Кларк: Путин само чека шанса да започне војна на Балканот

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк тврди дека постои ризик за нова војна на Балканот и дека рускиот претседател Владимир Путин само чека шанса за вакво нешто.

„Балканот е еден од регионите што рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризни области“, изјави Кларк за косовската телевизија РТК.

Како што рече, тоа е криза што чека еден миг, и кога и да му треба, тој ќе го започне.

„Можеби тука (во Косово), можеби во Украина, можеби во балтичките земји“, рече Кларк.