Бектеши – Галовеј: Зголемувањето на економската соработка останува приоритет


Зголемувањето на економската соработка ќе остане приоритет во наредниот период се согласија министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј на денешната средба во Скопје на која беше изразено задоволство од континуирано плодната соработка и цврстите пријателски односи меѓу двете земји. Министерот се заблагодари на поддршката од Обединетото Кралство за Министерството […]

Демант на РКЕ на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за лиценците


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги демантира наводите искажани од страна на Стоилковски на прес конференција денес како неточни и невистинити. РКЕ ја известува јавноста дека во процесот на издавање сите лиценци воопшто се води од стандардите кои се предвидени во Законот за енергетика и соодветни прописи и истите во целост се применети […]

Бесими: Фискален стимул за стопанството со цел заздравување на економијата


Финансиската поддршка за стопанството е исклучително важна за заздравувањето на економијата, заради што фискалниот стимул од државата мора да продолжи. Ќе се настојува новите мерки да поттикнуваат и нови инвестиции, проширување на капацитетите и нови вработувања, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на конференцијата „Balkan Business Week“, на тема „Економска ситуација на Балканот 2021-2022 (Можности и перспективи)“, […]

„Фајнанс тинк“: Падот на БДП во првиот квартал резултат на третиот бран на КОВИД-19


Во првиот квартал од 2021, БДП се намали за -1,9 отсто на годишна основа, како резултат на третиот бран од пандемијата со Ковид-19, кој наметна продолжување на карантините дома и кај главните трговски партнери, констаира економскиот институт „Фајнанс тинк“ (Finance Think) во најновиот Макроекономски монитор, објавен денеска. Од „Фајнанс тинк“ наведуваат дека во вакви околности, исцрпувањето на […]

Економијата и натаму во минус – пад на БДП во првото тримесечје од 1,9 проценти


Стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава е -1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Раст е забележан во секторот градежништво за 1,7 проценти, дејности во врска со недвижен имот за 0,5 проценти и во секторот земјоделство, шумарство и водостопанство за 0,3 проценти. Државниот завод за статистика информира дека […]

Во првите четири месеци вредноста на извозот поголема за 53,7 отсто, на увозот за 46,8 отсто


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 2.739.362.000 долари и бележи пораст од 53,7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.704.130.000 долари, што е за 46,8 проценти повеќе во споредба со истиот период […]

Бектеши: Угостителите може да аплицираат за мерките од шестиот пакет


 Веќе се реализираат сите мерки од шестиот пакет, угостителите може да аплицираат согласно критериумите кои заедно сме ги направиле со одредени комори, рече министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Бектеши информира дека  веќе има ново законско решение во делот на заштита на потрошувачите кое очекува во наредниот месец да го […]

Раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани


Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како […]

Петрушев: Потребна едукација за последиците од прекинувањето на „ладниот ланец“ на дистрибуција во обезбедување квалитетни млечни производи


Среќаваме ситуации во кои правилата за соодветно чување на производите во маркетите не се почитуваат, некогаш од дистрибутерите, некогаш од крајните продавачи или потрошувачи. Токму затоа, важно е самите потрошувачи да бидат запознаени со сите процеси што треба да претходат за да се добие производ со врвен квалитет. Доколку дојде до прекин на „ладниот ланец“, […]

„Рамстор Мол“ го слави својот 16ти роденден!


Месец јуни го одбележува доаѓањето на летото, големите попусти и радости, а воедно и месецот во кој „Рамстор Мол“ го слави својот роденден. Оваа година „Рамстор Мол“ слави 16 години постоење на македонскиот пазар. Во пресрет на роденденската прослава, во текот на јуни, за посетителите „Рамстор Мол“ обезбеди големи попусти, акции, промоции, како и многу […]

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар


За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95и Еуросупер БС-98 и дизелот, а екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.   Од полноќ новата цена на Еуросупер БС – 95 е 68 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 70 денари, дизелот – 60,50 денари, а екстра лесното масло 60 денари за […]

Утре оглас за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на еколошки уреди во возилата


Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Државата ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за вградување на ваков уред во возилата, но не повеќе од 18 илјади денари или 300 евра […]

(Во живо) Прес на Крешник Бектеши


 Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши за Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Проследете ја во живо:

Усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година, соопштија од НБ. Стрaтегискиот план на Народната банка е поставен под мотото „Централна банка којашто со флексибилни, соодветно осмислени и навремени одлуки, во време на брзи промени и дигитална трансформација, придонесува за повисок животен стандард […]

Претставување на туристичката понуда на Црна Гора


Туристичката понуда на Црна Гора како сигурна летна дестинација ќе биде претставена денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Црна Гора во Северна Македонија и црногорската Национална туристичка организација. Настанот ќе го отвори амбасадорот на Црна Гора во државава Марија Петровиќ, а туристичата понуда ќе ја претстави менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ. […]

АХВ организира дебата по повод Светскиот ден на безбедна храна


Новата европска стратегија за безбедност на храната, перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, се дел од темите на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, под годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна – „Безбедна храна […]

Компаниите ги зголемуваат платите за да привлечат и да задржат работници


Американскиот пазар на труд во мај доживеа големо заздравување, со 559.000 позиции вратени во економијата. Тоа е второ значително промашување во очекувањата на аналитичарите, по големото разочарување во април. Економистите предвидуваа 650.000 нови работни места во мај. Стапката на невработеност падна на 5,8 отсто, јави Заводот за статистика на трудот. Ова е најниска стапка на […]

НУК со сопствен регистар за свадби и веселби, викендов реализирани околу 100 прослави


Независната угостителска комора формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија овозможувајќи на сите без дополнителен надомест да ги пријават односно евидентираат своите прослави согласно барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати […]

Во вторник детали за лажниот мазут, најави Николовски


Во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излеземе со информација за јавноста, соопшти денеска на прес-конференција во Владата, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. -Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни […]

До 2023 година целиот процес на добивање државна помош ќе биде дигитализиран


Владата работи на воспоставување на единствен центар за контрола на државната помош, а планот е до 2023 година целиот процес на добивање државна помош да биде дигитализиран, обелодени вицепремиерот за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА. – Заедно со Светска банка работиме на креирање на овој систем. […]