Анализа на „Пари“: За два месеци 481 пензионер помалку во земјава


Порталот Пари ги анализаираше последните податоци на ПИОМ за состојбата со пензионери во земјава. Во октомври бројот на пензионери изнесува 325.156 или статистиката избројала 183-ца пензионери помалку во однос на претходниот септември месец (325.339). Во последните два месеци (во август биле 325.637) податоците покажуваат дека бројот на пензионери се намалил за дури 481 лице. Просечната […]

Бислимовски: Компаниите се уште немаат доставено барања до РКЕ за цената на струјата


Домашното производство на електрична енергија по први јануари, како и статусот и темпото за ангажирање на сите енергетски капацитети кои се на располагање во државава биле тема на денешниот редовен координативен состанок на Регулаторната комисија за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоме, Електродистрибуција, Операторот на пазарот на електрична енергија – МЕМО, ТЕЦ Неготино […]

Смена на директори во РЕК Битола и РЕК Осломеј 


БИТОЛА – Пеце Матевски, е поставен за прв човек на РЕК Битола на местото на досегашниот генерален директор Златко Ќурчиевски. Матевски доаѓа од позицијата директор на термоелектрани и засега е поставен како вршител на должност. Смените доаѓаат во една исклучително тешка ситуација за комбинатот, кој се соочува со недостиг на јаглен потребен за производство на […]

За ССК неприфатливо компаниите да ги плаќаат ПЦР тестовите


Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект, соопшти Сојузот на стопански комори (ССК), додавајќи дека со префрлање на одговорноста на друго место и со поставување на ултиматуми за […]

Донесена одлука за изградба на соларен парк од 350 мегавати


На денешната седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „Остро солар“ – Скопје. Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од […]

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските […]

Каде е Македонија со јавниот долг – во ЕУ е 92 отсто, во Србија 58, во Хрватска 82, а во Бугарија само 26 отсто од БДП


Која земја има највисок, а која најнизок јавен долг и буџетски дефицит? Пандемијата доведе до значајни трошења на јавните пари и до дополнителни расходи, кои влијаеа и врз јавните финансии. За помалите економии, како што е македонската, е особено важно задржување на умерено ниво на јавен долг и на буџетски дефицит со цел да не […]

ЕСМ: Првите 90 илјади тони јаглен за РЕК Битола се од Албанија, отворен повик за целата сезона


Договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола, а за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона, информираат од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). -Од деветте фирми кои дадоа 14 понуди од […]

Работодавачите против тие да плаќаат за ПЦР тестовите на оние што не сакаат да се вакцинираат


Во услови кога вакцинирањето против Ковид-19 е бесплатно, а одредени работници сепак не ја користат оваа поволност, донесувањето на евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат да се вакцинираат би била целосно нелогична, неоправдана и неприфатлива. Дополнително, неприфатлив е и предлогот […]

САД ќе им позајмат на компаниите нафта од резервите


САД ќе им позајмат нафта на компаниите од стратешките резерви, како дел од планот договорен со водечките азиски потрошувачи на енергија, со што би требало да биде запрен растот на цените, изјави неименуван претставник. Американското Министерството за енергетика ќе им дозволи на компаниите да позајмуваат нафта од резервите, а потоа да ја вратат, со камата. […]

Стопанската комора го повтори барањето: Задолжително брзо тестирање во приватниот сектор, вработените сами да го платат


Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш го повтори барањето –  невакцинираните работници во приватниот сектор кои последните шест месеци не прележале КОВИД задолжително да се тестираат, но на сопствен трошок и тоа со брзи, а не со ПЦР тестови. Комората во пресрет на денешната владина седница апелира – доколку се усвои ваквиот предлог државата […]

МАТТО го откажа бизнис настанот, изразува сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Бугарија


 Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа во Софија. МАТТО поради трагедијата го откажа и за денеска најавениот бизнис настан на кој требаше да има деловни средби со претставници од Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и од Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ […]

МАТТО домаќин на стопанственици од Косово – бизнис средби за поинтензивна соработка


Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO) денеска ќе биде домаќин на Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и на Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово. Во рамки на бизнис настанот, чија цел е придонес за развој на социо-економските односи меѓу Турција, Северна Македонија и Косово, ќе бидат презентирани економските показатели и […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот 2022


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Расправата почна на 15 ноември, а може да трае најмногу десет дена. Потоа Предлогот преминува на собраниска седница која може да трае најмногу пет дена. Се очекува Буџетот да биде донесен не подоцна од […]

Бундесбанк предупредува на „зимска пауза“ за германската економија


Недостигот од суровини и работна сила и новите ограничувања во борбата против пандемијата на Ковид 19 доведоа до „пауза“ во закрепнувањето на германската економија од корона кризата, но не ја запреа инфлацијата, објави во понеделникот централната банка на Германија. Германската економија силно порасна во првата половина од годината, но растот во меѓувреме забави поради нарушувањата […]

Републиканецот Џером Пауел по вторпат на чело на ФЕД


Претседателот Џо Бајден во понеделникот го назначи републиканецот Џером Пауел за шеф на Федералните резерви (ФЕД), со што стави крај на шпекулациите за тоа кој ќе ја води американската централна банка во следните четири години. Ова е втор мандат на Пауел на чело на ФЕД, пренесува АФП, додавајќи дека за потпретседател е избрана Лаел Брејнард, […]

Албанија годинава со рекорден увоз на електрична енергија од 213 милиони евра


Увозот на електрична енергија во Албанија годинава достигна рекордна вредност, највисока досега во историјата на државата, за што од јануари до ноември се потрошени 213 милиони евра, наведува во анализата весникот „Монитор“. Како што јави дописничката на МИА од Тирана, во анализата се додава дека за да се разбере финансиската дупка предизвикана од ситуацијата во […]

Полски медиуми: Северна Македонија е најконкурентна земја во регионот


„Северна Македонија е најконкурентна земја во регионот“, „Има потенцијал за продлабочување на соработката меѓу Полска и Северна Македонија“, ова се дел од насловите во полските медиуми по бизнис форумот што минатитот петок се одржа во Скопје на кој присуствуваа над 60 македонски и полски компании и 20 стопанственици од Полска. На Полско – македонскиот бизнис […]

Избран наследникот на Данела Арсовска – Трајан Ангелоски нов претседател на Сојузот на стопански комори


Ангелоски е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која раководи повеќе од 10 години   Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница. Ангелоски е косопственик и извршен директор на […]

НЛБ банка ќе исплати дивиденда во висина од 24,8 милиони евра


На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 19.11.2021 година беа усвоени: одлуката за употреба на акумулирана добивка на Банката од 2019 и 2020 година, како и одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар. НЛБ Банка, од остварените добивки за 2019 и 2020 година кои се во вкупен износ од 57,8 […]