„Правда за сите“ од Пендаровски побарале поддршка за целосно обесштетување на штедачите во Еуростандард банка


Здружението на штедачи во Еуростандард банка „Правда за сите“ од претседателот Стево Пендаровски побарало поддршка за донесување на конечна одлука за целосно обештетување на 3.000 семејства од средствата од стечајната постапка на банката, притоа не посегнувајќи по буџетски средства на државата. „Со неодамнешната одлука на Уставниот суд, којшто го укина спорниот член 163 став 3 […]

Во непосреден ризик 40.000 работни места – работодавачите ќе дебатираат за состојбите во економијата


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) во рамки на седницата на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, организира дебата на тема: „Македонската економија пред и по пандемијата“. На дебатата, како што информираат од ОРМ, ќе се говори за македонската економија пред и по пандемијата со Ковид-19, каде говорниците ќе зборуваат за актуелните случувања и […]

Стратегијата за ИКТ на МИОА поднесена до Владата


Подобрување на поврзливоста и инфраструктурата, безбедната употреба на 5Г, воспоставување на доверлив податочен центар на Владата на РСМ, disaster-recovery податочен центар во случај на катастрофи, безбедна клауд услуга на Владата на РСМ и поврзување преку владина оптична мрежа, формирање на Агенцијата за дигитализација, централизирани електронски услуги за граѓаните и бизнисите, се дел од носечките столбoви […]

ССМ бара пратениците што поскoро да го донесат законoт за недела неработен ден


Сојузот на синдикатите е задоволен што Владата го усвои предлог-текстот на законското решение кое треба да овозможи недела да биде неработен ден и побара пратениците што поскoро да го донесат со цел овој закон, кој според нив значи поголема заштита на правата на работниците. -По средбата помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и министерката за […]

Јавната администрација ќе добие К-15, тоа е обврска од колективните договори


Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни. – Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни […]

Владата го стокми Ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални инвестиции, но и поголем дефицит


Зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството се двата клучни сегмента во ребалансот на Буџетот што Владата денеска го усвои на седница. Приходната страна на релабансот е подигната за 4,7 проценти во однос на иницијалниот Буџет, односно приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари, што се должи на добрата реализација […]

Во предлог буџетот за 2022 на ЕУ речиси две милијарди евра за земјите кандидати


Европската Комисија денеска го презентираше предлог буџетот за ЕУ за 2022 година, 1,9 милијарди евра треба да се посветат на земјите кандидати за членство, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлог буџетот на ЕУ за 2022 изнесува вкупно 167,8 милијарди евра, и дополнителни 143,5 милијарди во грантови кои произлегуваат од програмата за закрепнување „Идна Генерација […]

Деспотовски: Новите иницијативи во образованието ќе донесат повисоки плати и мотив младите да останат во државата


Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски најави нови мерки за унапредување на концептот на дуално образование според потребите на компаниите и поддршка на иницијативата на Институтот за менаџмент и бизнис Хајлдеберг за воведување на германски модел на едукација во земјава. Тој на отворањето на панел дискусијата посветена на „Германското дуално образование и врската со […]

Недела неработен ден стартува од 1 октомври – еве ги исклучоците


Владата денеска го утврди текстот за измените и дополнувањата на законите за работни односи и за трговски друштва, со кои неделата се прогласува за ден за одмор, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Оваа долго најавувана новина ќе почне да се применува од 1 октомври, откако законските измени ќе бидат потврдени и од […]

Економијата на ЕУ повторно во минус, втор квартал по ред со пад на БДП


Економијата во еврозоната падна за 0,3 проценти во првиот квартал од 2021 година, а економијата на Европската унија падна за 0,1 процент во однос на претходниот квартал, според сезонски прилагодените податоци, покажуваат прелиминарните проценки објавени денес на веб-страницата на заводот за статистика на ЕУ, Евростат. Во споредба со првиот квартал од 2020 година, сезонски прилагодениот […]

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. На средбата претставниците на здружението го запознаа претседателот Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката. Претседателот […]

Новата нацрт верзија на законот за легализација на дивоградби за две недели


Во моментов се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО секторот и со сите институции со што се креира ново законско решение за легализација на дивоградбите, порача денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Очекува првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби да биде готова за […]

(Во живо): Прес-конференција на премиерот Заев за недела неработен ден и за Ребалансот на буџетот


Проследете ја прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев со ресорните министри за одлуките од седницата на Влада. Станува збор за предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи –  Недела ден за неделен одмор, како и за Ребалансот на буџетот 2021 година.

Подготвителен состанок во РКЕ за состојбата со мазутот


Во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). На состанокот се договори ДПИ да достави дополнителни документи за да може Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот, информираат од регулаторното тело. -Во моментов на подготвителниот […]

Ангеловска-Бежоска: Главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни


 Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска смета дека во периодот кој следи, главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни. Од една страна ќе треба да се обезбеди поддршка за економиите во закрепнувањето на кризата, а од друга страна ќе треба да внимава да не се предизвикаат нерамнотежи.  – Од една страна, и натаму ќе […]

Објавен јавен повик за организаран одмор на работници со ниски приходи


Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Според јавниот повик, кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени […]

АПИС: Политички мотивирани предложените измени на Законот за игри на среќа пред локалните избори


Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа, кој Министерството за финансии и го предлага на Вадата има за цел затворање на индустријата на игри на среќа, оценуават во соопштение од Асоцијацијата на приредувачи игри на среќа – АПИС Дополнуваат дека измените содржат дискриминаторски, противуставни одредби кои предвидуваат, како што велат, ретроактивно […]

Земјоделците уште „висат“ по шалтери, примената на дигитализацијата во почетна фаза


Возраста, навиките, менталитетот, немањето доволно познавања, отпорот кон промени и учење нешто ново, стравот да не се направи грешка – која е клучната причина за ниското ниво на дигитализација во македонското земјоделство? Зошто на повеќето наши земјоделци им е многу полесно да отидат во подрачната единица дури и ако тоа значи дополнително губење време и […]

Прв дојден-прв услужен – од денеска субвенција за вграден плински уред во возилата


Граѓаните кои од денеска ќе вградат уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари, односи 300 евра. За оваа намена Министерството за економија денеска ќе […]

Битиќи: Западен Балкан има голем потенцијал да стане особено привлечна дестинација за инвестиции


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на покана на Институтот за менаџмент и бизнис Хајделберг, се обрати на панел дискусијата „Економската ситуација во ЕУ, особено во Германија како земја партнер на балканските држави“, која се одржа преку видеоконференциска врска, во рамките на „Балканска бизнис недела“. Вицепремиерот Битиќи, во своето обраќање на панел дискусијата посочи дека […]