Најдени останките на седмата жртва од серискиот убиец на Кипар


Кипар- По двомесечна потрага најдени се останките на седмата жртва на серискиот убиец од Кипар, кој го призна делото.Телотот во распаѓање е најдено во езеро, а тоа е најмладата жртва на убиецот.

Се смета дека се работи за 6-годишната Сиера Грејс, а со нејзиното пронаоѓање се приведува кон крај потрагата по жртвите на армискиот капетан кој призна дека убил седум странски жени и девојчиња.
Според шефот на пожарникарите телото на девојчето е пронајдено на длабочина од шест метри во езерото, завиткано во чаршав и со јаже врзано за цементен блок.

Нуркачите го пронашле телото откако 35-годишниот осомничен им го покажал местото на кое го фрлил. Според полицијата нема наводи за евентуални други жртви на убиецот.

Армискиот офицер, кого полицијата сѐ уште официјално не го идентификувала, бил во контакт со неколку од неговите жртви на интернет-форуми, па полицијата ги истражува неговите разговори.

Тој е првиот сериски убиец на островот Кипар.

До истрага за овој случај дојде кога случајно беше откриено телото на мајката на Сиера Грејс, 39-годишната Мери Роуз Тибурцио, во поплавен рудник. Тоа доведе до осомничениот преку неговата комуникациа со Филипинка на интернет, со која бил во шестмесечна врска.

Телото на Ариен Лозани, 28, исто од Филипините, најдено е на истото место шест дена подоцна.

Убиствата се случувале во период од 2,5 години почнувајќи од септември 2016 година, најпрво со убиството на 36-годишната Романка, Ливија Бунеа и нејзината ќерка 8-годишната Елена Наталиа. Нивните тела биле најдени во куфери на дното на токсично езеро. Уште едно тело, на Ахита Биста од Непал, најдено е на стрелиште.