Милорад Додик ја смени плочата: Се колнеше во Вучиќ, сега ги поддржува студентите


  Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој за време на предизборната кампања во Србија отворено го поддржуваше Александар Вучиќ и остро ја критикуваше Студентската листа, сега вели дека соработката со демократски избраните претставници на властите во Белград е приоритет на Република Српска. Неговите изјави доаѓаат само неколку дена откако Студентската листа победи на вонредните […]

Грчкиот неофашизам е во подем – „Златна зора“ најавува политички „земјотрес“


 Главните грчки политички партии во Грција повеќе не можат да го игнорираат подемот на неофашистите и да се прават изненадени на денот на изборите, изјави за Rapporteur експерт за јавно мислење и политички аналитичар. Во пресрет на изборите во Грција, кои ќе се одржат на почетокот на следната година, се очекува враќањето на поранешниот истакнат […]

Бугарија: Бојко Борисов повика да се гласа за Андреј Ѓуров


  Поранешните бугарски премиери Бојко Борисов, Иван Костов и Николај Денков, потоа поранешниот претседател Росен Плевнелиев, градоначалникот на на Софија Васил Терзиев, бивши министри, високи воени офицери во пензија, дипломати и јавни личности, ги повикаа гласачите да го дадат својот глас за Андреј Ѓуров во вториот круг од претседателските избори оваа недела. Тие објавија заедничка […]

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава


Турција продолжува да ги зацврстува своите позиции на светската туристичка мапа, бележејќи извонредни резултати од туризмот и оваа година. Според последните објавени податоци, во првите девет месеци од 2026 година, приходите од туризмот во земјата достигнаа 51,3 милијарди американски долари, што е зголемување од 2,4% во споредба со истиот период минатата година и највисоко ниво […]

Случај што го потресе регионот: Започнува судењето за убиството на малата Данка, телото сè уште не е пронајдено


Во петок во Вишиот суд во Неготин ќе се одржи прелиминарно рочиште во случајот против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгиевиќ, вработени во комуналното претпријатие „Водовод“, обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поље во близина на Бор. Телото на девојчето, кое исчезна во март 2024 година, до ден денес не е пронајдено, објави […]

Брнабиќ до студентите: Победивте, формирајте влада за да не владеат насилниците!


Вршителката на должноста претседател на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска повика на мир, а оние кои победиле на изборите ги повика да преземат одговорност и што поскоро да ги формираат органите на власта, како и да не дозволат понатамошно непочитување и понижување на Уставот и законите на земјата. „Она на што сведочевме во последните неколку […]

Студентите во Србија најавуваат специјален суд за високата корупција


По изборната победа во Србија, студентското движење најави сериозни промени во државните институции, барајќи оставки од повеќе високи функционери и најавувајќи формирање специјален суд за утврдување одговорност на носителите на највисоките функции. На прес-конференција во Пионерскиот парк во Белград, претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“, која освои повеќе од 52 отсто од гласовите, порачаа дека […]

Новиот колегиум на РТС им се извини на гледачите, Студентите порачаа: Не прифаќаме извинување. Прифаќаме само оставки


Новиот уреднички колегиум на информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва им се извини на гледачите во Србија, оценувајќи го тоа како „прва мерка за оздравување“. „Прво извинување за сите што беа изоставени во претходниот период. Пред нас е работа на програмските содржини, а сè во јавен интерес. Сакаме да ја вратиме вашата доверба“, порача […]

Телевизискиот тајкун на Вучиќ, газдата на Пинк, најави дека ќе отпушти илјада луѓе


  Жељко Митровиќ, сопственикот на „Пинк медиа групацијата“, најави дека ќе отпушти околу илјада вработени во своите компании. Оваа одлука доаѓа по губењето на работните места за 150 луѓе во театарот „Одеон“ – вест што Митровиќ ја сподели на социјалните мрежи, пренесува „Нова.рс“. „Еден од најтешките денови во мојот живот, исполнет со емоции, љубов, топлина […]

Радев предизвика гнев во Романија. Го нарекоа „загубен путинист“


  Бугарскиот премиер Румен Радев предизвика силно негодување во Букурешт, откако ја обвини Романија дека поттикнува дополнителни напади врз трговски бродови во Црното Море, со тоа што ја посочува Русија како агресор. „Многумина мислат дека ако се посочи агресорот, нападите ќе престанат и дека тоа ќе ги заштити нашите територијални води од можни удари. Романското […]

ЕУ се кладеше на Вучиќ и изгуби, пишува „Политико“


  Убедливата победа на Студентската листа на парламентарните избори во Србија го означи крајот на долгогодишната политичка доминација на Александар Вучиќ, но во исто време отвори непријатни прашања за Европската унија. Повеќе од една деценија, Брисел го третираше Вучиќ како незаменлив партнер, честопати игнорирајќи ги предупредувањата за колапсот на демократијата и владеењето на правото. Сега […]

(Видео) Карпа падна врз луѓе во Кападокија – двајца загинаа


Според локалните власти, несреќата се случи по обилните дождови што го зафатиле подрачјето. Гувернерот на покраината изјави дека одронот се случил околу 15:15 часот по локално време, во близина на музејот на отворено во местото Гореме. Делови од една од карпестите формации познати како „самовилски оџаци“ се откорнале и паднале врз луѓето кои се наоѓале […]

Четворица Италијанци загинаа при пад на хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко (Видео)


Во градот Горице во близина на Брчко, се случи несреќа во која се урна воен хеликоптер. Станува збор за авион на ЕУФОР. Како што можете да видите на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а три лица загинале. ЕУФОР потврди дека дошло до несреќа во која учествувал нивниот авион. „ЕУФОР може да потврди дека денес за […]

Во Хрватска ќе се гради голем дата центар, ќе троши струја колку третина од сегашната потрошувачка


Во ноември треба да се потпише договор за поврзување на идниот центар за податоци Пантеон (Pantheon AI) во Топуско со хрватската електрична мрежа. Планирано е проектот да има капацитет од еден гигават (1.000 мегавати), што одговара на приближно една третина од моменталното оптоварување на хрватскиот преносен систем, јавија медиумите во Хрватска. Потпишувањето на договорот го […]

Во министерствата во Србија масовно се уништуваат документи. Главната обвинителка нареди истрага


  Деновиве социјалните мрежи во Србија се преплавени со видеа, фотографии и тврдења дека документите се уништуваат во голем обем во државните институции, компаниите и министерствата. Може да се видат тврдења дека вреќи со исечкани документи се изнесуваат од Министерството за финансии, МГСИ, Фондот за пензиско и други институции. На оваа тема се осврна и […]

Една поинаква Турција: Егејот сервиран со историја, маслинови градини и тивките заливи (репортажа)


Постојат патувања што се мерат во километри, посетени знаменитости и фотографии од плажа. А постојат и такви што се паметат по мирисот на свежо маслиново масло, по камените куќи што ја чуваат меморијата на минатите векови и по погледот кон морето од античките ѕидини. Северниот Егеј на Турција припаѓа на втората категорија. На потегот што […]

Албанската опозиција ја прекина парламентарната седница по неколку недели улични протести


Пратениците на опозицијата во Албанија ја прекинаа денешната парламентарна седница палејќи димни бомби по неколкунеделните насилни антивладини протести свикани од студентите, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама. Членовите на опозициската Демократска партија на Албанија исто така го блокираа пристапот до подиумот додека се гласаше за законот за централната банка. – Овие (пратениците од владејачката […]

Албанија воведе казни од 6.000 долари за луѓето што протестираат


  Албанија воведе казни од над 6.000 долари за демонстрантите кои учествуваат во протест што станува насилен, дури и ако тие лично не извршуваат насилни дела, додека владата се обидува да ги задуши собирите со кои се бара оставка од премиерот. Главниот град, Тирана, е погоден од месеци антивладини протести кои во последните денови се […]

Промени веднаш: Студентската листа изнесе барања за смени во БИА, полицијата, РЕМ…


  Претставниците на Студентската листа – Студентите победуваат на прес-конференцијата одржана во Пионирскиот парк во Белград (каде до изборната ноќ беше злогласниот Ќациленд) изјавија дека промените почнуваат веднаш и ги презентираа своите барања. „Ги повикуваме вработените во државните институции, медиумите и компаниите да пријават какво било уништување на документација“, рекоа претставниците на листата. Тие ги […]

Премиерот Пленковиќ ја објави новата минимална плата во Хрватска – 1.130 евра бруто


  Минималната бруто плата во Хрватска ќе изнесува 1.130 евра од 1 јануари 2027 година, објави премиерот Андреј Пленковиќ на денешната владина седница. Тоа е за 80 евра повеќе од оваа година, кога минималната плата е 1.050 евра бруто. „Денес, бруто минималната плата е 1.050 евра. По консултациите, одлучивме дека сега ќе изнесува 1.130 евра, […]