Се зголемува фиксната цена за такси превозот од и кон аеродромите во Солун и Атина


Наместо досегашните 40 евра за такси превоз од и кон аеродромот во Атина, патниците ќе плаќаат цена за десет евра повисока, додека пак во Солун, фиксната тарифа од и кон аеродромот ќе се зголеми за три евра, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција информираа дека по […]

Грција ќе изгради центар за податоци од 300 мегавати во близина на Кожани на местото на рудници за лигнит


Еден од најголемите центри за податоци во Европа ќе биде изграден на локацијата на рудници за лигнит во близина на градот Кожани, северна Грција, јави Блумберг. Инвестицијата ја планира грчката национална компанија за електрична енергија ДЕИ, а нејзината вредност се проценува на 5,8 милијарди евра. Целта е рударењето лигнит да се замени со технолошки центар […]

Македонската партија во Србија застана зад Студентската листа


  Македонската партија на Србија јавно ја поддржа изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“ за предвремените парламентарни избори во Србија на 25 октомври и ги повика припадниците на македонската заедница во земјата да ја поддржат студентската иницијатива. Од партијата соопштија дека даваат „целосна и безрезервна поддршка“ на студентската листа, оценувајќи дека студентите покажале храброст, […]

Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади вработени од јавниот сектор во стопанството


Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака околу 50 илјади вработени од јавниот сектор постепено да преминат во стопанството, појаснувајќи дека тоа не значи масовни отпуштања, туку намалување на бројот вработени во администрацијата преку природен одлив и преминување на дел од нив во стопанството. Јанша ја претстави својата замисла на 58. саем МОС во Цеље. […]

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека не треба да има еуфорија околу изрекувањето на првостепените пресуди против поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК). – Тоа што се случи не треба да го прифаќаме со никаква еуфорија или на кој било начин, туку трпеливо да чекаме и да ги разбереме пораките што […]

САД повикаа сите да ја почитуваат пресудата за косовските лидери


Соединетите Американски Држави соопштија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот, пренесе „Радио Слободна Европа“. „Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент за медиумот. Стејт департментот […]

Гневни реакции во Косово за пресудата во Хаг: „Казната мора да се промени“


  Политичарите и јавноста во Приштина остро реагираа на првостепените пресуди што денес ги изрече судот во Хаг за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово. Поранешни членови на ОВК ги нарекоа пресудите „срамни“, предупредувајќи дека тоа може да „го наруши мирот во регионот“. Премиерот на Косово, Албин Курти, денес изјави дека пресудата против четворица […]

Уште еден евроскептик во посета на Бугарија, чешкиот премиер Бабиш


  Бугарскиот премиер Румен Радев и неговиот чешки колега Андреј Бабиш отворија заеднички фронт во ЕУ против „влевањето пари и оружје“ во војната во Украина. Овој став е само последица, откако Радев пречека во Софија и уште еден деклариран евроскептичен лидер – премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Пораките од средбата со Бабиш беа во насока […]

(Видео) Нереди во Хаг и во Приштина по пресудата за Тачи: Скокаа врз полициски возила, користени водени топови


Бројни Косовци предизвикаа немири пред зградата на Специјалниот совети на Косово во холандскиот град Хаг по пресудата против поранешниот претседател на Косово и воен командант на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, и неговите соработници. Како што може да се види на видеото, неколку демонстранти кршеа полициски возила. Двајцата се качија на полициско возило и […]

Рама ја нарече срамна пресудата за Тачи и водачите на ОВК


Во непосредна реакција на пресудата, албанскиот премиер Еди Рама објави слика на Facebook на која се гледа бодликава жица преку карта на Европа и порака од еден збор: „Marre“ („Срам“). Рама во повеќе наврати го критикуваше судењето како неправедно. Поддржувачите на обвинетите, кои отпатуваа во Хаг за изрекувањето на пресудата и го следеа преносот во […]

Погледнете ја реакцијата на Албанците на пресудата за Тачи: Камерите го забележаа моментот по одлуката на судот


Поддржувачите на поранешниот претседател на привремените институции во Приштина и поранешен лидер на таканаречената ОВК се собраа пред Специјализираните совети дури и пред почетокот на изрекувањето на пресудата, извикувајќи „ОВК“ и носејќи ознаки на организацијата чии поранешни лидери денес чекаа одлука на судот. Ројтерс објави дека стотици поддржувачи се собрале во Хаг, додека голем број […]

Хашим Тачи осуден на казна затвор од 25 години за воени злосторства


  Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи, е прогласен виновен и судот во Хаг за злосторствата во Косово го осуди на единствена казна затвор од 25 години. Јакуп Красниќи доби идентична казна како и Тачи од 25 години затвор.  Кадри Весели е суден на единствена казна затвор од 18 години. Реџеп […]

Зошто на Студентската листа во Србија нема студенти?


  Студентите од Србија објавија изборна листа со 250 кандидати за парламентарните избори на 25 октомври, а фактот дека меѓу нив нема ниту еден студент веднаш стана една од главните теми на провладините медиуми, иако студентите веќе го објавија тоа. Некои од нив го доведоа во прашање самото име на Студентската листа, истакнувајќи дека листата […]

(Во живо) Пресуда за Тачи и другите од ОВК


Специјалниот суд во Хаг ја изрекува првостепена пресуда за Хашим Тачи, поранешниот претседател и премиер на Косово и еден од најпознатите политички лидери на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК). Пресуда треба да им биде изречена и на Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Сите четворица беа меѓу политичките и воените лидери на ОВК […]

Во Косово започнаа собири за следење на емитувањето на пресудата за Тачи и другите од ОВК


Во Приштина и другите градови во Косово, граѓаните почнаа да се собираат помалку од два часа пред пресудата на Специјализираните совети во Хаг против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи. Синоќа на плоштадот Скендербег во Приштина беше поставен голем екран, заедно со црвени теписи и факели, каде што се очекува граѓаните директно […]

Притворени двајцата лекари за смртта на грчкиот пејач Мазонакис


Атина – По маратонско сослушување што траеше над 16 часа, на двајцата лекари, брачниот пар во чија ординација почина грчкиот пејач Јоргос Мазонакис, одредена им е мерка притвор а се товарат за убиство со евентуална умисла за што може да се изрече дури и доживотна казна затвор, јави дописничката на МИА од Атина. Мазонакис почина […]

Денеска се очекува изрекување на пресудата за Тачи и водачи на ОВК, Обвинителството бара вкупно 180 години затвор


Хаг –   Специјалниот суд во Хаг треба да донесе денеска првостепена пресуда за Хашим Тачи, поранешниот претседател и премиер на Косово и еден од најпознатите политички лидери на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК). Пресуда треба да им биде изречена и на Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Сите четворица беа меѓу политичките и […]

Изборната комисија на Србија ја прифати Студентската листа


  Републичката изборна комисија (РИК) на Срибија ја шрогласи изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“. Сите 19 присутни членови на РИК гласаа за објавување на листата. Членовите на РИК, исто така, донесоа одлука за назначување на член и заменик-член на РИК во проширен состав по предлог на подносителот на листата „Студентска листа – Студентите […]

Погребот на Младиќ пристигна во Европскиот парламент. Се бараат поконкретни акции против Србија


Стразбур – Европратениците денес повикаа на поконкретни акции на ЕУ кон Србија откако осудениот воен злосторник Ратко Младиќ беше погребан во Белград со сите воени почести, на кои присуствуваа високи српски функционери. Дебатата во Европскиот парламент беше насловена „Погреб на воениот злосторник Ратко Младиќ и величење на воените злосторства во Србија“, а хрватските европратеници Тонино […]

Беким Сејдиу официјално ја повлече кандидатурата за претседател на Косово


Универзитетскиот професор и поранешен дипломат Беким Сејдиу соопшти дека официјално ја повлекува својата кандидатура за претседател на Косово, наведувајќи ги како причина недостигот на поддршка во парламентот и компромитираната процедура за избор на нов шеф на државата, јави Косовското радио и телевизија. Сејдиу, кој преку социјалната мрежа Фејсбук потврди дека веќе официјално ги информирал политичките […]