пандемијата да имаме уште поголемо зголемување на БДП во 2021 година, потенцира Бектеши.