Мета апелира на максимална одговорност од сите политички актери


Додека во албанскиот Парламент се одвива дебата околу барањето за разрешување на шефот на државата, а лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека земјата е на „праг на државен удар“, претседателот Илир Мета преку Фејсбук, упати апел до сите политчки актери да покажат одговорност. – Албанија има потреба од максимална рефлексија на одговорност […]

Баша смета дека земјата е во вонредна состојба


Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кусо по обраќањето на премиерот Еди Рама во албанскиот Парламент, оцени дека „земјата е во вонредна состојба“ и обвини дека веќе е „потврдено дека Рама на власт дошол со украдени гласови“. – Албанија е во вонредна состојба, таа оди кон државен удар, со Еди Рама на власт. Повеќе […]

Вучиќ: Ако нема состанок во Париз состојбата ќе биде уште потешка


Со наближувањето на најавениот состанок за Косово во Париз на 1 јули, на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, српките власти, покрај секојдневните изјави за тоа дали овој состанок ќе се одржи или не, ја интензивираа и дипломатската активност. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека „ во случајот да […]

Албанскиот Парламент ја почна седницата за импичмент на претседателот Мета


Албанскиот Парламент денеска ја почна пленарната седница на која на дневен ред е барањето за импичмент на претседателот на Албанија, Илир Мета. Образложувајќи го барањето, координаторот на пратеничката група на владејачките социјалисти Таулант Бала, истакна дека одлуката на претседателот Мета за одложување на локалните избори претставува „акт без преседан“, додавајќи дека ова е прва седница […]

Кларк: Путин само чека шанса да започне војна на Балканот


Пензионираниот американски генерал Весли Кларк тврди дека постои ризик за нова војна на Балканот и дека рускиот претседател Владимир Путин само чека шанса за вакво нешто. „Балканот е еден од регионите што рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризни области“, изјави Кларк за косовската телевизија РТК. Како што рече, тоа е криза […]

Најдени останките на седмата жртва од серискиот убиец на Кипар


Кипар- По двомесечна потрага најдени се останките на седмата жртва на серискиот убиец од Кипар, кој го призна делото.Телотот во распаѓање е најдено во езеро, а тоа е најмладата жртва на убиецот. Се смета дека се работи за 6-годишната Сиера Грејс, а со нејзиното пронаоѓање се приведува кон крај потрагата по жртвите на армискиот капетан […]

Весли Кларк: Путин би можел да предизвика војна на Балканот


Косово – Пензионираниот американски генерал Весли Кларк смета дека на Балканот постои ризик од нова војна, што би можел да ја предизвика рускиот претседател Владимир Путин. – Балканот е еден од регионите, кои рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризно подрачје, изјави Кларк за Радио телевизија Косово (РТК). Според него, постојат „кризи што […]

Ѓонај: Постапката за отповикување на Мета е последица на неговото делување


Албанската министерка за правда, Етилда Ѓонај, гостувајќи на тиранската телевизја Њуз 24, зборуваше за барањето за импичмент на претседателот Илир Мета, што е на дневен ред на утрешната седница на Парламентот, на која треба да се изгласа и резолуција за негово разрешување. Таа рече дека до тоа дошло како последица на делувањето на шефот на […]

Клинтон од Приштина: Потребна беше храброст да го одложите оружјето и да облечете костуми и да ставите кравати


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се обрати денеска до претставниците на косовските власти и косовскиот народ кој го пречека во центарот на Приштина. Клинтон при обраќањето во главниот град на Косово, каде беа присутни и претставниците на косовските власти, им нагласи дека била потребна храброст да го „одложат оружјето, да облечат костуми и да стават […]

Харадинај: Вучиќ да го признае Косово во постоечките граници


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Косово е подготвено да се помири со Србија, „и покрај тоа што таа држава пред две децении изврши геноцид“ врз косовските Албанци. Харадинај на церемонијата по повод 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово рече дека „мирот го творат храбрите“, па затоа Косово има храброст да се […]

Српската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието и со протестите


Опозициските пратениците во Собранието на Србија, потписници на Договорот со народот од протестите „1 од 5 милиони“, денеска најавија дека ќе продолжат со бојкот на Парламентот и со протестите се додека не добијат гаранции дека ќе се нормализира собраниската работа, не се „ослободат медиумите“ и не се спроведат фер избори. Пратеникот и лидерот на партијата […]

(ВИДЕО) Крај јадранскиот брег забележани две ајкули


Откако пред неколку дена во водите на Јадранското Море кај хрватскиот град Макарска беше видена мала ајкула, забележана е уште една, но сега во Корчуланскиот Канал. – И во овој случај се работи за ајкула од истиот вид, која не е опасна по животот на луѓето и се храни со ситни риби, лигњи, а понекогаш […]

Тачи: 12 јуни е роденденот на слободата на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи на централната манифестација по повод 20-годишнината од влегувањето на трупите на НАТО во Косово, изјави дека 12 јуни е „роденденот на слободата на Косово“. – 12 јуни е во темелите на нашиот идентитет како граѓани, како народ, како Косово, како нераздвоен дел на Европа и Западот, рече Тачи на церемонијата на […]

Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки


Бугарија – Бугарија забранува подготовка на пржена храна, колачи и слатки во детските градинки, детски кампови и детски установи. Забраната е предвидена со измена на Уредбата за здрава исхрана на деца на возраст од 3 до 7 години. Предвидено е децата да внесуваат најмалку три вида свежо овошје и зеленчук неделно, традиционален бугарски ајран без […]

Мета почнува консултации со партиите за надминување на политичката криза


Албанскиот претседател Илир Мета доцна попладнево ќе ги почне консултациите со политичките партии, во функција на надминување на политичката криза во земјата. Според најавите се очекува на средбите да се разговара и за одредување на новиот датум за одржување на локалните избори, кои Мета најпрво ги закажа за 30 јуни, но како што образложи со […]

Хоџај: Договор меѓу Приштина и Белград е можен до следната пролет


Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави дека е можно до пролет следната година да биде постигнат договор меѓу Косово и Србија. – Врз основа на состаноците што ги имав во изминатите неколку недели, за кои не сакам да одам во детали, очекувам дијалогот меѓу Косово и Србија да биде завршен до крајот на 2019 или март […]

Српската царина во чудо: Македонец сокрил во гепек живи фазани и пауни


Српската царина извести за необичен обид за шверц, во кој главна улога имал македонски државјанин. Нашинецот вчера преку преминот „Прохор Пчињски“, на излез од Србија сокрил 40 птици и се обидел да ги внесе во Македонија. Патките, гулабите, пауните и фазаните биле сопрени во гепекот од автомобилот „пежо“. Откако бил фатен, македонскиот државјанин рекол дека […]

Формално распуштен грчкиот парламент


Декрет на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, со кој се распушта парламентот објавен е вчера во грчкиот законодавен дом. Со тоа формално се отвора предизборната кампања која ќе заврши на 7 јули кога ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори, пренесе АНА-МПА. Грчкиот претседател го прифати барањето на премиерот Алексис Ципрас за распишување предвремени парламентарни избори, […]

Рама: ЕУ треба да делува геостратешки и врз основа на заслуга за преговорите


Албанскиот премиер Еди Рама, од Брисел, порача дека одлуката на ЕУ за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија треба да биде геостратешка и заснована на заслуги, јави дописничката на МИА од Брисел. На новинарско прашање дали би било прифатливо за него Северна Македонија и Албанија да се одвојат во процесот на преговорите, Рама […]

Мета: Подготвен сум да заминам сам, доколку тоа е решение за кризата


Моето денешно обраќање е посветено за оние кои погрешно го читаат Уставот. Не можам да разберам зошто сакаат да ме разрешат. Доколку е тоа излез од кризата јас и претходно сум изјавил дека сум подготвен сам да се повлечам. Вака албанскиот претседател Илир Мета го почна попладневното обраќање, нагласувајќи дека одлуката да ги одложи локалните […]