Г20 ја одобри глобалната даночна реформа


Групата 20 богати земји денеска соопшти дека економските перспективи се подобриле од нивниот последен состанок во април, но исто така предупредија дека новите мутации на коронавирусот можат да го загрозат закрепнувањето.

– Повторно ја потврдуваме нашата решеност да ги користиме сите расположливи алатки на политиката онолку колку што е потребно за решавање на негативните последици од Ковид-19, рекоа министрите за финансии и централните банки на Г20 во последната изјава од состанокот одржан во Венеција.

Како што се очекуваше, групата го одобри глобалниот договор за оданочување на правни лица кој месецов го договори Организацијата за економска соработка и развој со кој се предвидува стапка на данок на добивка од најмалку 15 проценти.

Исто така, за првпат беше речено дека цените на јаглеродот можат да бидат дел од мешовитата политика за борба против климатските промени.