Фицо: Транспортот на нафта преку „ЈАНАФ“ ќе биде пет пати поскап отколку преку „Дружба“


Транспортот на нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) ќе биде пет пати поскап за Словачка отколку транспортот преку нафтоводот „Дружба“, кој нема проток на нафта повеќе од две недели, изјави премиерот Роберт Фицо по владина седница со претставници на рафинеријата „Словнафт“. На седницата, словачката Влада прогласи вонредна состојба во врска со испораките на нафта и се […]

Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека САД излезе со нова политика за царини кон Македонија и што значи ова за економијата, изјави дека очекува со договорот кој што потенцијално ќе се потпише со Соединетите Американски Држави, во рамките на параметрите коишто се содржани во заедничката изјава, ќе овозможи […]

Мукаетов: Патот кон европските пазари го изградивме сами, чекор по чекор, со квалитет, стандарди и визија насочена надвор од границите


Бизнис-клубот „Европа“, како советодавно тело на Стопанската комора на Македонија, во Виница го организираше форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. На панелот насловен „Единствениот пазар на ЕУ: колку е подготвена македонската економија?“ учествуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Посочувајќи ја фармацијата како една од најрегулираните индустрии во светот, […]

Димитровски: Вршиме притисок врз Брисел за промена на мерките за транспортерите, тие засегаат и земји членки на ЕУ


Во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан веќе подолг период сме организирани да вршиме притисок во Брисел за да се променат мерките што ги засегаат транспортерите. Конечно, на 11 февруари беа изнесени 50-ина предлози, но сè уште нема разбирање од земјите членки, но тоа не значи дека работата […]

Владата си постави цел сивата економија од 28,9 отсто да ја намали на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година


Нашата политика е јасна – стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард. Ќе продолжиме со дисциплина во приходите, со одговорност во трошењето и со чувствителност кон реалните потреби на граѓаните – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Борбата против сивата економија, посочи премиерот, […]

Дурмиши го изедначи усогласувањето на минималната плата со зголемување


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши останува на ставот дека минималната плата ќе се зголеми во март кога ќе се изврши нејзино усогласување согласно утврдената методологија. Во одговор на пратеничко прашање за зголемување на минималната плата на 600 евра, Дурмиши ја обвини опозицијата дека прави политички маркетинг. – Нема потреба од политички маркетинг. Ние […]

Лагард наводно пред време ќе замине од функцијата претседателка на ЕЦБ


Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард подготвена е пред време да ја напушти функцијата. Според весникот, таа ќе се повлече пред француските претседателски избори, што се закажани во април 2027 година. Нејзиниот осумгодишен мандат истекува во октомври 2027 година. Одлуката за нејзиното […]

Мицкоски очекува инфлацијата годинава да биде под три проценти


Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфалцијата во наредните месеци да биде под 3 проценти, а таков износ очекува и за годишната инфлација, како што изјави денеска, во рамките на проекциите. – Во делот на храната минатата година имаше божикна, јануарска кошничка и така ќе биде и во април. Ценам дека ќе се движиме во рамките на […]

„Рајанер“ намалува голем број летови низ Европа поради високи даноци, погодени и Босна и Србија


Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ објави откажување на голем број рути низ Европа за 2026 година, што ќе влијае на милиони патници во Шпанија, Франција, Германија и други земји. Одлуката за намалување на бројот на летови доаѓа по многу активна деловна година во 2025 година, во која компанијата ја прошири својата мрежа на летови од една страна, […]

Ќе се воспостави директна авионска линија до Саудиска Арабија?


Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија.   Целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Би сакале да потенцираме дека досега меѓу двете држави, не се одржувал воздушен сообраќај.   Со […]

Компанијата „Ворнер брос дискавери“ во преговори за преземање на „Парамаунт скајденс“


Американската медиумска корпорација „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros Discovery) соопшти дека ќе ги продолжи преговорите за можна аквизиција на „Парамаунт скајденс“ (Paramount Skydance) откога „Нетфликс“ ѝ даде рок од седум дена за разгледување на новата понуда – да ја откупи компанијата. Од компанијата информираа дека ќе соработуваат со „Парамаунт скајденс“ детаљно анализирајќи ја понудата од […]

Најголем бран банкарски спојувања во Европа: Еве што го движи


Европскиот банкарски сектор се соочува со најинтензивниот бран на спојувања и преземања од глобалната финансиска криза од 2008 година, што сигнализира почеток на длабока структурна трансформација на пазарот што би можела значително да го промени начинот на кој работат банките низ целиот континент. Според достапните податоци, вредноста на прекуграничните банкарски спојувања во рамките на Европската […]

„Макам-транс“: Се бара решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците


Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа […]

Кој и како ја користи државната помош: Недостига транспарентен систем за поголем контрола


Во моментов, податоците за доделената државна помош се дисперзирани во повеќе институции и не се достапни на едно централизирано место. Недостасува единствен, систематизиран преглед од кој јасно ќе се види кој добива помош, по која основа, во колкав износ и со каква цел. Ваквата фрагментираност, не само што ја отежнува јавната контрола, туку го усложнува […]

ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк


  Сојузот на синдикати на Македонија остава простор до крајот на февруари Владата и работодавачите да се изјаснат за зголемувањето на минималната плата на 600 евра и на другите плати за најмалку 6 илјади денари, а доколку не се најде решение, веќе за средината на март најавуваат голем работнички протест и генерален штрајк, но и […]

Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања


Македонската банкарска асоцијација информира дека во согласност со Законот за платежните услуги и платните системи, со кој во националното законодавство е транспонирана директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година почнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената […]

Потпишан меморандум за меѓународна промоција на енергетиката


 Kоординирани активности за промоција на стратешките приоритети во енергетскиот сектор, размена на информации и искуства, поддршка на реформските процеси и унапредување на соработката со партнерите од регионот и Европската Унија, предвидува меморандумот за соработка што го потпиша министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници CFS Media & Advisory DOO, во чиј […]

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ-обврзниците


Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ). Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во […]

И со фалењето на Николоски се претера: Аеродромот во Скопје не е лидер во регионот, туку оној во Тирана


  Некогаш изгледа сосема необјасниво зошто политичарите кажуваат податоци кои се неточни, да речеме измислени. Така е и со министерот за транспорт Александар Николоски. „Освежен“ со податоците што вчера прва ги објави Телма дека 11 пати го користел владиниот авион „лирџет“ (најмногу од сите министри) Николоски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека со […]

Арис Влахос реизбран за претседател на Грчката бизнис асоцијација во земјава


На Собранието одржано денеска, Грчката бизнис асоцијација го реизбра Арис Влахос за претседател на Асоцијацијата. За членови на Управниот одбор избрани се истакнати претставници на водечки компании со грчки капитал во земјава:  ·        Илијас Пападопулус од Стопанска банка Скопје, членка на NBG Group,  ·        Димитрис Пасхос од ОКТА, членка […]