Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра


Просечната месечна нето плата во Хрватска во јули 2026 година изнесувала 1.540 евра, покажуваат најновите податоци на Централниот завод за статистика. Во однос на јуни, нето-платата е номинално пониска за еден процент, додека реалното намалување, пресметано според инфлацијата, изнесува 0,8 проценти. На годишно ниво, просечната нето-плата бележи раст. Во споредба со јули минатата година, таа […]

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто


Од 117.400 во 2009 година, раѓањата во Грција се намалиле на 68.300 во 2024 година, односно за 15 години регистриран е пад од 42 отсто, додека пак во шест региони од континенталниот дел на земјата намалувањето надмина 50 проценти, покажуваат податоците од грчкиот Институт за демографски истражувања и студии, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Дете пукаше пред средно училиште во Турција, повредени се осум ученици (вознемирувачко видео)


Ученик денеска отвори оган пред своето средно училиште во западната турска провинција Маниса, при што повредил најмалку осум други ученици, објави „Ројтерс“. Двајца од повредените се во критична состојба, додека напаѓачот е фатен, соопшти кабинетот на локалниот гувернер. Инцидентот се случил околу осум часот во населбата Албајрак, пред Стручното и техничко средно училиште „Инџи Узмез“. […]

Студот доаѓа: На Балканот измерени – 5 степени Целзиусови


Вторников донесе изразено студено време во поголемиот дел од Балканот. Додека во одредени градови во Србија температурите се спуштија само неколку степени над нулата, кај соседите во Романија термометрите веќе забележаа вредности под нулата на планините. На врвот Ому во Романија утрово беа измерени -5 степени Целзиусови, а поради временските услови субјективното чувство достигна -8 […]

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари


Во Србија денеска полчнува исплатата на еднократна финансиска помош од 6.000 динари и ќе трае до 25 септември, а околу 1,7 милиони луѓе аплицирале за неа преку порталот на Управата за финансии. Според податоците на српскиот министер за финансии во технички мандат, Синиша Мали, 1.696.000 граѓани аплицирале за исплата на еднократен паричен надомест, а речиси […]

Од 499 на 1.037 евра, a следи нов раст: Колку пораснаа платите во Црна Гора за десет години


Најавата на премиерот Милојко Спајиќ дека од јануари 2027 година минималните плати во Црна Гора треба да бидат од 1.000 до 1.400 евра го отвори повторно прашањето за тоа колку всушност се зголемиле платите во земјата во последните десет години и колку вредат денес кога ќе се земе предвид инфлацијата. Според објавениот „евро модел“, минималната […]

Бугарскиот европратеник Ковачев бара партијата на Вучиќ да биде исклучена од ЕПП


  Притисокот врз Европската народна партија (ЕПП) појасно да се одвои од Српската напредна партија (СНС) е зголемен и во рамките на таа групација и однадвор, пишува белградскиот весник „Данас“. Но соговорниците на „Данас“ тие не очекуваат дека во периодот пред изборите во Србија ќе се донесе појасна одлука, без оглед на фактот дека ЕПП […]

Јосипа Плеслиќ (екс Римац) призна вина и се спогоди со УСКОК


Јосипа Плеслиќ (поранешен Римац) одлучи да се изјасни за виновна и да се спогоди со УСКОК во првиот од трите случаи покренати против неа Ова го објави заменик-директорката на УСКОК, а се очекува пресудата да биде објавена, пишува Индекс. Ова е случај познат како Спорт и музика, во кој Плеслиќ е обвинета за низа измами […]

Колкави се највисоките пензии во Црна Гора: Со максимален коефициент и 40 години стаж, 1.929 евра, но износот може да биде поголем


Пензијата на осигурено лице со максимален личен коефициент од четири и 40 години пензиски стаж во јули оваа година би изнесувала 1.929,32 евра, но тоа не е максималниот можен износ на пензија во Црна Гора, пишува порталот Банкар.ме. Имено, законот не го ограничува времетраењето на пензискиот стаж што е вклучен во пресметката, па затоа пензијата […]

Земјотреси во Грција


Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција во текот на утрото, при што двата потреса имале магнитуда над 4 степени според Рихтеровата скала. Првиот и посилен земјотрес се случил околу 6:40 часот, со магнитуда од 4,3 степени. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 25 километри од островот Скијатос, на длабочина […]

Лајен ќе ги прескокне Србија и БиХ за време на балканската турнеја


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ги прескокне Србија и Босна и Херцеговина за време на нејзината балканска турнеја, објави во петок, Европската комисија. „За време на турнејата, претседателката фон дер Лајен ќе ги посети Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје. Таму ќе се сретне со претседатели и премиери, како и ќе посети […]

Мицотакис очекува тешка зима


За жал, како резултат и на руско-украинската војна, но и на воените операции на Блискиот Исток, беа погодени голем број рафинерии, по што цените на нафтените деривати, особено на дизелот, се зголемија уште повеќе во однос на цената на суровината. Ова, секако, создава големи нарушувања на пазарот, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на […]

„Амазон веб сервисис“ ќе го закупи мега дата-центарот што ќе се гради кај Кожани во Грција


Меморандум за разбирање со кој се утврдуваат рамката и главните услови за развој на објект за дата-центар во областа Агиос Димитриос во близина на Кожани во северозападна Грција, што во почетната фаза ќе располага со 300 мегавати влезна електрична моќност, потпишаа грчката национална компанија за електрична енергија (ДЕИ) и  „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services […]

Измислува ли владата на Мицотакис можен напад од Турција?


  Главната грчка опозициска партија, социјалистичката ПАСОК, остро ја критикуваше владата откако еден министер изјави дека Турција би можела да изврши напад доколку на изборите во 2027 година не се формира стабилна влада. Тензиите во Атина се веќе високи пред изборите закажани за напролет 2027 година, а анкетите покажуваат дека владејачката партија Нова демократија на […]

Хјуман рајтс воч: Пресудите за Тачи и други лидери на ОВК се важен чекор кон правдата


Берлин –   Пресудите за воени злосторства против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и тројца други водачи на поранешната ОВК, изречени оваа недела претставуваат важен чекор кон утврдување одговорност за жртвите од конфликтот во Косово од 1998-1999 година, објави меѓународната организација Хјуман рајтс воч. Таа организација за заштита на човековите права истакнува дека Специјализираниот совет на […]

Студентите во Србија го искористија хитот на Северина за кампања, таа веднаш реагираше


Студентите кои учествуваа во блокадата на Факултетот за драмски уметности во Србија објавија ново промотивно видео пред изборите. Тие го искористија еден од најпознатите хитови на Северина за својата кампања, а изборот на песна не беше случаен.     „Бројам до 3“ Нивната „Студентски список – Студентите победуваат“ е трета на изборите, па затоа свиреа […]

Од 1 јануари минималната плата во Црна Гора ќе биде 1.000 евра


  Од јануари, сите плати во Црна Гора во јавниот и приватниот сектор се зголемуваат според новата владина програма „ЕВРО МОДЕЛ“, пишува РТЦГ. РТЦГ наведува дека 1.000 евра ќе биде минималната нето плата на вработените на работни места со основно и пониско образование, 1.250 евра – за вработените на работни места со средно образование, 1.400 […]

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – се воведува сидрена цена


Загреб –    Од 1 октомври, во Хрватска ќе се применува нов референтен датум за таканаречената „сидрена цена“ – 10 септември 2026 година, а трговците и давателите на услуги ќе мора да ја наведат, заедно со тековната цена, и редовната цена што била во сила на тој датум, јавија хрватските медиуми. „Сидрена цена“ е референтна редовна […]

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата


 На денешните антивладини протести во Тирана приведени се 11 луѓе откако демонстрантите се судрија со полицијата на повеќе места во градот. Протест почна пред албанскиот парламент, а демонстрантите се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон, а потоа се прошири и на булеварите, кога насобраниот народ се обиде да го пробие полицискиот кордон и да стигне […]

Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога во вредност од 33 милиони евра


 Властите на Босна и Херцеговина денеска објави дека во близина на Сараево се откриени и запленети рекордни 1,1 тони синтетичка дрога катинон, чија вредност на наркопазарот се проценува на 33 милиони евра. За време на дводневната акција приведено е едно лице, а запленети се и други доказни материјали, огнено оружје, мобилни телефони и документација. Запленетиот […]