Заев: Достижно е следната година да имаме раст од 4,1 процент, Буџетот е стабилен


Премиерот Зоран Заев верува дека е достижно следната година да се постигне раст од 4,1 процент и да се стабилизира јавниот долг доколку се остварат очекувањата во април-мај полека да одминува кризата. На денешната прес-конференција во Владата каде заедно со вицепремиерите даде отчет за сработеното во првите 100 дена, премиерот нагласи дека Буџетот е стабилен […]

Помалиот број барања за поддршка зборува дека компаниите се стабилизирале, вели Заев


Со нови осум милиони евра во пакетот „4 – КОВИД-екстра“ ќе бидат поддржани близу 90.000 работни места на месечно ниво, односно над 250.000 плати за последниот квартал од годинава, рече денеска премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена, Заев истакна и дека голем дел од […]

Капиталот на Развојна банка зголемен за 3 милиони евра, ќе овозможи поголема поддршка на приватниот сектор


Капиталот на Развојната банка на Северна Македонија со одлука на Владата е зголемен за 3 милиони евра. „Целта на зголемувањето на капиталот на банката е зголемување на поддршката на приватниот сектор, а особено поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании“, соопштија од Развојната банка.  Зголемувањето на поддршката на приватниот сектор ќе […]

Германија една недела карантин ја чини 3,5 милијарди евра


Одлуката на германската Влада да воведе карантин со цел намалување на ширењето на   новиот коронавирус скапо ќе  ја чини економијата, предупредуваат експертите. – Секоја недела карантин ќе чини околу 3,5 милијарди евра од бруто домашниот производ (БДП), истакна Енцо Вебер од  нирнбершкиот Институт за пазар на трудот и вработување. Тој истакна дека карантинот има негативно […]

Отворен нов маркет на „Тинекс“ во Аеродром


Во саботата, почна со работа новиот Супер Тинекс маркет во населбата Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на Клиниката „Мачин дом“, на бул. „Јане Сандански“ бр.13. Жителите на општина Аеродром отсега ќе имаат уште еден нов, модерен и добро-снабден маркет каде ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, […]

НУК незадоволна од препораките на Комисијата за заразни болести


Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се дискутира и да се донесат одлуки и препораки за тоа како ќе работат угостителските објекти во наредниот период. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред […]

Откупот на тутунот продолжи со старите проблеми – тутунарите се жалат на нереална проценка


Во осум часот утрово продолжи откупот на тутунот. Утре се очекува да бидат отворени сите пунктови. Но, производителите веќе се жалат на одредени нерегуларности при проценката поради што е неизвесно, како што велат, дали ќе се чека на средбата со министерот до петок, како што беше договорено, или порано ќе интервенираат. -Пунтковите денеска се отворени, […]

Француската централна банка ја намали економската прогноза, очекува пад од 9 отсто


Француската економија следната година ќе се опорави кога ќе бидат укинати ограничувањата воведени поради Ковид-19, но не така брзо како што претходно сеочекуваше, објави денеска Банката на Франција (Централна банка). – Оваа година економскиот пад ќе изнесува 9,0 отсто, откако втората најголема економија во евро зоната ќе се опорави околу пет проценти во 2021 и […]

Ваучерите за домашен туризам важат до утре, се затвора платформата „Дома си е дома“


Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, соопшти Министерството за економија. Од таму информираат дека заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси. Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам […]

Happy Hours акција во Нептун од 14-18.12 – Огромни попусти и најдобри понуди!


Само од 14-ти до 18-ти декември во сите Нептун продавници има супер акција Happy Hours со огромни попусти и најдобри понуди! Ајде во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали […]

Со контејнери за свежа туна сега ќе се превезуваат вакцини против корона


Ова е еден од најголемите логистички предизвици во модерната историја: Како милиони дози вакцина за КОВИД-19, кои мора да се чуваат на неверојатно ниски температури, брзо ќе се транспортираат преку континентите и океаните? Една компанија го користи своето искуство со туната како водич. „Термо кинг“ – која направи револуција во транспортот на храна преку напредок […]

АстраЗенека го презема Алексион за 39 милијарди долари


Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ се согласи да го купи американскиот производител на лекови „Алексион Фармацевтикалс“ (Alexion Pharmaceutical) за 39 милијарди долари, што е нејзина најголема зделка досега за зајакнување на својата позиција во имунологијата и ретките болести. Договорот се случи седум дена откако АстраЗенека објави дека спроведува понатамошно истражување за да потврди дали нејзината вакцина […]

Фискална стратегија: Удвојување на економскиот раст и намалување на невработеноста до 12,4 отсто за пет години


На среден рок се предвидува просечната стапка на економски раст да достигне 5 отсто, невработеноста да се намали на 12,4 проценти, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1 отсто, се наведува во проекции на ревидираната Фискална стратегија, која првпат дава проекција за епт наместо три години, во насока на подолгорочно планирање. Според овие […]

Хрватска прогласува економски појас на Јадранот


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека хрватската Влада утре ќе донесе предлог одлука за прогласување на ексклузивна економска зона на Јадранот. Пленковиќ на Твитер објави дека „одржал консултации со словенечкиот и италијанскиот премиер Јанез Јанша и Џузепе Конте во врска со прогласувањето на ексклузивната економска зона на Хрватска на Јадранот“. Тој изјави дека владата утре […]

Најавата за нови рестриктивни мерки ги мобилизира угостителите – бараат итна средба со Комисијата за заразни болести


Независна угостителска комора (НУК) достави барање до Комисијата за заразни болести за учество на угостителите на работниот состанок утре по повод најавата за целосно заклучување или нови рестриктивни мерки наменети за работењето на угостителските објекти. „Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите препораки за […]

Проверете дали сте на списокот за 100 евра за купување домашни производи


На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се објавени списоците со имињата на граѓаните кои добиле финансиска помош од 100 евра за купување домашни производи. Секој граѓанин треба да го внесе само  матичниот борој и да види дали е на списокот. Според законот, парите на граѓаните ќе им бидат уплатени на нивните жиро сметки и ќе можат да ги користат само […]

Се докапитализира Развојната банка за спроведување на КОВИД-19 мерките


Владата на денешната 29-та седница донесе Одлука за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје. Како што информира владината прес-служба, целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата […]

Игор Лештар: Продажбата на „Сеавус“ е промислена бизнис одлука која отвора нови перспективи за компанијата


На почетокот на месецов, една од најуспешните компании во ИКТ секторот во нашата земја, „Сеавус“, е купена од нaјголемиот ИКТ холдинг во Чешка, групацијата „Арикома“, која е дел од ККЦГ групацијата на Карел Комарек. Во интервју за порталот А1.он, Игор Лештар – основач на „Сеавус“ објаснува дека продажбата е сериозна и промислена бизнис одлука која […]

Јавниот долг ќе се врати под Мастришкиот критериум дури во 2025 година


Со Стратегијата за управување со јавен долг се дефинираат лимити за висината на трите нивоа на долг, државниот, гарантираниот како и на вкупниот јавен долг во следните пет години, и за структурата на долгот, во насока на прудентно управување со истиот. Согласно Стратегијата за јавен долг, која ја изработи Министерството за финансии и во насока […]

Регионална работилница на НБ: Пандемијата влијае врз прибирањето податоци во време кога статистиката е најпотребна


Народната банка организира статистичка работилница посветена на предизвиците за статистиката коишто ги наметнува пандемијата на КОВИД-19. Целта на работилницата којашто се одржа вчера, беше да ги обедини статистичарите од централните банки во регионот, односно од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Романија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, коишто ги разменија досегашните искуства и практики […]