Мицотакис: Ако ескалираат турските активност, Грција и Кипар да побараат санкции од ЕУ за Турција


Турција го презира меѓународното право и систематски ги крши суверените права на Кипар, ако ексалираат постапките, Грција и Кипар да побараат санкции од ЕУ, вели лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за последните активности на Турција во ексклузивната економска зона на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. -Турција со месеци покажува апсолутен презир кон […]

Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја покажана со Договорот од Преспа


Немаме право да бараме спроведување на радикални реформи, почитување на европското законодавство, а потоа да се повлекуваме без причина, бидејќи тоа може да има значајни последици и за регионот и за Европа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за весникот „Авги“. Тој додава дека ЕУ треба да ги почитува и […]

Ципрас: Санкции од ЕУ за Турција доколку истражувала природен гас во кипарската ексклузивна економска зона


Ако се потврди дека Турција направила дупчења за природен гас во кипарската ексклузивна економска зона, тогаш ЕУ да усвои санкции, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по вчерашниот вонреден состанок на владиниот совет за надворешни работи и одбрана за случувањата во југоисточниот Медитеран и активностите на Турција во кипарската ексклузивна економска зона, јави дописничката на МИА […]

Официјално почна постапката за импичмент на претседателот Мета


Со доставување на барањето во Парламентот албанските владејачки социјалисти и официјално ја почнаа постапката за разрешување на претседателот Илир Мета. Барањето е потпишано од 55 пратеници, меѓу нив и од новата парламентарна опозиција. Координаторот на пратеничката група, Таулант Бала, по доставување на барањето рече дека шефот на државата направил неколку повреди на Уставот, со кои […]

Ниш: Падна гумена играчница и „затрупа“ деца


Група деца вчера биле кратко затрупани под голема гумена играчница во паркот „Чаир“ во Ниш, откако откажала пумпата за надувување со воздух. Мајка на едно четиригодишно момче изјави дека децата имале голема среќа што никој не е повреден во инцидентот, но сите биле сериозно преплашени. – Играчницата на надувување во еден момент се урна преку […]

Јадранско море полно со отпад


Застапеноста на пластичниот отпад на дното на Јадранското  море е речиси најголема во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското море. Отпадот на Јадранот доаѓа од околу четири милиони луѓе кои живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шест пати во текот на туристичката сезона, наведува меѓународен тим експерти во студија објавена […]

Рама на предизборен митинг прочита порака од Заев


Албанскиот премиер Еди Рама денеска на предизборниот митинг во градот Пустец прочита порака од премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, во која се наведува дека албанскиот и македонскиот народ се многу блиски пријатели. Албанската агенција АТА наведува дека Рама со читање на пораката од Заев го започнал митингот. Заев истакнува дека Северна Македонија и Албанија […]

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград: Во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно


Во Белград синоќа се одржаа 28-от по ред граѓански протести „1 од 5 милиони“ против власта на српскиот претседател Александар Вучиќ, од кој беше порачано дека „во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно, а единствениот начин граѓаните да се борат против тоа е солидарноста“. Протестот на повеќе илјади граѓани започна пред Теразиската […]

Гори на Халдики, не се гледа патот од Солун кон Неа Мудања


Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми. Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од […]

Новата словачка претседателка стапи на должност


Првата жена претседател на Словачка, Зузана Чапутова денеска положи свечена заклетва, со што официјално ја презеде претседателската функција. Чапутова, кој е петти шеф на државата од прогласувањето на независноста на Словачка во 1993 година, заклетвата ја положи на посебна седница на Парламентот во Братислава. Четириесет и петгодишната Чапутова, која во политиката активно се вклучи во […]

Хашим Тачи: Добра координација меѓу САД и ЕУ е клуч за договор со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи во Тирана изјави дека клучот за постигнување договор со реципрочно признавање меѓу Приштина и Белград го гледа во добра координација меѓу САД и ЕУ. Тој, исто така, ја поздрави француско-германската иницијатива за изноѓање решение за косовско-српскиот проблем. – Дијалогот треба да се одвива безусловно, треба да се одвива на рамноправна основа […]

Растат тензиите во Албанија, можно е Мета да го распушти Парламентот


Наместо во насока на смирување, однесувањето на албанските лидери води кон зголемување на политичките тензии во земјата. Опозициската Социјалистичка партија достави барање потпишано од 55 пратеници за разрешување на претседателот Илир Мета, кој пак постои можност да го распушти Парламентот. Премиерот Еди Рама продолжува со изборни актвности, а обединетата опозиција најави секојдневни протести низ целата […]

Загрозена сезоната на Јадранско Море – нема кој да работи


Летната туристичка сезона на јадранското приморје е загрозена затоа што нема кој да работи во угостителските и хотелиерските објекти. За тоа е виновна владата која не обезбедила доволно квоти за вработување странци во туризмот. Хрватската задруга за туризам и Хрватската задруга на работодавачи испратиле барање за итно зголемување на квотите во туризмот до Министерството за […]

(Видео) Нападнато возилото на Еди Рама


Група луѓе се обиде да го блокира националниот пат Елбасан – Либражд во Албанија, при што било нападнато и возилото на албанскиот премиер Еди Рама. Демонстрантите рлале со тврди предмети и со пиротехнички средства, пренесува Телеграфи. Полицијата во Албанија денеска соопшти дека се приведени седум лица поради нелегалниот протест.

Србија и Црна Гора спротивставени околу законот за слобода на вероисповед


Најавата за усвојување на новиот Закон за слобода на вероисповед во Црна Гора, кој се однесува и за имотот и положбата на СПЦ во оваа земја, во Србија предизвика серија на „вербални коментари“ и „молби“ од српскиот државен врв. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја коментираше реакцијата на официјална Подгорица на неговата „молба“, тамошните власти […]

ОБСЕ бара надминување на кризата во Албанија преку дијалог без предуслови


Холандија- Претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Џорџ Церетли изјави дека политичката криза во Албанија мора да се надмине со дијалог без предуслови со кој ќе бидат опфатени сите страни и побара од албанските политичари да покажат чувство за колективна одговорност. – И покрај претходните препораки на ОБСЕ, […]

Словенија повеќе не ја смета Турција за безбедна земја


Словенечката Влада денеска усвои декрет за ажурирање на листата на безбедни земји, со што се додадени уште тро држави, а отстранета е Турција. Претходната листа на безбедни земји е составена во 2016 година, а нејзиното постоење значи дека Словенија веќе нема да ги враќа мигрантите или да ги екстрадира осомничените во држави кои не се […]

Наместо најавеното обраќање на Мета, прес-конференција на неговиот правен советник


Иако беше најавено обраќање на албанскиот претседател Илир Мета во 17 часот во неговата резиденција, во тој термин прес-конференција одржаа советникот за правни прашања Бесник Дервишај и шефот на кабинет Теди Блуши. Дервишај истакна дека дебатата која денеска се водеше во Парламентот преполна со обвинувања и навреди не е во прилог на решавање на кризата […]

Албанскиот Парламент ја изгласа Резолуцијата што е прв чекор за смена на претседателот Мета


Албанскиот Парламент ја изгласа Резолуцијата предложена од пратениците од владејачкото мнозинство против одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите, што претставува прв чекор кон негово разрешување. Од присутните пратеници во собраниската сала „за“ резолуцијата се изјаснија 100 пратеници, 7 беа против, двајца воздржани и еден пратеник не гласаше. Бројот на гласови што ја […]

Српски државјанин сокрил во чорап 25.000 евра


Цариници на граничниот премин Ватин спречиле возач на камион да изнесе од државата 25.000 непријавени евра во чорап, кој го носел на себе, соопшти Царинската управа на Србија. Прекршокот бил сторен вчера, околу 21 часот, кога на контролниот пункт пристигнал камион со регистрација на Нови Пазар, зад чиј волан се наоѓал 61-годишен српски државјанин од […]