ВМРО-ДПМНЕ ветува стотици милиони евра субвенции за земјоделците


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има програма и знаење како да ја обнови Македонија и да ја врати на вистинскиот пат.

-Ветуваме зголемување на субвенцијата за традиционалните сточарски гранки, како овчарството за 50%, од сегашните 1.000 на 1.500 денари по грло добиток.

Ветуваме повеќе пари за инвестирање во земјоделието, ќе обезбедиме неповратни средства од над 50% за модернизација и набавка на механизација и опрема за примарно производство, подигнување и реконструкција на повеќе годишни овошни насади, набавка на добиток од основно стадо, како и мини млекарници, мали винарски визби и мини погони за преработка на месо.

За да имаат пристоен живот од својот труд земјоделците во тек на 4 години мандат на ВМРО-ДПМНЕ ќе им бидат исплатени 684 милиони евра за субвенции.          Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува 20 милиони евра инвестиции годишно во нови водостопански проекти, односно 80 милиони евра за 4 годишен мандат. Дополнително за земјоделците на располагање ќе биде Кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи со обезбеден буџет од 20 милиони евра, ветуваат од ВМРО-ДПМНЕ.