Колку навистина се големи технолошките гиганти (инфографика)


Не е тајна дека вредноста на технолошките гиганти на пазарот експлодира во последните неколку години, но секако е тешко да се разбере обемот и големината на овие промени.

Преку продор на пазарот, паметна диверзификација на средствата и трансформација на производите во услуги, Apple, Microsoft, Amazon и Google ја надминаа пазарната капитализација од 1,5 билиони долари (1.500 милијарди долари).

Со цел подобро да ги разбере овие бројки, Мекипер ја спореди пазарната капитализација на овие технолошки гиганти и БДП на неколку земји, а тоа го објави и Visualcapitalist, пренесува Блиц. 

Епл

 Фото: Visualcapitalist.com/screenshot
 

Ако беше држава, Епл најверојатно ќе беше во Г7. Со пазарна капитализација поголема од 2,1 билиони долари (2.100 милијарди долари), „Епл“ е поголем од БДП-то на 96 проценти од земјите во светот.

Само седум земји имаат поголем БДП од вредноста на Епл.

Мајкрософт

Фото: Visualcapitalist.com/screenshot
 

Со пазарна вредност од 1,9 билиони (1.900 милијарди долари), „Мајкрософт“, доколку беше држава ќе беше на 10-то место, пред Бразил, Канада, Русија и Јужна Кореја.

Фејсбук

Фото: Visualcapitalist.com/screenshot
 

Со својата вредност од 939 милијарди долари, Фејсбук ги надминува економиите на Холандија, Обединетите Арапски Емирати, Турција …

Амазон

Tech-Giants-Countries-GDPs-Amazon
Фото: Visualcapitalist.com/screenshot
 
Иако поголемиот дел од економијата беше преплашен од пандемијата со корона вирусот, Амазон успеа да извлече најмногу придобивки за себе.
Со продажбата преку Интернет чија побарувачка драматично скокна, пазарната вредност на Амазон се искачи на 1,7 билиони долари (1.700 милијарди долари), што го прави поголем од 92 проценти од економиите во светот, пренесува Блиц.