Прилепските тутунари почнаа да го пријавуваат вишокот на тутун 


Пелагониските тутунари започнаа со пријавување на вишокот на тутун, откако на вчерашната средба на тутунарите и откупувачите и министерот Аријанит Хоџа беше договорено после 15 февруари да го откупот и вишокот од родот кој првично не влезе во договорите.

Тутунарите вишокот на произведен тутун можат да го пријават во ПЕ на МЗШВ и кај поверениците директно на откупните пунктови.     

Од утрово неколкумина  тутунари од Прилеп го пријавиле вишокот на тутун во ПЕ на МЗШВ во Прилеп. Според раководителот Зоран Пачешкоски,  направена е посебна канцеларија во зградата на подрачната единица од надворешната страна каде по сите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19 се врши пријавувањето на вишокот на тутун.

„Од утрово, први дојдоа тројца тутунари од Прилеп кои пријавија вишок на тутун. Едниот пријави 1,6 тони тутун, другиот 600 килограми, а третиот 400 килограми. Покрај во подрачната единица, тутунарите вишокот на тутун може да го пријават и кај поверениците на откупните пунктови, ова особено се однесува на оние тутунари од по селата, за да не патуваат до градот“, изјави Пачешкоски.

Што се однесува до потребните документи за пријавување потребни се ИДБР – идентификациски број од земјоделското стопанство, име и презиме од тутунарот, телефон за контакт и количина на вишокот на тутун.

Пачешкоски вели дека вишокот на тутун се порценува од 2 до 4 милиони килограми , а најголем дел од оваа количина смета дека е кај тутунарите од Прилеп и Прилепско. (А.Б.)