Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено


Ако цената за килограм грозје падне под ланската, берба нема да има. Родот ќе остане на нивите, порачаа денеска претставниците од регионалното здружение „Напредни лозари” на средбата со министерот за земјоделство Трајан Димковски во месноста Моклиште, Ваташа, кај Кавадарци. Министерот Димковски ги слушна нивните барања за цената, но и проблемите со извозот кои, како што …

Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено Read More »

Сугарески задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции


Во целата држава во последните 30 години се нема изградено, како што се гради во делот на инфраструктурата во овие три години. И покрај здравствената криза задволен сум од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и согласно податоците кои ги добивам очекувам вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот …

Сугарески задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции Read More »

Субвенции за скопските занаетчии од Градот, да се аплицира до 15 декември 2020


Јорганџии, опинчари, крзнари, грнчари, шапкари, ковачи, лимари, казанџии, се само некои од занаетчиите кои годинава ќе бидат финансиски поддржани од Град Скопје. Со вкупно еден милион денари Градот ќе субвенционира набавка на потребни алати и репроматеријали, покривајќи 80 отсто од вредноста, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. …

Субвенции за скопските занаетчии од Градот, да се аплицира до 15 декември 2020 Read More »

Најголемиот акционер на „Луфтханза“ ќе гласа за владиниот план за спас на авиокомпанијата


Менаџментот на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска на генералното собрание на компанијата ќе побара поддршка за акционерите за договорот за пакетот за спасување вреден девет милијарди евра, во кој Владиниот фонд за стабилизација ќе учествува со 20 проценти. Авиокомпанијата, која е сопственик и на други авиокомпании, како што „Свис“и „Аустиа Ерлајнс“, е на пат да го …

Најголемиот акционер на „Луфтханза“ ќе гласа за владиниот план за спас на авиокомпанијата Read More »

Австрија издаде 100-годишна обврзница


Австрија во средата издаде обврзница со рок на доспевање од 100 години, што наиде на голема заинтересираност кај инвеститорите. На ваков начин австриската влада сака да добие две милијарди евра, со купонска каматна стапка од само 0,85 проценти и со рок на доспевање во 2120 година, пренесе „Сеебиз“. Австриската влада првпат издаде 100-годишна обврзница во …

Австрија издаде 100-годишна обврзница Read More »

Повторно меѓународен автобуски превоз, постепено враќање на патниците и на меѓуградските линии


Автобуските превозници повторно ги враќаат во функција меѓународните линии за превоз на патници што беа стопирани со рестриктивните мерки за спречување на вирусот КОВИД-19, а се очекува постепено враќање и на патниците на меѓуградските линии во внатрешниот сообраќај од кои дел беа исто така со забрана за движење, а и останатите се користеа многу малку.  …

Повторно меѓународен автобуски превоз, постепено враќање на патниците и на меѓуградските линии Read More »

Почна програмата на ЕБОР за бесплатни онлајн обуки за мали бизниси


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почна програма за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании (ММС) соочени со економското влијание од пандемијата од коронавирусот. Како што соопштија оттаму, програмата на ЕБОР „Научи како да менаџираш во криза“ се наоѓа на платформа на банката – The Know How Academy и …

Почна програмата на ЕБОР за бесплатни онлајн обуки за мали бизниси Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ветува стотици милиони евра субвенции за земјоделците


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има програма и знаење како да ја обнови Македонија и да ја врати на вистинскиот пат. -Ветуваме зголемување на субвенцијата за традиционалните сточарски гранки, како овчарството за 50%, од сегашните 1.000 на 1.500 денари по грло добиток. Ветуваме повеќе пари за инвестирање во земјоделието, ќе обезбедиме неповратни средства од над 50% за …

ВМРО-ДПМНЕ ветува стотици милиони евра субвенции за земјоделците Read More »

Заради коронавирусот, седум држави мора да дадат нови дозволи за извоз на хемикалиите од ОХИС


Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Швајцарија како и Македонија, треба да издадат нови дозволи за меѓународен транспорт и извоз на опасни материи, за хемикалиите од ОХИС да стигнат во инсенератор во Швајцарија. Претходната нотификација истече пред да биде завршен проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“ Скопје, заради пандемијата со …

Заради коронавирусот, седум држави мора да дадат нови дозволи за извоз на хемикалиите од ОХИС Read More »

Туристичките велесили немаат ниту 10 отсто од прометот вообичаен за овој период од годината


Медитеранот го посетуваат речиси половина милијарда меѓународни патници со што е најпосетуван дел на светот, но корона кризата годинава сериозно го погоди туризмот Според податоците на странски консултантски компании и аналитичари, во моментов медитеранските земји кои се светски лидери за туризам немаат ниту 10 отсто од вообичаениот туристички промет вообичаен за овој период од годината. …

Туристичките велесили немаат ниту 10 отсто од прометот вообичаен за овој период од годината Read More »

Летово без лет до Атина


Иако скопскиот аеродром од 1 јули ќе почне да функционира, летово повторно нема да има летови од Скопје до Атина. Како што стои на интернет страницата на компанијата, летовите се одложени до септември годинава, а по се изгледа прашање е дали ќе бидат воспоставени и потоа. Летовите од Скопје до Атина беа обновени по 15 …

Летово без лет до Атина Read More »

Лозарите бараат минимална заштитена цена за килограм грозје


Винари да не манипулираат со откупни цени и плаќање за грозјето од годинашнава реколта, апелираат од „Напредни лозари”. На состанок на Управниот одбор што се одржа синоќа, регионалното Здружение донесе неколку заклучоци. -Бараме да се утврди задолжителна минимална заштитена цена за килограм грозје. Ако винарии повторно манипулираат со нас како и претходните години, да се …

Лозарите бараат минимална заштитена цена за килограм грозје Read More »

Пандемијата го одложи и сезонскиот воз Белград-Скопје-Солун


Во домашниот железнички сообраќај во јуни дневно во просек има околу 700 патници. Во товарниот и покрај намалувањето на обемот на работа од 24,5 проценти во март, не е намален бројот на клиенти и се склучени два нови меѓународни договори за транспорт, изјавија за МИА од Железници на РСМ Транспорт. Просечниот дневен број на патници …

Пандемијата го одложи и сезонскиот воз Белград-Скопје-Солун Read More »

Делегација на Германската амбасада ја посети „Костал Македонија“ во Охрид


Вршителот на должноста Aмбасадор на Сојузна Република Германија Ото Граф денеска беше во посета на фабриката „Костал Македонија“, една од позначајните германски инвестиции од автомобилската индустрија, вредна над 60 милиони евра, со вработени околу  630 лица. Граф ја искористи средбата за да се информира за состојбата во групацијата „Костал“ на глобално ниво, како и проблемите …

Делегација на Германската амбасада ја посети „Костал Македонија“ во Охрид Read More »

ММФ предвидува пад на глобалниот БДП од 4,9 отсто


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди дека глобалната економија ќе се соочи со поголем пад отколку што претходно беше проектирано, а исто така и јавните финансии на државите значително ќе се влошат по напорите на владите да ги сузбијат негативните економски ефекти од пандемијата со Ковид-19. ММФ сега проценува дека глобалниот пад годинава ќе изнесува …

ММФ предвидува пад на глобалниот БДП од 4,9 отсто Read More »

Ковид-19: Три митови и пет решенија за иднината на мултилатерализмот


Пандемијата КОВИД-19 затвори една третина од глобалната економија и предизвика најголем економски шок од Големата депресија Ненадејниот шок го поттикнува рутинското донесување одлуки и ги принудува водачите да преземат итна акција. Комбинација на недоверба, погрешна перцепција и страв ги раствора (об)врските што ја одржуваат модерната цивилизација. Годината е 1914 година, кога Европа го помина летото …

Ковид-19: Три митови и пет решенија за иднината на мултилатерализмот Read More »

Охридски „Галеб“ повторно ги воспоставува меѓународните автобуски линии


Охридскиот автобуски превозник АД „Галеб“ повторно ги вопоставува редовните меѓународни врски со Белград и Нирнбег. Првиот автобус од Охрид за Германија тргнува в сабота на 27 јуни, додека враќањето од Нирнберг е на 1 јули. Понатаму линијата за Германија ќе оперира според стандардниот распоред, двапати седмично и тоа во среда и сабота од Охрид и …

Охридски „Галеб“ повторно ги воспоставува меѓународните автобуски линии Read More »

Склучен најголемиот енергетски договор во 2020 г. вреден 20,7 милијарди долари


Конзорциум составен од шест глобални инвеститори и Националната нафтена компанија Абу Даби (АДНОЦ) потпишаа договор во висина од 20,7 милијарди американски долари. Договорот предвидува вложување во конзорциумот во износ од 10,1 милијарда долари за удел од 49 проценти во новоформираната филијала „АДНОЦ гасоводи“ и со право на закуп на 38 цевоводи. АДНОЦ ќе има мнозински …

Склучен најголемиот енергетски договор во 2020 г. вреден 20,7 милијарди долари Read More »

Повторно раст на цената на златото


САД – Цената на златото денеска се доближи до највисокото ниво во последните осум години. Порастот на цената на златото се должи на  новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата. Цената на унца злато денеска се зголеми за 0,6 проценти и се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од …

Повторно раст на цената на златото Read More »

Блумберг: САД размислуваат за нови царини за европски производи од 3,1 милијарди долари


САД– Американските власти размислуваат да воведат нови царини, како и да ги зголемат постојните за увоз од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија за вкупно 3,1 милијарди долари. Според агенцијата Блумберг, ова се наведува во изјавата на американскиот трговски претставник, Роберт Лајтхајзер. Агенцијата наведува дека американските власти се подготвуваат да воведат нови царини на производи како …

Блумберг: САД размислуваат за нови царини за европски производи од 3,1 милијарди долари Read More »